Кресненско востание - 1878/79 година

Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Што е важна буквата или коцките тоа е надвор од темата.
Востанието било Македонско и Македонците се изјаснувале како Македонци фала многу на прашање.
А сега како подмолно ги убија водачите е тоа е прашањето?????
Како бугарите го уништија ова Македонско востание???????

Причини и подготовки за дигнување на Кресненското востание

Самите настани во Големата источна криза (1875-1881) година, Руско-турската војна, Санстефанскиот мировен договор и Берлинскиот конгрес имале силно влијание во Македонија. Револуционерниот дух кај Македонскиот народ се повеќе раснел особено по востанието во Босна и Херцеговина и ослободувањето на Бугарија од страна на Русија во Руско-турската војна. Најголема причина за оружена борба за ослободување на Македонија предизвикал членот 23 од мировниот договор на Берлинскиот конгрес, кој се однесувал на Македонија и предвидувал нејзина автономија. Главните подготовки за подигнување на востанието биле водени од повеќемина видни Македонци - учители, трговци, свештеници итн. Најангажирани во подготовките биле охридскиот митрополит Натанаил Охридски и познатиот македонски револуицонер учителот Димитар Поп-Георгиев Беровски кој две години претходно бил главен водач на Разловечкото востание, познатиот македонски војвода од тој период Стефо Николов, познатиот македонски револуционер од тоа време поп Коста (Буфски) од с.Буф-Леринско и неколкумина македонски војводи. Голема улога во подготовките и одвивањето на востанието ќе имаат и штотуку формираните т.н. благотворителни комитети „Единство“, кои ги организирале мирните но и вооружените протести и акции против решенијата на Берлинскиот конгрес кои имале главно негативен карактер во однос на Санстефанскиот мировен договор кој во целост бил во корист на Бугарија. Најважни од нив биле Софискиот и Џумајскиот комитет кои всушност играле и раководна улога во востанието. При подготовките за востанието најмногу се сметало на четите кои би се формирале од доброволци - Македонци-ополченици во Бугарија кои по завршувањето на војната останале таму. Меѓутоа искуствата покажале дека за да успее востанието требало да се исползуваат чети од Македонија кои веќе ги крстосувале македонските планини, чети познати на народот, чети кои ќе ги имаат идеалите за слобода на Македонија и чети кои немаат никакво влијание од соседните држави (Бугарија, Србија, Грција).

Први раздвижувања на четите и последните подготовки за дигнување на востанието

Кон крајот на септември 1878 година Софискиот благотворителен комитет во Ќустендил го испратил Луис Војткевич (Полјак) со голема чета од 300 души за да се префрли во Македонија. По краткотрајна вооружена борба, четата била разбиена од турскиот аскер и Луис Војтеквич се вратил назад во Софија по нови инструкции. Истиот месец Адам Калмиков (Козак од Украина) со голема чета доброволци се обидел да влезе во Македонија но и неговиот обид ќе биде неуспешен поради тоа што неговата чета целосно била разбиена од турскиот аскер. Подоцна овие двајца платеници, авантуристи и интриганти ќе бидат наградени од комитетот „Единство“ со раководни функции во востанието, иако тие немале квалитети за тоа. На состанокот одржан на 8 септември во Рилскиот Манастир, свикан од Натанаил на кој присуствувале и Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Дедо Иљо Малешевски (Марков) било решено да се повикаат сите чети кои дејствувале недалеку од демаркационата линија да се приближат до Горна Џумаја. На повикот се одзвале повеќе чети и во Горна Џумаја се одржало советување со војводите за востанието. Токму на ова советување било прифатен предлогот на еден од најсмелите и најспособни војводи Стојан Карастоилов, востанието да започне со нападот на Кресна. Тука било прифатено со нападот да раководи Стојан Карастоилов. Иако во целост подготовките за востанието биле во раководени од македонските војводи, сепак комитетот „Единство“ како главен иницијатор на востанието (иако сакал востанието да изгледа како дело на Македонија), неможел да допушти целото востание да се одвива во рацете на македонските војводи и Македонците. Затоа по нивното барање командата на востанието му била доверена на офицерот на руската армија козакот Калмиков.

