Коце Трајанов ќе го рестартирал сатот на старата железничка

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Темава не е најсвежа но гледам нема дискусија на Кајганава па дај да ве чујам...


Трајановски ќе рестартирал споменик


Коце Трајановски, кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на град Скопје, во својата Изборна програма, меѓу другото, ветува дека ќе го рестартира големиот часовник на Старата железничка станица. Симболот на скопскиот земјотрес повеќе од 45 години покажува 5 часот и 17 минути, моментот кога се случи катастрофата на 26 јули 1963 година.

„Се работи за маркантен часовник, поставен над влезот на Старата железничка станица, кој е познат од времето на скопскиот земјотрес од 1963 година, како симбол на сеќавање за катастрофалниот настан. Неговата обнова е клучна поради неговата локација со поглед на улицата „Македонија“ и на Градскиот плоштад. Препознатлив детаљ од градот, кој секој час би го означувал со песна од македонскиот народен мелос и би се овозможило осветление на стрелките на часовникот. И со тоа завршува оваа засега само идеја“, стои во делот на активностите од областа на културата што Трајановски би ги реализирал ако стане иден татко на градот.

Трајановски за „Дневник“ вчера ја образложи својата идеја. Според актуелниот градоначалник на скопската општина Гази Баба и поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, проектот има цел да покаже дека времето во Скопје сепак се движи и не застанало.

- Целта и идејата е да покажеме дека Градот Скопје се развива. Нема да бидат избришани ниту историјата ниту сеќавањето за случувањата во Скопје. Можеби не е соодветно изразувањето, но сакам да покажам дека градот, и покрај се', се развива - изјави Трајановски.Тој ни објасни дека за формата на повторното активариње на овој часовник допрва треба да се расправа.

- Сигурно дека за тоа ќе бидат консултирани граѓаните и надлежни институции. Ќе се почитува Законот. Пред се', ќе го респектираме она што е зачувано со години. Јас сум љубител на она што значи историја. Од друга страна, не значи дека ќе се реализира буквално се' од она што е моја замисла за овој проект - истакна Трајановски.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, смета дека часовникот би требало да остане во времето меѓу 5:16 и 5:17 часот, време што е историски, но и истовремено трагичен момент за Скопје.

- Јас навистина не сум запознат со програмата на кандидатот за иден градоначалник на Скопје, Коце Трајановски. Не знам воопшто која му е идејата и целта. Треба да седнам да поразговарам со него за да можам да оформам некакво мислење. Сепак, сметам дека треба да се зачува еден историски момент со кој би требало да бидат запознати и идните генерации. Генерално, треба да се конзервира и да се реставрира објектот на Старата железничка станица - потенцира Кузман.Јован Шурбановски, директорот на Музејот на град Скопје, кој е сместен во полуразурнатата зграда на Старата железничка станица, се огради од коментирање на ваквата програмска определба на Трајановски.

- Не можам да заземам став за некои туѓи програми. Луѓето може да кажат што сакаат. Тие ќе бидат тие што потоа ќе сносат одговорност за сето тоа. Навистина и не сакам да размислувам на таа тема, особено кога станува збор за политичка програма на кандидат за иден градоначалник на Скопје - заклучи Шурбановски.



извор


Еве колумна во Дневник на темава...


Коце да се ресетира

Ретро-модата доби замав во политиката. Вчера стигна вест дека по 40 години прекин, од 25 мај годинава, фирмата „Луксол“ од Зрењанин пак ќе го произведува т.н. Титов сапун. Своевремено, тој се произведувал по специјален рецепт и бил наменет само за маршалот и за неговото друштво. Во производството учествувале проверени работници, а рецептот за сапунот со арома на момина солза, јоргован и на темјанушка се чувал во најстрога тајност. Ова не е прв обид за комерцијализација на култ од минатото. Неодамна и Хрватите, повеќе на шега, актуализираа една друга идеја - повторно да ја флашираат култната машка вода брендирана како „курњача“. Во времето на социјализмот мажите ја користеле таа вода за истата потреба за која сега купуваат „вијагра“. Таа била толку популарна, што дури и Есма ја спомнала „курњачата“ во некоја своја песна.

Човек нема време ни да анализира колку времето на Балканот се' уште е заглавено во временски процеп меѓу периодот на „курњача“ и смртта на Тито, а веќе со ретро-интервенција на терен истрча и Коце Трајановски, познат како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје. Човекот мислел, мислел и смислил „оригинален проект“ - да ги „рестартира“ стрелките на часовникот на Старата железничка станица, кои сведочат за скопскиот земјотрес. Часовникот ќе работел, стрелките ќе биле осветлени, а секој час ќе бил означуван со една македонска народна песна. Недостига уште пиленце да кука од часовникот. Коце вели дека оваа обнова била многу битна, затоа што часовникот имал поглед на улица Македонија. Каков несоборлив аргумент!Наместо „часовникот да фрла поглед“, Коце нека фрли поглед на улица Македонија за да види дека таа на три места се' уште е означена како „Маршал Тито“.
Патем, ако сака да слуша народни песни на секој саат, нека си купи радио, MP3, MP4, I Pod... Часовникот на железничката треба да сведочи само за катастрофата од 1963, а не за авантурите на партиски дилер на ретуш-рурални идеи. Можеби Коце сака да ни подари уште постар и поубав часовник (како што еден милитант го ветуваше тоа за Дубровник) ама тоа едноставно не може. Попусто тврди дека сакал да покаже оти времето во Скопје се движи, не застанува. Од досега приложеното, Скопје стои, само глупоста се движи. Се надевам дека нема да му текне да ја „рестартира“ и поплавата од 1962 година.Но, идејата на предлагачот не мора да биде целосно отфрлена. Коце секогаш може да си ги рестартира заглавените стрелки на својот часовник, рачен или биолошки, сеедно. За првиот нека се обрати кај кој било саатчија, а за биолошкиот - не знам. Можеби не е доцна да проба „курњача“.
Катерина Блажевска




Еве мој блог пост на темава...


