Конфликтот во Сирија

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Не гледате дека е трол
Поголем трол од тебе нема.
Автоматски споено мислење:

Ако не те мрзи дај малку подобјасни ми, не ме е јасно што бара Турција во Сирија? Со што ја правда својата интервенција во Сирија?
Правилно ако гледаме треба сите да се повлечат од Сирија. И Русија, и САД, и Турција. Бидејќи сите до еден се окупатори и агресори..
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.443
Поени од реакции
5.164
Почна под изговор дека ќе ја чува турската граница поради ескалација и си навлезе подлабоко и подлабоко во сириска територија.
Па да де, ја ослободува Сирија од Сиријци!

Правилно ако гледаме треба сите да се повлечат од Сирија. И Русија, и САД, и Турција. Бидејќи сите до еден се окупатори и агресори..
Многу правилно гледаш, извади тоа наочарите.
Може краток одговор, како тоа РФ стана окупатор на Сирија, и дали и џихадистите од Косове и Северџистан кои се таму борци за слобода по ослобудувањето на Сирија би ги стаил у парљамент -сирискиот во нашиот веќе ги има?
 
M

Macedon1um

Гостин
Целта на Путин беше Турција целосно да се повлече од Сирија. Но според договорот Турски војници сепак остануваат во Сирија. Јас бар како што гледам турските услови горе долу се прифатени во Сирија. Работата беше Путин да го натера Ердоган целосно да се повлече од Сирија, како што велеше и самиот. Ево сега читам баш аналитичарите во Русија го критикуваат Путин за договорот со Турција.
Па не знам баш колку му е на Путин крајна цел да ја острани Турција од Сирија, ама дека Турција малку по малку губи тактички тоа е сигурно

Сега во оваа ситуација изгубија 75% по пат на сила од предходната замислена демилитаризирана зона, а со новиов договор нови 40% од Идлиб би требало да бидат без екстремните исламистички фракции. Веќе се шушка дека Турција пак им се спрема на Курдите во Северна Сирија, така да тој потег ќе биде уште еден од низата „мастреални“ потези на Ердоган кој ќе ги натера Курдите да бараат помош од Русија и ќе ги фрли во скутот на Асад така да види ти кој тука добива..
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.161
Поени од реакции
3.397
Ердо мош пак и се спрема ама и Асад и се спрема поодамна како што кажав, вчера на интервју кое е правено или вчера рано сабале или некој ден претходно, значи пред да излезе договорот он зборува за курдите и сл, а дури на крајот ја спомнува Турција, значи јас очекувам во многу скоро време да има протерување на америте (главно зависи од ситуацијата во Идлиб).

Со вчерашниот договор сите обврски се од страната на Турција/борците за човекови права, а користа е на Сирија,
нема којзнае колку точки, ама најинтересни се 6км зона без терористи и обврска на Турција да ги елиминира лошите терористи.

Јас искрено не верувам дека се ќе се иплементира, ама како што кажав прво ќе оди да се исчисти преку реката, па потоа ќе видеме како ќе се решава проблемот со Турција,
дипломатски можно е да се даде амнестија на добрите терористи, некоја автономија и сл.
или пак воено, за двете опции ќе биде како што ќе каже Русија.

И за оваа кое што се зборува насекаде за убивањето на 33 турски војници (од тајни очевидци), се зборува дека во тој момент имало 2 руски и 2 сириски авиони, ама руските се оние што ги бонбардирале турците.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Поголем трол од тебе нема.
Автоматски споено мислење:


Правилно ако гледаме треба сите да се повлечат од Сирија. И Русија, и САД, и Турција. Бидејќи сите до еден се окупатори и агресори..
Русија е повикана од страна на Асад, т.е. легалната власт на Сирија.

Руското присуство во Сирија е единствено правно/законско регулирано по правилата на ОН.