Почеток, тек и крај на востанието

Една од првите мерки на востаничките водачи, по ослободувањето на селата, била да воведат нова месна административна власт, да извршат мобилизација за пополнување и формирање на нови чети како и избор на воено-востаничкото раководство. На општото собрание востаниците за востанички „атаман“ го избрале Калмиков, за началник на штабот Димитар Поп-Георгиев Беровски, а за прв војвода на четите Стојан Карастоилов. За ова Поп-Георгиев Беровски уште на 20 октомври (8 октомври, стар стил) го известил Џумајскиот комитет и се потпишал како „началник штаба на македонските востаници“. Овдека се појавиле првите несогласувања и недоразбирања помеѓу македонските револуцинери и бугарските комитети. Во сите ослободени места била воспоставена народна власт, а народот без разлика на националната и верска припадност (Македонци, Турци, христијани, муслимани) бил целосно ослободен од сите даноци. Во ослободените места не биле забележани протерувања, убиства и изживувања врз турското муслиманско население. Македонското население од сите ослободени места со големо воодушевување го помагало востанието не само преку човечка сила (одење на селани во востаници) туку и преку давање на жито, земјоделски производи, резерви на храна и облека, а подоцна и преку давање засолништа на востаниците. На 11 ноември Турците крваво го задушиле востанието, а цели два месеци потоа со најголеми репресивни мерки на убиства, иселувања и мачења врз месното население биле вршени потраги по преостанатите живи востаници од околните села. Сепак востанието и покрај опструкциите од страна на бугарските комитети „Единство“ и отстранувањето на главните личности Димитар Беровски и војводата Стојан Карастоилов, успеало да се одржи до првите месеци на 1879 година, кога со последните борби во сѐ уште слободната област Каршијак (на десната страна на реката Струма), востанието и официјално било задушено. Покрај месните жители кои со огромен одзив учествувале во востаничките борби, во востанието учествувале и чети составени и предводени од Македонци од други краишта на Македонија. Во востанието со своја чета учествувале и познатиот македонски борец и прв македонски историчар Ѓорѓија Пулевски, војоводата Кара Тодор од Тетово кој бил познат како „страв и трепет за башибозукот“ идр.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Кресненското востание - прв судир меѓу Македонското револуционерно движење и Кнежевството Бугарија

Кресненското востание било прв судир помеѓу македонското револуционерно движење и царството Бугарија. Очигледното мешање во политиката на востанието и водењето на борбата и спроведувањето на своите зацртани планови на бугарските комитети довеле до големи недоразбирања и судири со македонските востаници и револуционери. Првиот судир се случил уште при борбите за ослободување на Кресна, помеѓу македонскиот војвода Стојан Карастоилов и рускиот офицер во бугарска служба Калмиков. Иако судирот бил од воено - тактички карактер сепак тука за првпат се судриле и целите и плановите на македонските револуционери и бугарските комитети. Подоцна судриот помеѓу двајцата странци Калмиков и Војткевич ќе предизвика толкаво незадоволство кај македонското раководство што Димитар Поп-Георгиев Беровски ќе напише доста остро писмо во кое го осудува самоволието и мешањето на Софискиот и Џумајскиот комитет во Македонското востание. Бугарските комитети незадоволни од неисполнувањето на нивните планови и бунтувањето на востаничкиот совет кој бил составен само од Македонци и по едногласно донесена одлука ги протерал Војткевич и Калмиков, подготвил и физичка ликвидација на Димитар Поп-Георгиев Беровски и војводата Стојан Карастоилов кој бил убиен на спиење, ноќта на 6 декември 1878 година, во селото Влахи. Под силните притисоци подоцна Димитар Поп-Георгиев Беровски ќе биде отстранет од местото началник на штабот, кога ќе биде затворен во Ќустендилскиот затвор заедно со неговиот брат Коста во декември 1878, но неговото враќање ќе биде пречекано со големо воодеушевување меѓу македонските востаници и населението.

 
Член од
29 август 2008
Мислења
149
Поени од реакции
5
Што е важна буквата или коцките тоа е надвор од темата.
Востанието било Македонско и Македонците се изјаснувале како Македонци фала многу на прашање.
Темава е Кресненското востание. За да се разбере карактерот на ова востание е добре да се разгледат сите документи и все што знаеме за востанието. За тоа коцките, буквите, датумите во тие документи се многу важни. clockwork ти прати линк во коj многу добре е докажано, дека документот „Правилата — Уставот", што заема главно место во твоjата аргументациjа за Македонскиот карактер на Кресненско-Разложкото востание, е една голема лага и ефтин фалсификат.

