Покроце малу.Јас не сум го гласал сигурно, не си проектирајте предвреме.Ниту па тој пред него ми беше омилен, така да...срање!
Сигурен си?
Пошто има многу членови тука, впрочем како и во животот надвор од форумот кај многу ликови, кои пројавуваат одбивност кога ќе му кажеш абе види друже инсистираше БАШ овој да дојде. Со кој памет?
Револуционери знаеш, од шарениот тип.
Не ти зборам дека изборот беше сјајен бидејќи беше (и се' уште е) змија да те апне или магаре да ти го бапне.
Но, срањето сами си го креираме. Секогаш.
Еве сега на локалните ќе има еден куп кои ќе излезат и ќе гласаат за сдсм (за да ги остави на работа) или за вмро (за да ги вработи во иднина) и глупаците наместо да одлучат за себе директно одлучуваат против себе и секоја шанса за да пркне нешто од точка нула во оваа вукојебина (барем економски).
Ако сакаш и дополнително, кадрово двете најголеми партии се во тотален хаос. Со тоа, дури и при промена на изборен модел (се надевам не и со кревање на прагот - Павле не го пуштија напразно да лае по телевизии, во позадина баш тоа им е намерата) нема да добиеме нешто кој знае колку квалитет заради тоа што во партиите имаш недемократно избирањена кандидати на кое предничат неспособните и кодошите.
Така да, кога ќе ти дојде некоја листа од која треба сам како гласач да одбереш човек кој „нема“ да ти е наметнат од партијата всушност ти го бираш помалото зло бидејќи голем дел од нив ќе бидат оние од веќе понудената тиња.
Додека се исфилтрира тој процес за демократизација на партиите мислам дека МКД како држава нема да постои (де факто или де јуре, сосема небитно).
Решение?
Решението се пропушти 2016-2017, а според тоа како се одвиваат работите ќе се пропушти и сега.
Зошто тогаш? Затоа што покрај добиените избори Груевски не успеа да состави влада. Не успеа затоа што претходно не сакаше да промени име. Не промени име затоа што на лажен патриотизам го силеше народот додека во позадина државата се пљачкаше и пустошеше од неговите и секако (овој дел никако не можам да го простам) од албанците.
На крај, успеа после кратковидоста во глобалното село да се прави паметен и неиграјќи до крај со својот блеф да биди сменет од Калето.
Наместо тоа не требаше да блефира туку да оди до крај на Кинеска/Турска/Руска карта (иако длабоко загриза тука но сепак не остана доследен) и во принцип да опонира на Калето.
Вака, русите го пуштија по вода, остана со турнати гаќи пред чичко сем, а кратковидоста му даде лажна слика дека тука (освен со длабок рез) може на поинаков начин да се ослободи и да опонира на американско влијание. Не другар, не можеш. Си игра англија и франција како сака со балканот курташак, уса само им е продолжена рака за истото и нема да ти дозволат да ги заебаваш. Затоа и го испратија во неповрат. Политички мртов за навек, нека е среќен што е жив.
А да беше барем малку паметен и помалку него нормално лаком ќе владееше уште 20 години. Се' што требаше после пресудата од Хаг во која се налага дека привремената референца во спорот со Грција не е пречка за евро-атлански интеграции до крај да одигра на таа карта (тука се виде неговата кусогледост и алчност) и да прифати политичко осакатување заради промена на името но на крај Црвенковски ќе беше тој што ќе потпишеше, а Груевски со брз воз ќе го мотнеа во ЕУ преговори и во НАТО сојуз.
Заев? Најверојатно ќе садеше краставици и ќе правеше ајвар. Посекако само за толку го бидува, селски итроман.
Ќе изгубевме далеку помалку, прашањето со Бугарија немаше да постои, веќе ќе бевме во некоја фаза од отворање на поглавјата и работа на корупцијата во државата (нешто што не и дава да оди напред со години).
Наместо тоа, човекот се полакоми по власт и пари, башка комплексот кој го носеше и остана трн во око на западот. Останатото е историја.
Жал ми е за шарените куртони кои уште неупотребени ги пуштија по вода, па сега вака на форуми и лично во 4 очи глумат патриотизам, изненаденост и општа апатија - а сопствената мајка би ја продале да беа дел од власта и да завземеа повеќе од колачот.
Останатото е само она албанското, не знам ја не сум одавде. Не сум бил овдека, ништо не сум чул. ЈА? Не, ја у подрум бев.
И така, IQ33 на власт, ние во подрум. Топтан со шарените сончогледи без сопстено јас. Револуционерите кои со пенкало турнаа режим (а богами и своите гаќи).