Богами, ме погоди со ова. Велиш дека овде „е посечна неможноста за создавање на окото од свој „претходник“. Каде? Дечково само „верува“ (7:20 минути од видеото) дека истовремено постоеле и истовремено настанале сложените и едноставните облици на очи. Толку! Се се заснова на верување. Додека погоре на темава неколку пати е објаснета еволуцијата на окото, од протеин кој е чувствителен на светлина, преку група на клетки на рамна површина до целосно развиено око.
Од друга страна ги имаш овие тројца кои поставуваат
фаличен аргумент дека „окото не може да креира слика ако се отстрани еден од неговите делови“. Како прво, никој не го бара тоа од окото, за да се докаже еволутивниот развој. Како второ, дали некој направил експеримент со кој ќе се докаже ова тврдење. Значи да извади дел од окото и да видиме каква слика ќе се креира.
Потоа, исто како на цртаните, од газ ги вадат и другите тврдења за неповратната комплексност на процесот на засирување на крвта и за тоа како „жабрите на рибите се претвориле во бели дробови“. Јас ја имам гледано оваа емисија порано и сум релативно запознат со делото на овој дечкото во средина (му го заборавив името, мислам дека беше геолог од Србија). Кога ќе ги слушнам тврдењата негови, како и на научникот Бехе на кој се повикуваат, како и на Дискавери институтот кој исто меша прсти во емисијата, мене ми се крева сафрата.
Луѓево си излегуваат на телевизија и без никој да им противречи си кажуваат еден куп глупости од типот „жабрите на рибите се претвориле во бели дробови“. Јас не сум биолог и затоа можам да сфатам како некој кој со години го учел тоа не може да се најде во друштво на вакви луѓе. Тој ќе добие срцев удар само да ги слуша. Повторно и повторно, истите аргументи и истите научници. Креационизмот е многу лесна работа, за 3 часа ќе научиш се што ти е потребно да ги нервираш сите научници по биологија во светот.
И очигледно тоа им е единствена цел. Тоа и да најдат необразовани луѓе кои ќе им помогнат во нервирањето. Затоа, целосно сфаќам зошто се само тие тројца на емисијава и зошто ниеден еволуционист не оди на дебата кај Чорбаџија. Губење на време!
Сите дебати се бескорисни!
Од друга страна те разбирам и тебе. Ти си имаш свој систем на верување кој не е лесно да се напушти. И јас до неодамна не ја прифаќав еволуцијата. Но, јас ја имам таа несреќа да ме интересираат како функционираат работите. На крајот сфатив дека не сум ја прифаќал еволуцијата затоа што не сум ја знаел. Кога сфатив што сакаат луѓето да кажат и врз база на кои докази го кажуваат тоа, не можев да замижам пред фактите.
Имај предвид уште една работа. Научниците кои ги истражуваат феномените во природата, тоа им е работа, односно го прават тоа секојдневно со години. Многу повеќе се навлезени во нештата и од мене и од тебе. Со две-три прочитани книги, десетина написи во списанија или десетина часа на Дискавери не се станува експерт.