Почитувани Ве известувам дека бевме ограбени на ден 31.08.2021год. на плажа сред бел ден во Грција - Неа Михањона (Nea Michaniona) посред сведоци тинеџери Момче и една девојка што чекаа автобус да им стигне на постојка, ни беа одземени две торби еден куфер два мобилни телефони и еден новчаник со документи, Со мене беа сопругата и две деца едното на една и пол годинка и другото на шест години. Имаме фамилијарно патничко осигурување без франшиза за 20 дена и ме кошташе 1250 денари извадено во ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје . Во оваа компанија секоја година оставам по 20.000,00 денари. Сакам да Ве информирам дека штетата беше навреме пријавена , беше отворено досие за штета кражба на личен багаж и документи, меѓутоа бевме комплетно одбиени , ни динар не ни одобрија, Во брошурата шо ја даваат кога ќе направете полиса е наведено дека во било каков случај покриваат секакви трошоци за телефонски разговори за превоз , за кражба за документи, за здравство, за посмртни останки за што ли се уште не ви дошло на памет за незгоди... Мој апел е доколку сте се решиле да користете Осигурителни улсуги „за надај Боже“, не си ги лупајте парите залудно, подобро нека ви останат!
Attachments
-
3,5 MB Прегледи: 152