Ако има некоj, коj може да обjасни многуто несоодветствиjа и неточности во текстот на „Правилата — Уставот”, да повели.
Поздрав!

П.П. Даjте бре луге, даjте да видиме 188 член и дали Русиjа навистина е напишана сос "j".
 
E

emission

Гостин
Ако има некоj, коj може да обjасни многуто несоодветствиjа и неточности во текстот на „Правилата — Уставот”, да повели.
Поздрав!

П.П. Даjте бре луге, даjте да видиме 188 член и дали Русиjа навистина е напишана сос "j".
Не го познавале стандардниот бугарски пишувале како знаат. Не значи дека сите го изучувале на училиште па да го пишуваат без грешка. Ете ти објаснување.

А дали навистина мислиш дека некој би пробал да направи таков фалсификат и притоа да допушти толку грешки? Па секако можел да земе речник и совршено да ги погоди зборовите не живееме во камено доба па да нема од каде да се црпи информација.
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Коју е кнезот на Бугарија во 1878?
Ако фалсификаторот не знаел, недопустливо е луѓето кои живееле тогаш да не знаеле.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Востанието е Кресненско, а тоа вашето разложкото е масло на бугарската пропаганда.




Остај ги буквите и коцките кажи како завршија водачите кој ги уби нив.

Kрвави раце не се мијат лесно.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Темава е Кресненското востание. За да се разбере карактерот на ова востание е добре да се разгледат сите документи и все што знаеме за востанието. За тоа коцките, буквите, датумите во тие документи се многу важни. clockwork ти прати линк во коj многу добре е докажано, дека документот „Правилата — Уставот", што заема главно место во твоjата аргументациjа за Македонскиот карактер на Кресненско-Разложкото востание, е една голема лага и ефтин фалсификат.

Ако има некоj, коj може да обjасни многуто несоодветствиjа и неточности во текстот на „Правилата — Уставот”, да повели.
Поздрав!

П.П. Даjте бре луге, даjте да видиме 188 член и дали Русиjа навистина е напишана сос "j".

Сите овие тврдења погоре што ти се, дека Славко Димковски ги пишувал тие писма ти паѓаат во вода.

Цанков во неговата книга "Македонското прашање и Балканскиот сојуз" која е од 1906 година, и самиот потврдува дека тоа востание е кренато од страна на македонскиот народ.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
Со сајтови како промацедониа ли во кои има само куцани текстови, а не оригинални документи јадни бугари ли ќе докажувате што е поригинал, а што не?!? :tapp:
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Некој се обидувал да преведува, ама нешто не може да чита и има многу грешки.
Ете го текстот. Напишав го, а може да се види на македонски од Андонов Бале.

Правила на Македонскиј Востаническиј
комитет'
Македонскиј востаническиј комитет
узаконјава 1878

Известно е на всички нас' че злоштестната наша
ст'рана Македонија по причина на себелјубиви цѣли
от' стр'на на голѣмитѣ сили сја остави пак на
Турција в' Берлинскија конгрес'. В' слѣдствие на това
станаха в' разни стр'ни на нашата татковина
много кр'вави сцени които сја извѣстни секиму. В'
желанието си да отхв'рлим' от' нашата татко
вина турскијат' јарем' сѣкој от' нас' кој колкото
може станахме да сја пож'ртвуваме зашто от' секого
от' нас' е нужна помошть. Ниј востанахме да сја по
пож'ртвуваме като поборници на слободата. В'
нашата кр'в' што ја пролѣваме низ нашитѣ полја
и гори Македонски ниј служим като војска Маке-
донска на Александ'р' Македонскиј за слобо-
дата с' нашијат' девиз' : Слобода или см'рт'.
Обаче вслѣдствие на с'битијата и освобождението
на голѣм' број села от' нашитѣ востаници и вопијашт
тѣ нужди да сја в'веде един' ред' в' стр'ната к'дето
дејстват востаницитѣ, решихме да представим'
едни правила сиреч' устав по кој всички ште сја
управјаваме и сички ште ги исп'лнјаваме докато не ја
ослободиме нашата татковина Македонија

 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Eве ти ги правилата за да не ја тераш водата на бугарска воденица.

A инаку пред тој вашиот кнез од Германија сте имале султан османлија.:D

Македонцы!

Македониїја мајка наша станА ј плаче с' горки выкове подь ог'нт' и іатаган' турскіј. Умученныт' и с' крв' облеаны наши родители, сынове и братја ньі выкаг' на оружіе против' петвЬковнитЬ наши мучители и насилницы, а обезчестеныте наши мајки, супруги и сестры с' горкы солЬзи на очитЬ си под' гнусныј ј безчеловЬчныј турскіј произвол' кукат' около опустошаемј наши домове и чекать да им' се отзовеме.

јуунаци Македонски ј Б'гарски! СвЬтлыј наш' лев' реве по наши македонски гори и долины, планины и пустины и ны вика сички на оружіе. ГдЬ и да сте вы, поб'рзаіте да се собереме с' оружіе в' рАцетЬ ни, за да ги избавиме тыА невиноваты ж'ртвьі от' ова гнусно и позорно безчестіе.

Донесете си на ум' шо наши татковцы ј дЬдовцьі се бориха и си проливаха своа кр'в' за свобода гр'чка и сьрбска...



ПоглЬд' свој и на ланскн годины и ке видите, шо кр'в' от' наши... оψе стои на Алексинскиы и Шипканскы проходы, коҗто кр'в' они не пожалЬха за обψа свобода наша...

Македонцы! Сега е време да увЬриме нашитЬ просвЬтены предатели, ψо Македонiж ј сега в петьвЬковното си робство ражда и има в' себе си сынове јунацы!

1879 год. 2-ј Маіа

Малеш'-Планина Македонскіј возстанническіј Комитет'".

Извор: Научен архив, Б'лгарската академија на науките, Софија, (НА-БАН-С), Фонд: Сбирка IX, оп. 1, а.е. 55, л.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Правила на Македонскиј Востаническиј
комитет'
Македонскиј востаническиј комитет
узаконјава 1878

Известно е на всички нас' че злоштестната наша
ст'рана Македонија по причина на себелјубиви цѣли
от' стр'на на голѣмитѣсили сја остави пак на
Турција в' Берлинскија конгрес'. В' слѣдствие на това
станаха в' разни стр'ни на нашата татковина
много кр'вави сцени които сја извѣстни секиму. В'
желанието си да отхв'рлим' от' нашата татко
вина турскијат' јарем' сѣкој от' нас' кој колкото
може станахме да сја пож'ртвуваме зашто от' секого
от' нас' е нужна помошть. Ниј востанахме да сја по
пож'ртвуваме като поборници на слободата. В'
нашата кр'в' што ја пролѣваме низ нашитѣполја
и гори Македонски ниј служим като војска Маке-
донска на Александ'р' Македонскиј за слобо-
дата с' нашијат' девиз' : Слобода или см'рт'.
Обаче вслѣдствие на с'битијата и освобождението
на голѣм' број села от' нашитѣвостаници и вопијашт
тѣнужди да сја в'веде един' ред' в' стр'ната к'дето
дејстват востаницитѣ, решихме да представим'
едни правила сиреч' устав по кој всички ште сја
управјаваме и сички ште ги исп'лнјаваме докато не ја
ослободиме нашата татковина Македонија

Добро, и???
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
75
Ништо, да се знае што пишува на листот. Да не се мачи, оној што започнал да го преведува.

Во книгата на Бале и твојот лист има една грешка во преводот.
Значи, ако има една може да има и повеќе, нели?
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Ништо, да се знае што пишува на листот. Да не се мачи, оној што започнал да го преведува.

Во книгата на Бале и твојот лист има една грешка во преводот.
Значи, ако има една може да има и повеќе, нели?
Туку кажи како е задушено востанието?
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
На денешен ден, 17 октомври 1878 година, започнало Кресненското востание на Mакедонскиот народ против османлиската власт, а за ослободување на Македонија и за создавање на независна македонска држава.

Востанието било задушено дури во јуни идната година.

"Уставот на Македонскиот Револуционерен Комитет" на Кресненското востание, според историчарите се смета за прв државотворен Устав на македонскиот народ со кој се прави обид за возoбновyвaње на независна македонска држава.

Овој факт за постоењето на Mакедонската нација е нeпобитeн за бугарско-грчко-српските пропаганди.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom