Креационизам наспроти еволуционизам

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Земјината кора постојано се обновува? А случајно, некој да не го пронашол и „перпетуум мобиле„? Дали некој во меѓувреме, го смени и текот од вториот Закон на термодинамиката, а јас да не знам за тоа?

Ова е само показател, дека навистина, тешко е на неверникот да му ги посочиш и поинаквите вистини од неговите (иако поинаквите се очигледни и лесно докажливи), оти невереникот секогаш има доволно „резервен материјал„ со кој ќе го „побие„ дури и очигледното.
Очигледното е токму тоа што го кажав! Докажан и научен факт дека тектонските плочи движејќи се навлегуваат една под друга, и на тој начин постојано и непрекинато го менуваат изгледот на земјината кора! Тоа е причината за постојаното движење на континентите, за појавата на планинските венци, за земјотресите и за вулканските ерупции! Информирај се и ќе видиш и самиот!
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Чорбаџијо, ај запрашај се зошто нафтата е фосилно гориво? И прочитај од што е настаната нафтата и колку време треба за да се оформи. Ќе го добиеш одговорот каде се сите тие милиони фосили.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Очигледното е токму тоа што го кажав! Докажан и научен факт дека тектонските плочи движејќи се навлегуваат една под друга, и на тој начин постојано и непрекинато го менуваат изгледот на земјината кора! Тоа е причината за постојаното движење на континентите, за појавата на планинските венци, за земјотресите и за вулканските ерупции! Информирај се и ќе видиш и самиот!
Твоиве „докази„ не се никаква очигледност. Никој не спори дека Земјините плочи се движат, никој не спори дека судирот на тие плочи произведува чести земјотреси, (некои од нив имаат и денес видливи последици), но тоа не значи дека секој ден се формираат нови планински ланци, оти да беше така, тоа настанување ќе го гледавме секој ден.

Наспроти твојот „доказ„, еве што велат геолозите: велат дека годишната ерозија на планинските масиви, под дејство од снегови и дождови, изнесува 6,5см, што значи дека планинските масиви се абат годишно за 6,5цм од својата височина. Е сега, кога сиот тој камен еродиран материјал би се наталожил во дното од океаните, како речен нанос во истите, денес, планините би биле срамнети од долготрајната/милениумската ероозија, а дната од океаните би биле потрупани со камен нанос, под услов, Земјава да е стара катаљон години. Дната од океаните имаат тенок камен нанос, кој точно одговара на количината од речни наноси, а не на количината од време и камен нанос од еволуционитичките милијарди години.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
- Колку е стара земјата?

(користев онлајн преведувач и го средив малце текстот, но сепак може малце неправилни да изгледаат речениците)

Многу, но не и сите од најдобрите докази за староста на земјата доаѓаат од
распаѓањето на радиоактивните елементи, во еден или друг начин.

Еве неколку едноставни докази кои јас ќе ги ставам пред вас:
Постојат 81 стабилни елементи, со, меѓу нив, само под 300 стабилни
изотопи.
Секој еден од овие стабилни изотопи е пронајден на Земјата.
Неколку радиоактивни изотопи и се наоѓаат на земјата. Тие спаѓаат во три
категории:
(1) Многу долготрајни изотопи, на пример, ураниум-235, ураниум-238, Thorium-
232, Калиум-40.
(2) краткотрајни изотопи кои се произведени преку распаѓањето на овие Долготрајни
изотопи, на пример, ураниум-234, Radium-226 Радон-222.
(3) краткотрајни изотопи на светлосни елементи кои се произведени со нуклеарни
реакции помеѓу високо енергетски честички од сонцето и атмосферата, на
пример Carbon-14, Водород-3, берилиум-10.

Нема Активен извор на потешки елементи, или стабилни или
радиоактивни. Во моментов се верува дека тие биле произведени во
супернова, која, исто така, ги распрскала како прашина која формира дел од
почетокот на Сончевиот систем. Така било за изотопите од категорија (1) кои се присутни
на земјата, денес се останати само делови од она што било присутно кога биле на земјата
формирани.

Сега секој радиоактивен изотоп се распаѓа со фиксна Half-Life. Ако таа има половина
живот на 1 ден, тогаш во ова време утре, само половина од тоа ќе биде останато, само
една четвртина од следниот ден, и така натаму. По 10 дена таму ќе биде само една
илјадатинка на оригиналниот износ, еден милион по 20 дена, една
милијарда по 30 дена, а по 50 дена, можете да замислите!

Еве некои категорија 1 изотопи кои се обилно присутни на земјата:

ураниум-238 има полу-живот на 4510000000 години
ураниум-235 има полу-живот на 0710000000 години
ториум-232 има полу-живот на 14100000000 години
калиум-40 има полу-живот на 1280000000 години
Постојат околу 6 или 8 други, сите со полу-живот поголем од тој на У-
235.

Еве некои изотопи, потенцијално категорија 1, кои не се наоѓаат на земјата.
Јас ќе ги спомнам главно оние кои се најповолни за стабилен изотоп на нивните
елементи, затоа што овие ќе биде лесно да го најдеш, ако, навистина, тие беа присутни во
моментов:

плутониум-244 има полу-живот на 80 милиони години
ураниум-236 има полу-живот на 23.9 милиони години (и се производ на плутониумско распаѓање!)
curium-247 има полу-животот на 16 милиони години
neptunium-237 има полу-животот на 214 милиони години
technetium-99 има полу-животот на 0.212 милиони години

Постојат околу дузина други радиоактивни изотопи познати да имаат полу-живот
поголем од 1 милион години, но помалку од 50 милиони години, кои не се
пронајдени природно на Земјата. Сите краткотрајни радиоактивни изотопи, кои се
пронајдени природно на земјата јасно спаѓаат во категориите (2) и (3).
Радиоактивни изотопи обично може да се идентификуваат со своите потписи на зрачење
во количини многу помалку отколку што би требало за хемиска анализа.

Отсуство на плутониум од природните карпи на светот укажува дека
земјата е околу најмалку 30 полу-животи на плутониум-244, кој
е 2.400.000.000 години. Ако неговата возраст е помала, ќе очекувавме да
откриеме барем еден милијардити дел или повеќе останато од било кој оригинален
плутониум што бил присутен.

Присуството на ураниум-235 на ниво на само под 1% од целиот ураниум
укажува на тоа дека земјата е помалку од 20 полу-живот,
која е 14.200.000.000 години. Но, на
износот на неговиот конечен отпаден производ, олово-207, во природното олово ја разграничува возраста
на околу 6 милијарди години максимум. Ако имало U-235 што се распаѓа за
подолго од тоа, би требало да најдеме многу повеќе олово-207 наоколу.

Има многу други докази и посложена анализа што ги прави
геолозите и геохемичарите многу убедени дека возраста на земјата е многу
блиску на 4,5 милијарди години.

--- надополнето ---

Твоиве „докази„ не се никаква очигледност. Никој не спори дека Земјините плочи се движат, никој не спори дека судирот на тие плочи произведува чести земјотреси, (некои од нив имаат и денес видливи последици), но тоа не значи дека секој ден се формираат нови планински ланци, оти да беше така, тоа настанување ќе го гледавме секој ден.

