Компромис во брак. Каде е границата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Artemisia Vulgaris
  • Време на започнување Време на започнување
Каков е процентот на доманкинки на западов? Како кај нас на балканот порано што бил е?
 
...па која учителка не сака нека седи дома нека не работи, малку млади кадри идат во ЕУ по работа? тоа не е оправдување, едноставно треба да се соберете повеќе мајки со таква потреба и да побарате од државните институции такви специјални градинки со ноќно работно време, барем таму има поголема грижа за вработените мајки и деца, а социјални служи знаат да пратат??!
аааааа, не може така, немате иницијатива, инертни мајки сте ќе се расправате со постарите од семејството, со сопругот, кој да го чува детето, а никој не се соочува и расправа токму со тие државни институции кои и те како има грижа за децата и мајките, за разлика од Балканот!
ане е баш така бијонс, не е тие што не сакаат нека седат дома, ниедна не сака. И тие се мајки и тие трчаат да си ги земат децата од некаде. Никаде во светот нема такво нешто
 
... па уште подобра причина да се има, не се сите мајки како прво па да не се најдат вработени, а сите професии како и медицината каде има нели сменска работа, дежурство како сакаш, тие не се мајки оделени од децата!
 
Бракот или врската не треба да биде затвор, т.е. место каде што ги затвораме и гушиме нашите желби, туку треба да биде врска помеѓу двајца луѓе кои меѓусебно се сакаат, ценат, почитуваат и охрабруваат да бидат подобри и поуспешни на било кое поле.

Во суштина добрата комуникација е клучна за било каков успех. Уште на сам почеток треба да си поставите јасни граници на кое поле би се ''жртвувале'' и за што сте подготвени да бидете пофлексибилни, а за што не.

Дали би правела жртва во ситуацијата погоре?
Да, ако партнерот подобро заработува од мене и ако иднината е поперспективна. Доколку е обратно, би очекувала за возврат да го добијам истото од партнерот. Мислам дека сум во состојба сè да жртвувам за доброто на семејството (нема нешто што ми е побитно од тоа).

Логички добро размислување, добро звучи, праведно, арно ама дали би важело за сите аспекти во бракот

Ако земеш во обзир други фактори, во иднина ќе имате голем проблем, ако партнерот направил компромис врска конкретната ситуација што ти ја напиша со работното место и платата.
Како жена која е поуспешна, повисока позиција, која што повеќе ќе заработува, природно ќе ти дојде да почнеш да го гледаш како неуспешен, ќе почнеш да му префрлаш, со тек на време ќе се оладиш за него, а богами и тој од тебе бидејќи често ќе биде потсетуван дека помалку вреди и оп отиде фамилијата. Нормално некои жени би внимавале до тоа да не дојде, но пак ќе повторам, тоа си е природно, тоа се нашите основи, инстикти, па во големо искушение ти ќе бидеш да не дојде до тоа.
 
А зошто мојот партнер е замислен како помалку успешна личност од мене од твоја страна :D

И мислам дека убаво кажав. Ако е поуспшен од мене и подобро заработува од мене, би правела жртва јас за доброто на семејството. Е сега цел живот да бидам на негов грб нема шанси, ова за почеток за погоре дадената ситуација.

Ако сум јас поуспешна и подобро заработувам, истото очекувам да го направи и партнерот.

Ако не успееме да се разбереме, тогаш имаме проблем.
 
Зошто успех со заработка мешате, не мора да значи дека ако некој е добар у нешто дека заработува многу. Тоа у МК се покажало барем многу пати. Од друга страна заработката е многу тесно поврзана со моралниот кодекс на луѓето. На пример еве ја да земам да бидам расипан и да ги крадам муштериите ќе заработам екстра 500 до 1000 евра месечно може и повеќе, и тоа без да ме откријат.....дали е тоа успешност?
Или некој уметник прави ненормално убави слики а у моментот не продава ништо...дали е тој успешен уметник?
Милион примери вакви има.
 
Се согласувам, не би требало да значи дека ако си поуспешен и повеќе заработуваш. Али да не се лажеме дека четири усти се хранат само од успехот на таткото или мајката. Така да перспективност!
 
