Морам да признаам дека и јас сум многу изненаден како Милер со 9 одиграни натпревари стана најдобриот германски играч.
Некако на почеток далеку повеќе очекував а и сите постови беа околу тројката Оезил, Марин и Крос. Изгледа сите бевме заслепени од лошите игри на Милер во крајните натпревари во ЛШ.
Па на крај може да се заклучи дека ниеден досега играч немал таква ПРВА сезона во светот на фудбалот како Милер.
19 гола, 12 асистенции за Баерн.
5 гола, 2 асистенции за Германија.
Што е чудо за полушпиц/крило.