Коце - Топ Шоп


Читам денес во Дневник, Коце Трајановски, кандидат за градоначалник на главниот ни град, решил да го рестартира сатот на Старата железничка станица.

Освен шо ќе му мавнел рестарт, ќе му опнел и формат, па ќе му го делитнел споменот од шеестрета, бидејќи не бил важен.
Јебеш шеестрета, двајспрви век дојде.
Модерно време, модерни кандидати, модерно размислување, и модерни идеи.
Наместо споменот на земјотресот Коце решил од сатот да прави атракција. Така на секој час ќе ни пеел по некоја народна песна. Не знам како заборавил да стави и играорци во изборната програма па на секој час да играат долу под сатот.
Ако ви текнува, едно време на Топ Шоп рекламираа еден часовник, додуша ѕиден, ама и тој на секој час пееше. Бидејќи беше кинески производ и бидејќи во Кина немале убави народни песни, од него пееја пилиња.
На секој час се огласуваше различна чучулига. Објаснувањето беше дека вашите деца ќе почнеле да ги распознаваат птиците и со тек на време ќе навлезеле во тајните на животинското царство. Како нуспојава се споменуваше спобудалувањето на родителите ама тоа е помалку важно, нАли?

Коце пак објаснува дека сакал да покаже како тоа градот се развивал.
Не викам не, градот се развивал, туку кога ќе почне да се развива сивата маса кај македонските политичари е прашањето.






И еве едно јутјуб видео за муабетов...






Ај сеа ваше мислење за Коце и неговава точка во програмата...
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Досега беше Трифун од една страна, Груjо од друга, Бране од трета, имаше спротивставени мислења нешто во државава. Сеа бате коа ќе се стаат, Грујо, Коце и Ѓорѓе од иста страна...има ако сакаат часовникот наназад да иде да го напраат. :D
 

oBi_VaN

Is the man!
Член од
11 ноември 2007
Мислења
756
Поени од реакции
21
Ма лудак е, по фаца му се гледа.... Многу моронска фаца....
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Pa sto ocekuvas od covek koj nema faca za javna licnost, osven da lupne nevidena glupost?!!!
Ke ja "izbrisal" memorijata na skopjani!!! Vidi, vidi, jebemti akal tvoj ja, jebemti....

Nego, najinteresno bese na debatnata emisija na Telma, koga novinarkata go prasa za saatot, se zbrka covekot.... ne ke go restartirame, ne nema, ne nov nekoj casovnik nad nego ke izgradime ( koja debilnost, koj nedostatok na sens za estetika da go ebam.... ke postavel drug casovnik )... ocigledno ne ni znae sto u opste pisuva u taa negova programa.... koj li ja pisuval?!!! Sigurno ima udel i nekoj od nasite soforumdzii....
kaj si, pojavi se....:vozbud::vozbud:
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Кој дебилизам еј. Ај и Ајфелова кула нека ја рестартираат. И статуата на слободата, кој кур, 21век сме. Што ќе ни се стари спомени. Дебил бе. Како бе човек воопшто смее да помисли на такво нешто? Ај од Кале јавна куќа да направиме а? Камењата од Камени Мост да ги продадеме, пара ќе напраиме.

Кале, Стара Чаршија, Манастири, Џамии, Камен Мост, и покрај другото и круг до кај саатот. Тука, на тоа и тоа време, ни се еба мамата. Затоа Скопје денеска е тоа што е. Дека тогаш, се урна. Досега се обидуваме да го градиме.

Ама ете, од идиоти, никако на град да заличи..
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Коце за претседател!:tapp:
Море јас мислев дека само кај нас во Струмица имаме забегани кандидати за градоначалници но во другите градови биле уште позабегани :pos2::pos2:.
Поголема глупост од ова немам слушнато од кандидат за градоначалник.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.301
Кандидативе уште трева и г** да пројадат за публицитет. Добро е сеуште не почнале згради да уриваат за да најдат некој византиски лонец. Да не им текне само...

Само за споменици се збори, а за народот лепче?
 
N

n/a

Гостин
Мани што е апсолутна глупост тоа што го намислил...
него и суеверен сум у.п.м. ...
маани,нека не се чепка у тоа саатот и засекогаш нека остане закочен.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
kakvi идеи добиваат, бог да чува.....:tapp: ако го ресетираат саатот, нека ја срушат цела зграда поарно!
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Nego, najinteresno bese na debatnata emisija na Telma, koga novinarkata go prasa za saatot, se zbrka covekot.... ne ke go restartirame, ne nema, ne nov nekoj casovnik nad nego ke izgradime
Рекол дека уште еден ќе изградел? :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Да беше Паско Кузман уш печес ќе изградеше :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.812
Поени од реакции
12.301
Коментар преземен од Дневник
Генијална идеја. По истекот на мандатот Трајановски би можел да се кандидира за градоначалник на Пиза, па да им ја исправи кулата. Мартин
:pos2:
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Супер ! Таман ќе ни тргне, а бевме заглавени на 26.07.1963 година.:pos2:
Живео друг Коце !!
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Генијална идеја. По истекот на мандатот Трајановски би можел да се кандидира за градоначалник на Пиза, па да им ја исправи кулата. Мартин
:pos2:

Стварно дебилна идеја...
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
kako so gledam koj i da bide gradonacalnik na Skopje na Skopje crno mu se pisuva:kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom