Крајно време е да ја вратиме НЕДЕЛАТА!

Џони.

Не е Џони.
Член од
4 ноември 2009
Мислења
1.553
Поени од реакции
1.037
Јас саботата си ја сакам многу повеќе од неделата поради тоа што во недела морам да завршам со обврските за у школо и морам да си легнам порано затоа што утре треба да станам у 6. Така да, кај мене неделата и нема некое посебно значење.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.058
Е да бе 6 дена работи, тој шо го измислил то нека работи 6 дена а јас сигурно не го измислив...
ок бе па ти, 5 дена работи -два одмарај ;)-
--- надополнето: Oct 30, 2011 6:45 PM ---
еве зошто неделата е ден за одмор-;)
Hrišćanski svet se pridržava toga da je nedelja sedmi dan u sedmici, oslanjajući se na biblijsku priču da je Bog stvarao Svet šest dana, a sedmog se odmarao. Zato je nedelja dan za odmor.
Međutim, kod Jevreja dan za odmor je subota (sabbath), a kod Muslimana dan odmora je petak.
 
G

galaxy

Гостин
Зошто сите да не работат во тој ден за одмор? Зошто се` да е затворено? Секој нека си одбере еден ден и два дена од неделата кога нема да работи.
Нека биде тоа поинаку регулирано. Зошто да не можам да одам во недела на лекар? Зошто да не може да се купува леб во недела? Оти ако биде неделата неработен ден за сите, никој нема да работи.
Јас мислам дека е подобро секо ден да биде работен и динамичен, да нема посебен ден за одмор, секој си бира кој ден или денови од неделата ќе си одмора.
Дури сум и против концептот на викендот каков што е сега.
Зошто туристичките места да бидат пренатрупани во викенд, а во другите денови празни? Зошто СИТЕ да одмораат во викенд, некои нека одмораат сред недела, кој како ќе избере. Нека се регулира тоа поинаку.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.058
Јас ја мразаааааам неделата. Па колку се осеќа дека е недела, мислам страшно...

@cool@ Лајкот ти е од куртоазија.
е па благодарам:) ама не беше неопходно ако е само од куртоазија :pos:
знам јас дека си ти учтив дечко и без лајкот
(туууку, зошто ја мразиш неделата- успат и да те прашам?)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
еве јас повеќе не ја мразам неделата пошо понеделникот ми е без обврски, предавања на факс имам од вторник :) такада недела ми е супер ден
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.599
е па благодарам:) ама не беше неопходно ако е само од куртоазија :pos:
знам јас дека си ти учтив дечко и без лајкот
(туууку, зошто ја мразиш неделата- успат и да те прашам?)
У недела мислам дека и уличните досадно светат, затоа.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.580
Поени од реакции
27.058
У недела мислам дека и уличните досадно светат, затоа.
hahahaaaa
http://www.youtube.com/watch?v=YjFIMkolues
--- надополнето: Oct 30, 2011 10:22 PM ---
Се нема пари мора да се работи и недела :)
иди ова кажи им го на гејците- па не ќе знаеш кај да се свртиш-
на гејците недела, пладневен одмор(познати ти се ваљда двократните работења) државните, а најмногу верските празници - ни со закани , ни со закони не можеш да им ги одземеш. Тоа за нив е свето нешто;)
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.184
Поени од реакции
887
Во најмал рака досаден ден, сите дома абе раат да не си џунгла!
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Што се случи со неделата?

Каде е она непишано правило- шест дена работи, а седмиот одмарај, или читај книга, или отиди во природа, биди нешто друго- нешто поразлично од она што си останатите шест дена. Забави го ритамот.
Порано таа беше ко рајска градина - ден меѓу јавето и сонот
Ден во кој можеше се’ да почне, а ништо не мора да се заврши. Чардак ни на небо ни на земја.
Порано се сеќавам секоја недела беше празник.
Станување бавно,ништо не беше брзо ,ниту нагло,па расонување со тукушто приготвено кафенце,па семејни ручеци(додуша кај нас ова сеуште важи(y)) .
Неделата беше поим за опуштеност, спорост -ден каде никаде немораш да брзаш.
Ден во кој се заборава минатото, и не се мисли на иднината.
Минатото- е изминатата работна седмица -која треба што побрзо да се отфрли од мислите, а иднината - тоа е всушност новата работна седмица која доаѓа со понеделникот.

Крајно време е да ја вратиме НЕДЕЛАТА.
Некогаш неделите беа стварно НЕДЕЛИ- ден за одмор -дури ни продавници не работеа- додуша некаде до 10 часот кога можеше да купиш леб, млеко погачици, па и весници.Се друго беше затворено и се уживаше во неделниот мир.
На пазар се одеше в петок ил сабота .Тоа беше вистинскиот ден за купување пиперки, лубеници....(Моите и понатаму одат на пазар сабота:))

Недела беше ден за излети. Ден кога улиците беа празни......
Меѓутоа, кога денес излегов надвор- како да беше среда или петок.:pos:
Се’ работи, сите продавници отворени, пазарите ...што да ти раскажувам, па дури и аптеките.
ЕЕЕЕЕ само банките не работеа, но тоа и го очекувам - оти и онака тие најмалку работат.Доколку банките почнат и во недела да работат- знајте дека наскоро доаѓа крајот на светот.

Во некои држави, ко например Иран, ден за одмор е петок, а работната седмица започнува со сабота. Други муслимански држави одмараат во четврток и петок.
Се сложувам со ова, но мала забелешка вистинското место на темава е во Дом и семејство :D
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.313
Поени од реакции
5.595
Сега во недела се работи, а 6 дена се одмара.
 
На врв Bottom