Ердоган одамна ја прокоцка својата шанса во Сирија, сега ќе си оди од таму кога и да е. Оваа авантура претпоставувам беше само желба на америве да ја заглават Русија во уште подолга војна во Сирија.
Автоматски споено мислење:

Па не знам баш колку му е на Путин крајна цел да ја острани Турција од Сирија, ама дека Турција малку по малку губи тактички тоа е сигурно

Сега во оваа ситуација изгубија 75% по пат на сила од предходната замислена демилитаризирана зона, а со новиов договор нови 40% од Идлиб би требало да бидат без екстремните исламистички фракции. Веќе се шушка дека Турција пак им се спрема на Курдите во Северна Сирија, така да тој потег ќе биде уште еден од низата „мастреални“ потези на Ердоган кој ќе ги натера Курдите да бараат помош од Русија и ќе ги фрли во скутот на Асад така да види ти кој тука добива..
Нема што Курдите да бидат фрлени во скутот на Русија, после се што се случи Курдите на никого ништо не му должат и мора да си го гледаат својот интерес, така да најдобро ќе му биде да направат ситуација како што имаат во Ирак.
 
Последно уредено:
M

Macedon1um

Гостин
Ердо мош пак и се спрема ама и Асад и се спрема поодамна како што кажав, вчера на интервју кое е правено или вчера рано сабале или некој ден претходно, значи пред да излезе договорот он зборува за курдите и сл, а дури на крајот ја спомнува Турција, значи јас очекувам во многу скоро време да има протерување на америте (главно зависи од ситуацијата во Идлиб).
Изјавата на Асад околу Турција беше докторски изведена, го подјебава и он за уште поголемо незадоволство да се случува внатре во Турција против Ердоган. Имам пријатели во Турција и они се на сличен став, дека Ердоган за лични партиски и идеолошки причини праќа Турски деца (војници) да гинат бранејки терористи

Erdoğan’s radical ideology is the issue, not Turkey, Assad says
Syrian President Bashar Assad blamed Turkey’s leader, not his country, for the heavy Turkish involvement in Syria’s almost nine-year-old war.

Нема што Курдите да бидат фрлени во скутот на Русија, после се што се случи Курдите на никого ништо не му должат и мора да си го гледаат својот интерес, така да најдобро ќе му биде да направат ситуација како што имаат во Ирак.
Они гледаат свој интерес ама САД ги заебава и им пушта водичка што резултира со тоа они да имаат преголеми амбиции во Северна Сирија над нивните можности. Еве мислиш дека ќе прифатат автономија во рамкиве на мапата подоле со оглед дека во моментов контролираат скоро се Источно од Еуфрат ? Додај на ова и дека Турција како регионална сила тука се прашува, во моментов Африн и дел од Кобане кантонот под нивна контрола а не сум сигурен дали некој е спремен да се бори на нивна страна


1.png
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431

Ангажираноста што ја покажа во Сирија и општо Блискиот Исток даде сериозна полетност на нео-отоманските амбиции на Ердоган. Меѓутоа по неколку инциденти кои речиси целосно и да ја пресекоа папочната врска меѓу Западот и Турција, битката за Идлиб стана можност за Ердоган во пракса да ги провери своите капацитети.
Па откако кон крајот на февруари 33-ца турски војници загинаа во напад на сириските сили (поддржани од Русија), Ердоган одлучи на помош да ги повика сојузниците од НАТО, кои скоро и да го изигнорираа барањето на својот сојузник.
Ердоган потоа директно им се одбрани на САД да им го побара Патриот одбрамбениот систем, и таму имаше уште помал успех отколку со НАТО сојузниците, главно затоа што на САД уште ни најмалку им нема попуштено лутината околу турската набавка на рускиот С-400.
„Тоа што го видовме во Идлиб е срамот на империјата на Ердоган. Неговата визија дека Турција може да биде самостојна сила се покажа како комплетно погрешна,“ објаснува Сонер Чагаптај од Вашингтонскиот институт за блискоисточна политика.
Не дека Ердоган немаше успеси до сега. Пример, Туркиш ерлајнс е авиокомпанијата која лета до најмногу држави во светот, со што ги отвора можностите за навлегување на турското влијание, а турски серии се емитуваат во над 100 држави. Ердоган игра сериозна економска и политичка улога во Африка и на Балканот, успеа во своја корист да го сврти Трамп кога се Курдите во прашање, а на Медитеранот „присвои“ огромни водни пространства кои Грција тврди дека се нејзини.
Неговиот обид за инсталирање наклонети лидери низ арапскиот свет првично вроди со плод, но по неколку години издиша. Така Морси во Египет беше соборен со државен удар, исламистичката партија Енхалда во Тунис одлучи да се повлече, а напорите во Сирија беа пресретнати од руската интервенција во 2015. Во Либија владата признаена од О.Н. (поддржана и наклонета кон Анкара), е под воена опсада од милитанти поддржани од Русија, Египет и Емиратите.
Од сето ова најголемата болка на Ердоган веројатно е Сирија, каде постојано се бори за спречување на создавањето на курдска држава, која би била водена од сојузници на Курдската работничка партија. Стравот е дека каква била појава на курдска држава во регионот би довела до обединување на курдските територии во Сирија, Ирак и Турција, што е најстрашниот исход за која било турска владејачка гарнитура.
Инаку, Идлиб се уште останува последното упориште на сунитските Арапи и Ал Каеда радикали кои требаа да му помогнат на Ердоган во соборување на власта на Ал Асад во Дамаск. Свесни за ова, и со намера да ги отворат двата најважни автопати во земјата, сириските сили поддржани од про-ирански милиции и руска авијација, тргнаа во освојување на провинцијата, по што и изби судирот (за сега само дипломатски) меѓу Турција и Русија.
„Во моментов малкумина од традиционалните турски сојузници на Западот се волни и способни да го извадат Ердоган од проблемите во Идлиб. Тоа го остава него зависен од Русија, која го контролира воздушниот простор, а со тоа има и предност во каква било воена ескалација.
Публиката на Ердоган е публика од еден човек: Путин,“ изјавува Емил Хокајем од Меѓународниот институт за стратешки истражувања.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
:aplauz::aplauz::aplauz:

Браво дечки... уживав да ве читам деновиве. Забава на максимум :D

Изгледа јако сте ги преспале последните 3 и пол години :pos: Абе нукеларки извадовте :vozbud:

Очајните Курди (кои никогаш не одбрале правилен сојузник во правилно време) се испотепаа да објават слики од статуи и детаљи како небаре ги наредиле сега :tapp: А вие уште поочајни реобјавувате као демек смислена симболика.

Тешко на рускиот и турскиот народ со вакви лицемерни претседатели....
Прегледај го приврзокот 236429
Овој пост ме збуни малце. Мислев се наоѓам на темата Психологија, многу фацијални експресии се анализираат.

Ајде бе лепотане покажи уште нешто од твоето знаење во полето на Психологијата или најди било каква слика па макар и фотошоп каде што се понасмеани, ако ти значи нешто изразот на лицето :facepalm:



 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
:aplauz::aplauz::aplauz:

Браво дечки... уживав да ве читам деновиве. Забава на максимум :D
Се надевам дека ќе ти продолжи забавата, и ќе има уште многу смеа меѓу Путин и Ердоган како што имаше деновиве :D
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
:vozbud:
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Се надевам дека ќе ти продолжи забавата, и ќе има уште многу смеа меѓу Путин и Ердоган како што имаше деновиве :D
Тешко дека Ердоган влезе во оваа авантура мислејќи дека е ова игра. Ти убаво објасни Ердоган мора да го прави ова, инаку ќе продолжеше со играње на две три столици, само најверојатно има некој кој му диши во вратот, а тоа е најверојатно секуларната армија.
„Секуларната армија“ е трајно минато свршено време веќе 10 години, од референдумот 2010 г. Еве ти ја секуларната армија...

 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Тие што се палат за Путин и Ердоган им се сомневам на коефициентот на интелегенцијата.:tapp:
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.968
Тие што се палат за Путин и Ердоган им се сомневам на коефициентот на интелегенцијата.:tapp:
Путин и Ердоган за тие папагалите на профилна кај тебе знаеш што се?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom