- Член од
- 12 февруари 2014
- Мислења
- 7.971
- Поени од реакции
- 25.581
Ајде да позборуваме за правење компромис во брак, до кога и колку.
Можеби насловот и воведот на темата не се доволно јасни, па да образложам...
Кога ќе размислам, тоа што било огромен компромис во минатото за мене, сега ми изгледа како мал „проблем“. Пример, лично јас и мојот партнер порано се соочивме со огромен предизвик, односно кој од нас двајца ќе си ги собере парталите, ќе даде отказ од работа, ќе го остави цел живот зад себе кој го градел со години и ќе се пресели кај другиот. Тогаш, ова ми изгледаше како голем проблем, што реално и не е мал, но работите стануваат многу покомплицирани откако ќе се вклучат и деца во сликата. Имено, моментално се соочуваме со следниот предизвик: јас давам отказ од работа која воопшто не ме исполнува, наоѓам подобра работа, со поголема плата итн. Тој добива понуда за сезонско унапредување со шанси за продолжување после сезоната, подобра плата и повеќе отворени врати после ова работно искуство. Двајцата среќни и весели затоа што конечно ќе имаме слободни денови заедно(инаку работевме во различни денови, за еден од нас да се грижи за детето), но проблемот настанува тогаш кога сфативме дека во некои денови, не само деновите, туку и смените ни се поклопуваат и дека ќе нема кој да се грижи за детето скоро цел ден и навечер. За среќа, проблемот кај нас ќе може да се реши затоа што најмивме баби, дедовци, тетки, братучеди(дадилка се наоѓа многу тешко), па некако ќе се организираме со нив. Но пред да ни дадат зелено светло, имавме „оу шит“ ситуација во која почнавме да дискутираме и ставаме на вага кој треба да се откаже. Ниту еден од нас не сакаше другиот да се откаже, а ниту пак сакавме самите да направиме жртва.
И од тука инспирација да ја отворам темава. Како вие би постапиле во оваква, или слична ситуација?
Не се ограничувајте само на мојава случка. Дали некогаш сте се нашле пред оваков предизвик со партнерот? Како го решивте и каде е границата, односно колку и до кога треба да се прави жртва? Дали сметате дека е правилно некогаш да прифатиш некаква понуда која ќе биде во твоја полза, но ќе се одрази негативно врз партнерот?