Мислам дека грешиш. Bull маркетот е во ек, и се очекува да трае многу подолго.
Кој очекува дека ќе трае подолго? Кои се параметрите по кои е направена таа предикција и калкулација? Каде може да провериме графици и анализи кои го поткрепуваат ова?
Секој што ќе ти каже дека е способен да предвиди крипто те ЛАЖЕ! Тие јутјуберите ако навистина се способни толку да предвидат нема да дремат на јутјуб и да снимаат видеа. Последниве месеци почнавме да истражуваме во овој дел со цел да моделираме алгоритми за предикција и автоматско тргување и буквално не е возможно да предвидиш што ќе се дешава, надвор е вон секоја реална математика. Еден мочан твит на Илон или на некоја слична фаца е главниот драјв за валутите да растат и секој можен скандал истите да паднат.
Со зголемување на вакцинацијата и разлабавување на мерките во светот може да оди само надоле, огромни суми на пари без пикнати ради страв и што немаше реални бизниси каде да се инвестираат.
Еве јас ти викам дека очекувам во Септември да не е повеќе од 45 000 усд, бидејќи очекувам мерките во светот да се разлабавуваат и бизнисите повторно да дигаат глава. Дали мојата предикција е точна? Никој не може да ти каже, може да грешам, и со 2 твитови на Илон многу луѓе да се намамат и да инвестираат, или пак да ги стегне некоја од владите и да ги брка за криминал (пример за money laundering), и во помалку од месец да падне под 15к долари за парче.