Наспроти твојот „доказ„, еве што велат геолозите: велат дека годишната ерозија на планинските масиви, под дејство од снегови и дождови, изнесува 6,5см, што значи дека планинските масиви се абат годишно за 6,5цм од својата височина. Е сега, кога сиот тој камен еродиран материјал би се наталожил во дното од океаните, како речен нанос во истите, денес, планините би биле срамнети од долготрајната/милениумската ероозија, а дната од океаните би биле потрупани со камен нанос, под услов, Земјава да е стара катаљон години. Дната од океаните имаат тенок камен нанос, кој точно одговара на количината од речни наноси, а не на количината од време и камен нанос од еволуционитичките милијарди години.
Планиниоте се зголемуваат/намалуваат нон стоп за неколку центиметри годишно како последица од тектонските движења. Планински венци се оформуваат, но толку бавно што ние не можеме да го забеле
име тоа, бидејќи за 100 години една млада верижна планина ќе се извиши отприлика за 500-800 центиметри, што е многу мала разлика и ја докажува староста на Земјата.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Твоиве „докази„ не се никаква очигледност. Никој не спори дека Земјините плочи се движат, никој не спори дека судирот на тие плочи произведува чести земјотреси, (некои од нив имаат и денес видливи последици), но тоа не значи дека секој ден се формираат нови планински ланци, оти да беше така, тоа настанување ќе го гледавме секој ден.

Наспроти твојот „доказ„, еве што велат геолозите: велат дека годишната ерозија на планинските масиви, под дејство од снегови и дождови, изнесува 6,5см, што значи дека планинските масиви се абат годишно за 6,5цм од својата височина. Е сега, кога сиот тој камен еродиран материјал би се наталожил во дното од океаните, како речен нанос во истите, денес, планините би биле срамнети од долготрајната/милениумската ероозија, а дната од океаните би биле потрупани со камен нанос, под услов, Земјава да е стара катаљон години. Дната од океаните имаат тенок камен нанос, кој точно одговара на количината од речни наноси, а не на количината од време и камен нанос од еволуционитичките милијарди години.
Јас никаде нереков дека секој ден се формирале планински венци! Не ги извртувај моите зборови! Континенталните плочи се движат со брзина од еден сантиметар годишно, и за да се рециклира еден цел континент потребни се неколку стотици милиони години! И тоа не е шпекулација, нагаѓање или претпоставка туку докажан научен факт!
Наталожувањето на океаните не се одвива како тие да се базен или аквариум, во океаните постојат водени струи, кои го разнесуваат и распоредуваат тој материјал! Океаните и земјата не се статичен систем, туку екстремно динамичен! Што се однасува до ерозијата од дожд и снег, тука се и наносите на материјал од страна на атмосверските влијанија на ветровите кој ја надокнадуваат ерозијата, така да потенцирање само на одредени фактори а изоставање на други не е начин на кој се дискутира со помош на аргументи!
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Кај креационистите кои се вооружуваат за напад врз еволуционистите секогаш постои едно исто оружје: алката која недостасува. За нив тоа е најголемата провалија на теоријата на еволуција. Со првите копања во почвата секоја Дарвинова мисла паѓа во вода... Единствено што паѓа во вода е мислата на Датрвин дека почвата ќе биде полна со фосили кои ќе ја потврдат неговата теорија, но не паѓа целиот концепт врз кој се темели теоријата... Бидејќи еволуцијата е процес на постојана менливост на видовите под дејство на надворешните влијанија (микроеволуција) не можеме со сигурност да тврдиме како би изгледал преминот од рептил во цицач или слично. Значи, алката која недостасува може да биде провалија (огромна дупкетина), но може да биде и едно мало дупче, т.е. може да ни недостигаат илјадници меѓувидови за да стигнеме до видот кој е премин од една класа во друга, но може да ни треба и само еден фосил кој ќе ја потврди теоријата. Друго, што е многу важно е тоа коските на умрените видови (доколку не се најдат на определени поволни услови) скапуваат, гнијат и со тек на времето се претвараат во прав. Веројатноста да се сочуваа скелетот во однос на негово целосно исчезнување е премногу мала, особено кога ќе се земе временска рамна од неколку милиони години. Можеби кога Дарвин би се сетел на ова, не би ги напишал тие фамозни реченици во неговото дело кои се куршум `убиец` за креационистите.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ето, видите, уште еден пример за сциентистичкиот оптимизам, во стилот: „,,,да, не занеме, ама само што не сме дознале...да, лошо е, ама само што не станало подобро...„. Пустата убава иднина, што ни стори...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ето, видите, уште еден пример за сциентистичкиот оптимизам, во стилот: „,,,да, не занеме, ама само што не сме дознале...да, лошо е, ама само што не станало подобро...„. Пустата убава иднина, што ни стори...
Благодарение на тој начин на размислување и разодкривање денес ја имаме цивилизацијата, науката и техниката и сите придобивки од неа вклучително и компјутерот со чија помош го негираш сето тоа! Што допринесе религијата од друга страна? Уназадување и негирање на научниот напредок со забрани, палења и санкции во минатото! Безброј пати демантирана од страна на фактите и науката а сепак силна да противречи!
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Што стана со апсурдноста (инаку докажана од науката) , да се создаде ДНА(протеин) кога у природата го нема таков.
За да настане протеин треба протеин.
Ај сега , кај е Дарвин и оној со теоријата (вицот) за макромолекулата ?
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Оспорувањето на Дарвиновата теорија е според мене чиста глупост.
Прочитав дека било невозможно со тек на милиони години животот да се развил почнувајќи од еднкоклеточен кон повеќеклеточен организам. Па сите ние сме настанале од една клетка наречена зигот, која понатаму со делби и организација ќе формира ткива кои ќе формираат органи кои ќе формираат организам (ете како се развива животот од попроста кон посложена форма).

Инаку во првите недели на развитокот ембрионот на човекот е сосема сличен на ембрионите на другите рбетници. Од двете страни на вратот се наоѓаат жабрени процепи а на крајот на телото е опашката. Жабрените процепи набрзо исчезнуваат а опашката се губи по третиот месец. Фетусот во 5 месец е покриен со густи влакненеца како кај животноте а подоцна ги снемува. И целиот развој на ембрионот се одвива во амниона течност т.е вода , а како што знаеме во вода настанал и животот.
Заклучок човекот во својот ембрионален развиток ги поминува набрзина сите фази на еволуцијата.
Тоа се непобидтни докази
еве низ слики за подобро тие што не веруваат да сватат, колкава е сличноста со останатите видови

textbook-fraud-haeckel-biology-prentice-hall-2000.jpg
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Прочитав дека било невозможно со тек на милиони години животот да се развил почнувајќи од еднкоклеточен кон повеќеклеточен организам. Па сите ние сме настанале од една клетка наречена зигот, која понатаму со делби и организација ќе формира ткива кои ќе формираат органи кои ќе формираат организам (ете како се развива животот од попроста кон посложена форма).
Зиготот не е едноклеточен организам. Во ДНК молекулите на 46 хромозоми на зиготот нема информации за едноклеточен организам, туку информации за цел човек. Кога едноклеточните организми (амебата, парамециумот) се делат, нивните деца си остануваат едноклеточни организми.

Инаку во првите недели на развитокот ембрионот на човекот е сосема сличен на ембрионите на другите рбетници. Од двете страни на вратот се наоѓаат жабрени процепи а на крајот на телото е опашката. Жабрените процепи набрзо исчезнуваат а опашката се губи по третиот месец. Фетусот во 5 месец е покриен со густи влакненеца како кај животноте а подоцна ги снемува. И целиот развој на ембрионот се одвива во амниона течност т.е вода , а како што знаеме во вода настанал и животот.

Заклучок човекот во својот ембрионален развиток ги поминува набрзина сите фази на еволуцијата.
Човечкиот ембрион не поминува низ никакви еволутивни фази. Тој нема никакви жабри, нема никаква опашка, во никој стадиум не е влекач, туку тој од самиот почеток до крајот е човечки ембрион кој полека се оформува во бебе, а тоа што нам субјективно ни изгледа (или пак ни се причинува како што ќе објаснам подоле) нема никаква врска со реалноста.

