Кој студентски дом во Скопје е најдобар?

Член од
30 април 2012
Мислења
30
Поени од реакции
15
Ме интересира ваше мислење, особено вие, поискусните кои можеби сте престојувале во некој од студентските домови. Јас мислам да одам во Пелагонија поради тоа што ако аплицирам за таму многу голема ми е веројатноста да ме примат оти фатив некои врски. Но пред да се истрчам сакам да споделиме мислења за условите во домовите. Гледав и фотографии, но фотографијата не прикажува се! :)
Ве очекувам: :);)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Јас кога студирав, а тоа беше одамна, немаше добар студентски дом -имаше помалку лоши.
Но студентските години се најубави, па ако си мрчатор, никаде нема да ти биде добро, ако си пролагодлива, поважни се цимерките отколку се друго.

И зависи што очекуваш. На времето, во Пелагонија беа само 4-креветни соби, ама секоја соба имаше купатило, речиси секој ден имаше во некој дел од денот топла вода (еднаш немаше топла вода три недели, ама без такви случки, исто како да не си студент:) и чистеше чистачка, што веднаш го прави животот поедноставен. Близу е до центар, но не толку да може секој добронаерник да ти се бапне на кафе.

ЈАс бев во соба што е претпоследна на кат, и беше многу топла, за разлика од комшиките кои беа заледени.

Нема да пишувам за другите домови, сум живеела и во Стив и во Кузман и во Гоце, ама пак ќе повторам: најважни се цимерките! Ако не се погодите, и во Александар Палас нема да ти биде убаво.

Немој да бираш другарки за цимерки.
 
I

Iblis

Гостин
Ве очекувам: :);)
Не се секирај ќе дојдеме на гости :);):P
Инаку за сега, Пелагонија е најдобро среден, ама ЛАнгелина е во право, најважни се цимерите/цимерките.
За делот да не се бираат другари за цимери не можам да се согласам, се зависи од луѓето.
 
Член од
30 април 2012
Мислења
30
Поени од реакции
15
Јас не планирам да бирам другарки, пошто таа шо најдобро ја знам нема да учи во Ск, а за другите немам на ум да делам соба со нив од причина шо мислам дека ако толку се задржам на бирањето цимери може да направам погрешен избор. Вака како ќе ми се паднат, така, сепак верувам у својата способнот да се справувам со секој. :D
--- надополнето: 9 мај 2012 во 16:40 ---
А да ве прашам друго, да не знаете Пелагонија точно во која населба е и колку е оддалечен од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста??? :confused:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.104

Арно ти викаат, немој да бираш другарки за цимерки... :)
 
Член од
30 април 2012
Мислења
30
Поени од реакции
15
Арно ти викаат, немој да бираш другарки за цимерки... :)
абе не бирам другарки за цимерки.. ама нека ми каже некој ако знае колку е далеку од Високата школа.. :D
 
I

Iblis

Гостин
А да ве прашам друго, да не знаете Пелагонија точно во која населба е и колку е оддалечен од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста??? :confused:
Пелагонија е во Кисела Вода, високата школата се води во општина Карпош иако истата се наоѓа помеѓу Капиштец и Козле, веднаш до Министерството за Економија. Одалечено е околу 2 км воздушна линија или 4,5 км со 24-ка до Симпо, па пеш до школата.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Butterfly fly Имаш 30 минути пешачење од Пелагонија до високата школа за новинарство, не е многу. Исто пешачат и тие што се на факултетите на битпазар. :) Инаку за тој факултет подобро решение ти е Пелагонија, пошо Кузман неможеш оти си бруцош. Пелагонија е океј средена, има ред и мир и читална, околината е супер, близу си до центар. Ако имаш врски не се мисли, одма иди Пелагонија. 30 минути за во Скопје пешачење не се ништо, ќе се навикнеш. :)
--- надополнето: 9 мај 2012 во 17:23 ---
абе не бирам другарки за цимерки.. ама нека ми каже некој ако знае колку е далеку од Високата школа.. :D
Пелагонија се најокеј децата од сите студентски, со сите ќе си живееш. Само тешко ќе си најдеш колеги таму пошо на високата школа за новинарство на раце се бројат студентите. :D
 
n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
И јас живеев во Пелагонија цели три години, и тоа во периодот кога прерасна од работнички хотел во студентски дом (ова „прерасна“ можеби не е најсреќно избран израз). Тогаш беше нова и читалната (кајшто запознав илјада другарчиња - банда со која се дружев во текот на целите студии) и интернет клубот (каде „капевме“ во паузите од учење), и фитнес клубот итн.
Моето искуство во однос на цимери (живеевме 4ца во една соба) е фантастично. На почетокот познавав само еден од останатите тројца, ама подобри цимери не можев ни да си посакам. Никогаш никој никому не пререче ништо, во текот на сите три години, никогаш немавме недоразбирања, камо ли посериозни караници....
Во таа смисла, се сложувам со тоа дека цимерите се важни, особено кога живееш со уште 3ца други. И не мислам дека постои правило кого треба да избереш за цимер или не...

Пред некој ден поминував таму и ме фати неккоја носталгија, баш би сакал reunion со ликовите од таму, иако тешко дека е можно тоа....
Не сум живеел во друг дом за да споредувам, ама Пелагонија тогаш беше најскапо, и според мене, најдобро решение.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
„Пелагонија е во Кисела Вода, високата школата се води во општина Карпош иако истата се наоѓа помеѓу Капиштец и Козле, веднаш до Министерството за Економија. Одалечено е околу 2 км воздушна линија или 4,5 км со 24-ка до Симпо, па пеш до школата.„

За скопски размери тоа е близу.
 
T

Tetro

Гостин
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста??? :confused:
најблиску ти е Кузман (15 мин. пешадија), после него Медицинар (Н.Ѓ.Дуња) - го чкртнав намерно, не прашувај зошто, посети го некогаш и види ја мизеријата за постоењето на вакви места.

Кузман ти е прв најдобар со храна, најефтина, најголем избор и најчиста кујна. Исто, најтесен и најмирно е таму.
Особено важно.... Ако немаш чичко-пратеник во собрание, не пробувај да конкурираш тука.
 
Член од
18 октомври 2011
Мислења
166
Поени од реакции
78
Ме интересира ваше мислење, особено вие, поискусните кои можеби сте престојувале во некој од студентските домови. Јас мислам да одам во Пелагонија поради тоа што ако аплицирам за таму многу голема ми е веројатноста да ме примат оти фатив некои врски. Но пред да се истрчам сакам да споделиме мислења за условите во домовите. Гледав и фотографии, но фотографијата не прикажува се! :)
Ве очекувам: :);)
Препорака од поискусен: А да студираш во Штип?
Доста е полесно од државниот во Скопје(ако мислиш да одиш на Кирил и Методиј)
Ова се однесува само ако планираш да студираш на УКИМ
Јас да се запишувам сега повторно, би отишол во Штип без мислење а башка и поевтин е животот таму. P.S. Од Скопје сум и ушам на Економски кој е многу потежок од штипскиот. За тој што сакаш ти да го студираш не знам како е.
 
B

BBlisto

Прашањето е за студентски дом, а не за универзитет...И кога веќе се запишуваш на факултет, не е поентата полесно да поминеш...Тој муабет држеше вода до средно, на факултет веќе треба да гледаш и да научиш нешто...А да не правиме муабет и за фактот што од Скопје до Штип има многу голема разлика во секој поглед...
А да, и Штипскиот секако не е толку признат како што е УКИМ.
 
51743

Тепач на време
Член од
27 октомври 2010
Мислења
47
Поени од реакции
5
Сум ги посетила:стив,гоце,кузман,медицинар.
Заклучок
Гоце и Медицинар не ми се допаднаа. (премногу мизерни услови за живот)
Секако неможам да тврдам со сигурност. Во гоце сум била само во ''Г'' блок, останатите не ги знам.
Стив, машките згради се реновирани (но колку се зачувани тоа незнам), женските, собите се добри (зависи која како), но вецињата некако не се баш најарни.
Кузман изгледа најдобар впечаток ми остави.Тесни се собите но знам дека ќе ни биде заедничка со сестра ми. Јас планирам во кузман да седам, иако гоце повеќе ми одговара за факултетот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom