ЛЕДИКОМ - Мислења

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
Па операторите т.е нивните овластени сервиси додаваат Македонски.
Очигледно не си ме разбрал, на CSC продукт кодовите мислев, за кој пазар/држава е наменет телефонот. Не за јазикот на UI-то на телефонот.
 
Член од
25 јуни 2007
Мислења
2.307
Поени од реакции
1.134
Дечки како со лаптопи и таблети, така и со мобилни. Можеби на некој му се погодил телефонот од Ледиком а на некој не, ама факт е дека таа разлика на цена се должи на тоа од каде е набавен телефонот или која класа во контрола на квалитет е исиот телефон/ Ледиком претпоставувам дека продава и репарирани телефони, т.е телефони кои некој ги купил имале некаков дефект за кратко време, на корисникот кој ги купил му биле заменети со нов телефон, а овој дефектниот бил вратен назад во овастен сервис на Самсунг и поправен и вратен како во маркет како нов. Сепак се должни да информираат дека е репариран, а за фолија на него да има повторно е најмал проблем.
Еве мене конкретно во салон сами ми кажаа овој таблет ти е репариран вратен од продажба во фабрика (или сервис офицјален) и по поправки вратен во продажба.

А знам од луѓе што имаат купено од Ледиком дека на ресет се појавувало арапско мени за разлика од пример истиот модел од Телеком. Нормално ова не важи за сите телефони и нормално не значи дека квалитетот им е различен. Може да значи но не е мора. Поентата ми беше дека сигурно не ги земаат телефоните од исто место.
 
Член од
5 август 2015
Мислења
30
Поени од реакции
3
Инаку јас што ја отворив темава купив телефон од Ледиком... Samsung Galaxy E7 пред неколку месеци и можам да кажам дека досега сум задоволен и немал никакви проблеми телефонот.

Единствена работа што ме зачуди е што кога првпат го уклучив менито беше на кинески, а имам слушнато и од други што купиле од Ледиком дека менито им било на руски или друг јазик што не е англиски (нормално ти на почеток одма сам одбираш англиски или македонски). Проверив на сите страни на интернет дали е оригинал и според сите страни оригинал е. Неможам да навлагам од кај ги земаат ама мислам дека се оригинални телефони што биле наменети за други пазари а по некоја линија дошле во Македонија, сеа што како натака незнам.

Инаку во користењето нема покажано никакви знаци на слабост, никакво сецкање или сл., супер е брз, добра камера и сите карактеристики се исполнети.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.449
Поени од реакции
1.780
Инаку јас што ја отворив темава купив телефон од Ледиком... Samsung Galaxy E7 пред неколку месеци и можам да кажам дека досега сум задоволен и немал никакви проблеми телефонот.

Единствена работа што ме зачуди е што кога првпат го уклучив менито беше на кинески, а имам слушнато и од други што купиле од Ледиком дека менито им било на руски или друг јазик што не е англиски (нормално ти на почеток одма сам одбираш англиски или македонски). Проверив на сите страни на интернет дали е оригинал и според сите страни оригинал е. Неможам да навлагам од кај ги земаат ама мислам дека се оригинални телефони што биле наменети за други пазари а по некоја линија дошле во Македонија, сеа што како натака незнам.

Инаку во користењето нема покажано никакви знаци на слабост, никакво сецкање или сл., супер е брз, добра камера и сите карактеристики се исполнети.
A дали кутијата од телефонот беше оригинал и дали истата пред тебе ја донесоа неотворена и ти ја отворија за првпат?
 
Член од
5 август 2015
Мислења
30
Поени од реакции
3
A дали кутијата од телефонот беше оригинал и дали истата пред тебе ја донесоа неотворена и ти ја отворија за првпат?
Кутијата на телефонот беше оригинал ама на кинески, исто и прво кога телефонот го уклучив беше на кинески (на некој биле на руски или други јазици), прво малце сомнително ми беше ама мислам дека тоа е зошто се наменети телефоните за други пазари не за Македонија.

Инаку кутијата ја донесоа и ја отворија пред мене за првпат, телефонот целосно завиткан во фолија целосно се ново... инаку имаш опција во телефонот да видиш колку време работел од првото вклучување и нормално се си беше 00:00:00... имаш и исто уникатен код внатре во телефонот што можеш да го пишеш на веб страни да провериш дали е оригинал и на сите страни кај што проверив пишуваше дека е оригинал.

Тоа е тоа, телефоните се оригинали наменети за други пазари што некако (незнам како) дошле во Македонија. Од мое искуство можам да кажам дека веќе го користам 3 месеци и се е перфектно до сега...
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
2.062
Јас би рекол дека телефоните од ледиком се сумљиви.
Имам земено Самсунг С4 и на прво уклучување на мобилниот се во ред но од кога го расчепкав сфатив дека имам неколку апликации на арапски, а едната од нив беше куранот.
Скептик сум некако пак да земам од ледиком телефон.:cautious:
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Ако не ви дадат две години гаранција,посебно за Самсунг(уствари за сите телефони) тури му :kuracc: и на цени и на неколку илјаден попуст,и на попуст на ексклузивни ИН модели и се...
И Т-Мобиле беа тежок криминал до пред некое време,S4ката шо ја зедов на рати во 2013 та од кај нив ми ја дадоа со само 1 година гаранција...:eek:
Ама кој знаел тогаш вакви работи,така е кога не пратам многу,и одам на слепо и не си ги знаам правата...
А години наназад самиот производител Самсунг ,односно нивниот застапник во Македонија си кажуваат дека мобилните телефони на Самсунг одат со две години гаранција,и секоја купопродажба која не го вклучува тој гарантен временски рок е неофицијално купување на Самсунг производ..
Значи,салам не стрижеле години,години наназад,и тоа Телеком ејјјј,фирмата која направи милиони,ако не е и милијарди држејќи монопол на пазарот...
Чиста среќа шо мобилниот имаше добра среќа,и немаше никаков дефект,и го работев речиси две години без никаков проблем,и го продадов одма,се си беше ОК софтверски..
Сега со С6ката ми дадоа две години гаранција,фала богу се поправија...
Иначе мој совет,баталете поевтини цени,ако не ви дадат две години гаранција не се лажете и не купувајте.....
Прво проверете во официјален застапник на Сони,LG итн колку е стандардната гаранција за мобилните,потоа барајте од Ледиком иста таква временска гаранција...
Не дека и со гаранција си заштитен од превари,но сепак за тие 24 месеци си имаш сигурност,па и да го продаваш телефонот побрзо ќе го продадеш со гаранција отколку без....
Иначе,кога сме кај гаранциите и Ледиком,еден другар зеде од кај нив LG G2,и од ништо му се појави некоја точка на десниот горен агол на дисплејот,не беше телефонот удрен или слично,зошто го знам детето како ги чува телефоните,не е некој трапав како мене,и иако беше под гаранција мобилниот не му ја признаа...
Додуша и во било кој оператор и мобиљара ја имаат таа пракса,за физичко-надворешно,визуелно оштетување на дисплеј не признаваат гаранција...
Па оди ти докажувај после...:DОтворете очи пред да фрлите +20 К за мобилен,сепак пари се тоа,не играчка...
 
Член од
30 декември 2009
Мислења
547
Поени од реакции
149
Па операторите т.е нивните овластени сервиси додаваат Македонски.
На било кој телефон/смартфон со МК мени напрај му хард ресет па ќе видиш што ќе стане[DOUBLEPOST=1453752107][/DOUBLEPOST]А дека лејдиком го продава 7-8 класното ѓубре кое не ги поминало спецификациите на производителите е одамна докажано
Не би се сложил со твоите испитувања и докази дека продавват ѓубре.
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
225
Поени од реакции
78
Очигледно никогаш не си имал искуство со македонските овластени сервисери на мобилни телефони па затоа мислиш дека нивната гаранција вреди нешто. Дури и да е ситуацијата обратна, телефоните по мобиларите да се дупло од цената од оператор, пак не би земал телефон со гаранција од овластените "сервисери".
 
Член од
27 мај 2016
Мислења
349
Поени од реакции
133
Dali ima nekoj kupeno LG G4 od Ledikom, i dali ima nekoi zabeleski za telefonot ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom