Колку финансиската криза би можела да ги наруши добрите односи во семејството?

Член од
2 мај 2008
Мислења
75
Поени од реакции
3
Што мислите..дали и колку, економската состојба во семејството ги одредува и односите меѓу членовите? Дали послабо ситуираните семејства се и помалку хармонични и обратно? Прашањето е дали и колку влијае, не дали 100% од тоа и ќе зависат односите во семејството..
 

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
e одлична тема на право место!финансиската состојба може многу да влијае на хармонијата во семејството,но немра и тоа да е 100%,зш многу богати семејства,на кои ништо не им недостасува-финансиски,постојано се караат или се во фрка по работа-бизниси,и нивните деца најчесто страдаат од недостиг на љубов и внимание и запаѓаат во проблеми,брачние партнери не ни се гледаат и сл....,додека некои пак немаат многу средства,но сепак се собираат секој ден заедно на ручек и разговараат,иако немаат доволно и да преживаат!сепак,има многу случаеви кога караници настануваат во семејството зш нема пари,се расправаат кој колку бара,кој колку трочи и заработува и сл....но заедничко рзбирање и труд може да се постави средина и хармонија во семејството!
 

The_Freelancer

Хиперактивен интелект
Член од
7 октомври 2008
Мислења
438
Поени од реакции
16
Mislam deka finansiskta situacija moze vo golema mera da vlijae na harmonijata ov edna familija, no isto taka toa e i period koga familijata treba da bide slozna i da se drzi zaedno za toa da se prebrodi.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Може и тоа многу.Не 100%,ама има огромно влијание.Конкретно за родителите,колку и да се сакаат,ќе се јават големи несогласувања за тоа кој колку троши,зошто троши и како троши,секој денар се замерува и тие замерки колку и да се ситни,штетни се и тоа многу,кога се повторуваат секојдневно.Односот на родителите спрема децата не ми се верува дека би се нарушил,сепак детето се сака какво и да е,ама ретко кога децата имаат разбирање спрема родителите,дека не можат да им се дозволат некои работи,дека нема средства за некои нивни желби и слично,и сето тоа придонесува за нарушување на семејната хармонија.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Може да влијае само во однос на напнатоста. Но не може да се каже дека може тотално да ги наруши добрите односи.
Сепак во семејството хармонијата постои поради љубовта и разбирањето, а не поради парите кои ги има повеќе или помалку. Не би рекол дека послабо ситуираните се помалку хармонични затоа што кажав дека парите не се основа на хармонијата. А сметам дека оние кои се појаки со финансии имаат хармонија, но ја немаат истата топлина. Во тавките семејства се дава некоја голема слобода поради што се отвара една дупка на оддалеченост помеѓу членовите. Но сепак, хармонијата постои најчесто во секој дом, било тоа куќа на 5 спрата или еднособен стан.
 
B

Blacks

Гостин
Како што рече Гладиус, не може целосно да ги наруши односите во семејството но напнатоста може да се осети и тоа на големо. Сите сме способни многу повеќе да сакаме или да помагаме и толерираме но само ако џебот ни е полн. Ако имаме недостаток на финансии ни се активира "себичната жичка". Тогаш 80% од времето мислиме како да излеземе од тешката ситуација и работите како љубов, внимание кон најблиските ги занемаруваме.
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Може и тоа многу.Не 100%,ама има огромно влијание.Конкретно за родителите,колку и да се сакаат,ќе се јават големи несогласувања за тоа кој колку троши,зошто троши и како троши,секој денар се замерува и тие замерки колку и да се ситни,штетни се и тоа многу,кога се повторуваат секојдневно.Односот на родителите спрема децата не ми се верува дека би се нарушил,сепак детето се сака какво и да е,ама ретко кога децата имаат разбирање спрема родителите,дека не можат да им се дозволат некои работи,дека нема средства за некои нивни желби и слично,и сето тоа придонесува за нарушување на семејната хармонија.
Се согласувам.Но сепак зависи и до карактерот на детето.
Еве на пример јас никогаш,ама баш никогаш не сум се скарала дома заради пари,можеби тоа е и заради тоа што ретко кога ме одбиле за нешто,ама и ја сум свесна за финансиската ситуација и не барам којзнае што.Сепак може да се најде некој баланс,и низ разговор да му се даде до знаење на детето дека парите не се најбитни во животот,и ако сака да има повеке со малку повеке труд,лесно може да стигне до нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom