Една случка што излезе во јавноста неколку години подоцна.
Извесен голем нарко бос од Холандија кој пренесувал кокаин од Албанија за Естонија, организирал меѓународен турнир веројатно кик бокс турнир, кој се одржал во Скопје, некаде 2017, 2018 година, си перел пари преку турнирот, имало странци од цел свет па и од Велика Британија.
Едниот од случката се викал Карен, а другиот Емори Ендру Тате (ТикТокерот), двајцата биле натпреварувачи, фајтери од Британија, една ноќ отишле во клуб, биле со некои две женски од Скопје, некој им пришол и на македонски им се обратил во смисла да не се мангупираат многу, потоа Карен им дофрлил и имало туркање меѓунив таа ноќ и со тоа завршил конфликтот, потоа утрото Емори додека јадел доручек во хотелот, дошле група дечки и го прашале каде е собата кај што седи Карен, овој им рекол дека не знае па треба да му се јави и да го праша, кога му се јавил Емори на Карен, овој одговорил дека бил на прошетка и потоа овие дечкиве го барале по Скопје, веднаш Емори се јавил кај организаторот на турнирот (нарко босот) и замолил да ја решат работата, на што добил потврден одговор, следел разговор меѓу двете страни и потоа нарко босот им дал околу девет илјади евра, на дечките кои го барале Карен, наводно за да не го убијат.
Е сега има муабети дека дечките кои го барале Карен, се од Грчец Дуќанџиќ екипата, но не е сигурна проверена информација, инаку нарко босот од Холандија бил близок со најблискиот човек на Тони Денковски Бели, изгледа тој му е врската со Македонија, наскоро повеќе информации за случајов.
Ова е ТикТок профилот на Емори Ендру Тате на кој тој ја објави случката пред неколку дена, он на видеото вели дека имале конфликт со Руска Мафија, а најверојатно Албанска Мафија е во прашање, ликот се претставува како инфлуенсер, лајф коуч и милионер на социјалните мрежи, се има натпреварувано и во Охрид во 2011 година и бил три или четири пати, светски шампион во кик бокс, веројатно романец по потекло што живеел во Англија и Америка, ова колку што сфатив од информациите на интернет, а на сликава од Инстаграм се гледа и дека е љубител на оружје, имал лежено и во затвор за засега непознати причини, па времето ќе покаже што е ликов навистина.