... па уште подобра причина да се има, не се сите мајки како прво па да не се најдат вработени, а сите професии како и медицината каде има нели сменска работа, дежурство како сакаш, тие не се мајки оделени од децата!
Па еве тоа и во првиот пост пишано, и двајцата имаат и ноќни смени и нема кој да ги лува децата :)
Убаво звучи да, ама чим нигде во свет не сум го сретнала значи има зошто го нема
 
Каков е процентот на доманкинки на западов? Како кај нас на балканот порано што бил е?
Не следам многу инфлуенсери, али сум налетал на дечково од сликите, и бидејќи менува доста работни места на кои има честа интеракција со „домаќинки“, изгледа дека бројот на истите е доста висок. Исто имам забележано дека најчесто станува збор за парови каде домаќинот заработува прилично добро, и често патува, па понежната половина ја презема жртвата и се грижи за домот.

BeFunky-collage.jpg
 
зошто мојот партнер е замислен како помалку успешна личност од мене од твоја страна

Јасно ми е дека нема шанси да одбереш маж кој ќе е помалку успешен од тебе и тоа е сосема ок, природно си е тоа.

Муабетот беше само за овој дел:
Ако сум јас поуспешна и подобро заработувам, истото очекувам да го направи и партнерот.

Во реалност ваквата состојба од твоја страна тешко дека ќе биде прифатена, после некоја година, мажот нема да ти е предизвик. Затоа биди сурово реална, а не политички коректна и во иднина не пишувај бајковити опции.
Со твоево напишано само го потврдуваш моето и нема ништо лошо во тоа :гик::
зошто мојот партнер е замислен како помалку успешна личност од мене од твоја страна

Значи за повеќето жени, во случај каде и двајцата би имале слични идни примања, поприродно би било жените да намалат со амбициите, додека да пораснат децата (7-8г). Тоа не значи дома затворени. морав да допишам за да не скокнат исплашените феминистки.

Зошто успех со заработка мешате, не мора да значи дека ако некој е добар у нешто дека заработува многу.

Затоа што на крајот од денот, парите се тие што ти обезбедуваат да живееш.
Викаат со парите не можеш да купиш среќа, ама па без пари не можеш ништо да купиш, затоа помалку филозофија.
 
Жена како жена, ако е способна сама да си се издржува не и треба маж.

Тогаш е феминистка и се бори за родова еднаквост, мисли дека е еднаква со мажот па и повеќе.

И да е разведена баш и е гајле

Во спротивно сопругот/мажот го бира : по пари,по струка,функција, моќ,по тоа што ке наследи од својот татко, и колку може да заработи.
 
Последно уредено:
Затоа што на крајот од денот, парите се тие што ти обезбедуваат да живееш.
Викаат со парите не можеш да купиш среќа, ама па без пари не можеш ништо да купиш, затоа помалку филозофија.
Има луѓе што уживаат у тоа што го работат иако немаат огромен ќар од тоа. Иначе се слагам со тебе, и ја сум со исто мислење.
 
Французинка не се наоѓаше а македонка ќе требаше со нив да живее, не сакаа да си ја изгубат приватноста :)
На цела невработена Африка толку неможеле Французинка да најдат ?
 
Јасно ми е дека нема шанси да одбереш маж кој ќе е помалку успешен од тебе и тоа е сосема ок, природно си е тоа.
Немој да и судиш на книгата врз основа на корицата драг Бафра.

Во реалност ваквата состојба од твоја страна тешко дека ќе биде прифатена, после некоја година, мажот нема да ти е предизвик. Затоа биди сурово реална, а не политички коректна и во иднина не пишувај бајковити опции.
Сакам да ми биде предизвик, сакам интелектуално да ми парира, ама свесна сум дека тоа не е поврзано со професијата, ниту заработката.

Значи за повеќето жени, во случај каде и двајцата би имале слични идни примања, поприродно би било жените да намалат со амбициите, додека да пораснат децата (7-8г). Тоа не значи дома затворени. морав да допишам за да не скокнат исплашените феминистки.
Јас сум спремна да го направам тоа. Во најлош случај спремна сум дури и да жртвувам кариера за семејство. На прво место ми е семејството. И не глеам ништо спорно во мојот муабет.
 
На цела невработена Африка толку неможеле Французинка да најдат ?
повторувам, не сакаа да си ја нарушат интимата и да носат некој дома да им живее со нив, секој со својот избор така?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom