Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Србија нема да се откаже од своите права во Косово заради побрз прием во Европската унија, изјави српскиот премиер Воислав Коштуница во интервју за денешното издание на весникот „Данас“.
Според него, дел од меѓународната заедница на независноста на Косово гледа како на единствена можност за покраината, но таа варијанта има многу недостатоци.
„Предлогот на српската страна за широка автономија има многу предности“, рече Коштуница и истакна дека ставот на Србија не е променет - Косово е законски дел од Србија.
Како одговор на повикот на лидерот на радикалите Томислав Николиќ Косово да се заштити со оружје, Коштуница рече дека за него најважно е дебатите за Косово да се водат прво во Парламентот.
„Парламентот е единствениот вистински, демократски форум, на кој се разгледува прашањето за Косово“, подвлече српскиот премиер.