Оваа "теорија" т.е. научна измама дека човечкиот ембрион поминува низ некакви еволутивни фази и дека во нив тој наликува на другите животни ја пласираше Ернст Хекел во почетокот на минатиот век. Тоа тој го направи пласирајќи една низа на сликички, емрбиони на различни животни, кои многу наликуваа едни на други. Бидејќи во тој период еволуцијата беше сеуште WOW речиси никој не се посомнева во веродостојноста на неговите слики и во недостигот на очекуваната фосилна подршка на еволуцијата, сите еволуционисти се фатија како слепец за стап за овој "крунски доказ" за еволуцијата.
Но подоцна некои паметни решија да ги проверат сликичките на Хекел и увидоа дека се работи за тежок фалсификат т.е. за најголемата измама во науката.
Речиси секаде во светот оваа измама е јасно разобличена и им се кажува на учениците уште во најраните школски денови, освен ако што гледаме во нашиве посткомунистички индоктринизирани држави.

Хекеловите сликички се отстранети или пак маркирани како фалсификати речиси во сите сериозни научни музеи.
Еве ви доказ за тоа:
http://www.truthinscience.org.uk/site/index.php?option=com_content&task=view&id=215&Itemid=63

Еве ви и слика каде што можете да ги видите сликичките на Хекел споредени со вистинските ембриони на наведените животни.

http://www.helsinki.fi/~pjojala/textbook fraud deceit fake doctoration Haeckel embryo 1.jpg

Имајте предвид дека горната низа на слики се фалсификатите на Хекел, а долната се слики на вистински ембриони.
Се надевам дека разјаснивме околу "еволуцијата" на човечкиот ембрион.

Тоа што некоректно се нарекува "жабри" кај човечкиот ембрион всушност се "Фарингални ќеси" кои немаат никаква врска со дишење, ниту пак се отвараат. Тие се развиваат во тимусна жлезда, паратироидни жлезди и во канали на средното уво - и ниту еден од овие органи нема ништо заедничко со дишењето, под вода или над вода. Водата во која што престојува ембрионот служи да го амортизира од нагли движења и со тоа да го заштитува од повреди.

Исто така и "Опавчето" не е никакво опавче, туку тоа е орган во кој се формира крв. Е сега ако вие знаете некое животно што има опашка во која се формира крв, бујрум наведете го тој "доказ" за еволуцијата.

Тоа се непобидтни докази
Само во идеологизираната "наука".
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Опавчето не е орган, крвта се формира во коските, ако не си знаел, имаме и коска на крајот од рбетот која докажува дека многу порано сме имале опашки. :vozbud:
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Зиготот не е едноклеточен организам. Во ДНК молекулите на 46 хромозоми на зиготот нема информации за едноклеточен организам, туку информации за цел човек. Кога едноклеточните организми (амебата, парамециумот) се делат, нивните деца си остануваат едноклеточни организми.



Човечкиот ембрион не поминува низ никакви еволутивни фази. Тој нема никакви жабри, нема никаква опашка, во никој стадиум не е влекач, туку тој од самиот почеток до крајот е човечки ембрион кој полека се оформува во бебе, а тоа што нам субјективно ни изгледа (или пак ни се причинува како што ќе објаснам подоле) нема никаква врска со реалноста.

Оваа "теорија" т.е. научна измама дека човечкиот ембрион поминува низ некакви еволутивни фази и дека во нив тој наликува на другите животни ја пласираше Ернст Хекел во почетокот на минатиот век. Тоа тој го направи пласирајќи една низа на сликички, емрбиони на различни животни, кои многу наликуваа едни на други. Бидејќи во тој период еволуцијата беше сеуште WOW речиси никој не се посомнева во веродостојноста на неговите слики и во недостигот на очекуваната фосилна подршка на еволуцијата, сите еволуционисти се фатија како слепец за стап за овој "крунски доказ" за еволуцијата.
Но подоцна некои паметни решија да ги проверат сликичките на Хекел и увидоа дека се работи за тежок фалсификат т.е. за најголемата измама во науката.
Речиси секаде во светот оваа измама е јасно разобличена и им се кажува на учениците уште во најраните школски денови, освен ако што гледаме во нашиве посткомунистички индоктринизирани држави.

Хекеловите сликички се отстранети или пак маркирани како фалсификати речиси во сите сериозни научни музеи.
Еве ви доказ за тоа:
http://www.truthinscience.org.uk/site/index.php?option=com_content&task=view&id=215&Itemid=63

Еве ви и слика каде што можете да ги видите сликичките на Хекел споредени со вистинските ембриони на наведените животни.

http://www.helsinki.fi/~pjojala/textbook%20fraud%20deceit%20fake%20doctoration%20Haeckel%20embryo%201.jpg

Имајте предвид дека горната низа на слики се фалсификатите на Хекел, а долната се слики на вистински ембриони.
Се надевам дека разјаснивме околу "еволуцијата" на човечкиот ембрион.

Тоа што некоректно се нарекува "жабри" кај човечкиот ембрион всушност се "Фарингални ќеси" кои немаат никаква врска со дишење, ниту пак се отвараат. Тие се развиваат во тимусна жлезда, паратироидни жлезди и во канали на средното уво - и ниту еден од овие органи нема ништо заедничко со дишењето, под вода или над вода. Водата во која што престојува ембрионот служи да го амортизира од нагли движења и со тоа да го заштитува од повреди.

Исто така и "Опавчето" не е никакво опавче, туку тоа е орган во кој се формира крв. Е сега ако вие знаете некое животно што има опашка во која се формира крв, бујрум наведете го тој "доказ" за еволуцијата.



Само во идеологизираната "наука".
Јас не реков дека зиготот е едноклеточен организам туку дека е една клетка која ги содржи сите 46 хромозоми и има способност да се дели. Амебата не може да стане повеќеклеточен организам затоа што нема гени кои ќе индицираат такво нешто (нешто што зиготот го поседува и затоа се дели)

Друго многу интересно е тоа што голем број од гените кај луѓето немаат никаква функција т.е. само мал број гени од целокупниот геном ги користи човекот (останатите се претпоставува дека се останати од целокупниот еволутивен развој.

Точно е дека жабрите се фарингеални кеси од кои се развиваат лицевите структури, но исто така е точно и тоа дека белите дробови се развиваат од првичната гастроинтестиналн цевка (што укажува на големиот потенцијал на ембрионалните клетки да се трансформираат во кое ткиво е потребно по претходна индукција)

Опавчето како што го викаш ти никаде не е спомнато за производство на крвни клетки туку има документирани случаи на луѓе кои се родиле со него .

Друг факт што укажува на еволуцијата е еден рудиментиран дел од цревата кој се вика слепо црево и кој кај луѓето нема никаква особена важност туку е првенствено наменет за тревопасните животни.

Уште еден факт кој потврдува дека човекот и понатаму еволуира е се поголемиот број на луѓе на кои умниците не им се никнати што води дирекна поврзанос од начинот на исхрана пред илјадници години (кога се џвакала цврста и сурова храна и сега.)

И за крај според тебе кои од следниве слики се човечки ембриони а кои не се :
cst10bl.jpg

011f.jpg

562pxtubal.jpg
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.275
Зошто Бог го создал човекот со гради и брадавици, кои се женски органи за млеко и доење?
За што служат тие кај мажот?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Адам е создаден за да биде човек, не машко, не женско, туку човек-бесполен. Со тоа, Адам во себе го носел потенцијалот за оставање на цел човечки род после себе. Адам станува машко, откако Ева е одделена од Адама. Тогаш Адам ја нарекува Ева со поимот „жена„, и од тој момент, Адам веќе е машко. Ева, логично, ја наследува човековата природа од Адама (затоа во православната Црква, Ева се нарекува и „човечица„), а со тоа наследување, поседува и одредени органи, кои на Адам веќе „не му требаат„ (така да кажам...). По Божјата промисла, Ева, пошто е женско, ќе ја има улогата на „...мајката на сите...„, што значи, после падот, Ева ќе раѓа деца, па за таа потреба, Ева е целосно прилагодена, со соодветни органи, кои кај Адама ја губат истата функцијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom