Овој што се коцкаше до вчера сега ќе кажува како се заработува и како да се заштеди.
Така е се коцкаат само тие што немаат пари, а богатите немаат потреба од тоа и онака имаат пари да си тргаат настрана.
Во Гевгелија одат само боси со 20 евра во џеб.
Во западна Европа не се коцкаат, што знаат они што е казино и дали воопшто има таму, затоа една роднина од Франција изгуби 100.000 евра.
Наместо да ги подели на внуците, да го прошета светот пред умирање реши на 70 години да ги искоцка. И да женско е, да кажеш машко ај.
Се коцкаат наивни личности без разлика дали се сиромашни кои сакаат да се збогатат на ваков за нив лесен начин или се со многу пари.
Не размислуваат што после земање пари на заем и што ако ги изгубат. Тие размислуваат што ќе биде кога ќе добијат, ама додека да добијат ќе се помачат.
Овие што играат на поглеми суми им се заработени без пот, на туѓа мака, немаат на што да ги трошат, немаат никаква занимација, спорт, книги, шетање за нив не е интересно.
Тие брзи кредити или продавници за пари мислиш одиш и си купуваш една вреќа пари и кога ќе имаш вишок, тогаш врати ги.
Кредит до плата, мислиш платата кога ќе ја земе ќе е пак цела. Па толку им фали на просек 400 евра плата да земат 100 или 200 евра кредит со камата околу 600-700 евра не знам пишувам напамет бројки, ама толку треба да е. После никогаш нема да си дојдат при себе, секој месец изедена платата.
Па јас ако треба земам плата за десет дена тоа што треба да го купам ќе го одложам. Ќе размислам дали е итно или не е.
Ама тоа е, кога има народ кој не знае да работи со парите што ги има на располагање без разлика колку и да се. Немаат пари за нешто, а сакаат да го имаат.
Демек ние порано се сме имале.
Кредит за прв роденден во кафана со 100 гости.
Кредит за матурска со 150 гости.
Кредит за породување на приватно.
Кредит за Ајфон на детето.
Кредит за скутер.
Кредит за одмор.
Испружи се колку е долга чергата и не гледај од другите.
После плачат имало ги секаде тие продавниците, имало високи камати, лошо однесување на вработените таму кога ги бараат да ги вратат парите.
Јас би да се уште толку зголемат каматите, освен на станбени и автоматски кредити, па може ќе научат да ги ценат парите.
Не викам воопшто да не се зема, ама кредит се планира на што ќе се потроши и треба да има стабилна работа за враќање на парите. Да се има нешто настрана за не дај боже да дојдат месеци на криза.