На трла
Во Македонија овчарството е екстензивно номадско, така да коњите сеуште се користат по трлата за пренесување на дрва и опрема.Честопати се основно и единствено превозно средство на планините, и генерално добро се грижат за нив.Коњите на циганите кои ги гледаме низ градовите како пренесуваат стари предмети, пластика и сл се сосема друга приказна, за нив ретко кој се грижи. Сепак бројката на коњи во Македонија опаѓа, едноставно, нема повеќе потреба за нив, а пак коњичкиот спорт е скап за наши стандарди за да се развие помасовно.