Девојките, не е дека немаат страв, да го кажат фамозното Те сакам,но имаат повеќе предиспозиции за тоа,за разлика од машките.
Мислам дека и машките би сакале да можат почесто да го кажуваат, но некако, како да е посилно од нив,да премолчат.
Мислам дека не станува збор за храброст,туку за менталитет.
Девојчињата си играат со кукли,ги учат да кажуваат што чувствуваат, дозволено им е да се исплачат.
Машките ги учиме да си играат со коли,пиштоли и други груби игри и играчки.Забрането им е да плачат,зошто нели,ако плачат,покажуваат слабост,а треба да се јаки,силни,моќни.
И сето ова,не за да погрешно ги научиме,туку за да ги подготвиме за улогите во животот,кои природата им ги наменила.
Мажот е тој на кого жената треба и може во секој момент да се потпре и да најде сигурност.И тогаш кога и е тешко и и се плаче,и тогаш кога е среќна,па од среќа плаче.
Додека си играме како деца,со кукли,ние покажуваме и со збор искажуваме нежност,љубов,тага,жал...
Машките додека пукаат со пиштоли,навистина неприродно би било да му викаат на замислениот непријател-Те сакам.
Девојчињата си ги раскажуваат своите чувства,а машките своите доживувања.Има разлика.
Тие се конквистадори (освојувачи), и тие не признаваат дека те сакаат, додека те освојуваат, а ретко и потоа! Не зборуваат за тоа.за нив тоа се подразбира.
Девојките се освојувани и тие кажуваат дали им се допаѓа тоа,дали го сакаат освојувачот,колку го сакаат и зошто.
Често ги невираме мажите со нашите изјави на љубов,но не затоа што не сакаат да ги чујат,или сами да ги кажат,туку затоа што не се навикнати на тоа,не знаат како,се плашат.Тоа не им е баш познато поле и кај нив предизвикува страв од реакцијата.
Мажите се многу храбри,но истовремено иако не зборуваат гласно, знаат да се плашат.Исто како нас.
Живео говорник!!! Фала!