Колку време најмногу имате издржано без спиење?

  • Креатор на темата Креатор на темата LostGhost
  • Време на започнување Време на започнување
Скоро 3 дена , не знам точно саатни , ова зимо кога работев 9 месеца без прекин 3та смена .. жими се , кое се видов у огледало 3тиот ден , за малце не земав пумпарицата да се упукам , изгледаше како нешто што од Half-Life излегло ..

Плус немањето сон делува на телото и психата и тоа многу !
 
Колку што се сеќавам, 30 саати, лани летоска на одмор ко одев. Цело време под допинг бев ради што морав на +40 да возам, без клима
 
Ова без пиење кафиња или со? Веќе сум навикнам од 6сабајле до 4-5сабајле другиот ден.Само ако сум настинат или болен, неможам ни 10 саати да издржам.
 
30 сати лани летото. Никогаш не би го повторил.
 
Околу 36 часа и последните часови пред да заспијам ми беа толку чудни и необични, почнав да мешам и имиња и да заборавам работи и така натаму... А потоа пак не спиев како што треба, бев како во полусон.
 
26-27 часа некаде, без кафе. Ама онака бевме собрани друштво и се издржа некако со оглед на тоа дека во денот спијам просечно 10 часа.
 
Јас го срушив пред некој ден рекордот,во петокот се разбудив кај 11 часот утрото а легнав да спијам дури во неделата. Скоро 48 часа и повеќе...
 
Лесно е да не спиеш. Поинтересно е да изджиш да спиеш подолго од 12 сати. Мој личен рекорд во спиење (без помош од алкохол и слични супстанции) е 16 сати, со кратки паузи до вц.
 
Немав спиено саламно последниве 5 дена , синоќа си легнав у 3 а требаше да станам во 4:15 да завршам една важна работа го ставив телефонот до мене се отепал од ѕвонење 14 пропуштени повици и пак не сум слушнал + аларм ... сега се будам и сиот wtf ...:tapp:
 
Немав спиено саламно последниве 5 дена , синоќа си легнав у 3 а требаше да станам во 4:15 да завршам една важна работа го ставив телефонот до мене се отепал од ѕвонење 14 пропуштени повици и пак не сум слушнал + аларм ... сега се будам и сиот wtf ...:tapp:

Па затоа бе пријателе се користи ваков аларм

59ubu9.jpg


Се става на правилното место, го навиваш колку сакаш да ти ѕвони и успивање нема!:D
 
30 саата и се осеќав многу чудно, не знам како да објаснам само знам дека бев како пијана и што ми е уште по чудно нон стоп се смеев. :tapp: o_O
 
си поставив личен рекорд во неспиење. Цели 3 дена и не бев уморен. Од неделата, дури сабајлево у 8 си легнав. Ако не сакате да спиете, а да не се чувствувате изморени...тродупло нескафе (не со млеко) и едно или две аналгинчиња:). Ах, да. Има неколку лоши работи. После вториот ден имаш киселини у стомакот, дехидрираш многу побрзо од обично и ако не продолжиш да земаш нескафе и аналгин почнуваат да ти се тресат екстремитетите.
 
еднаш успеав да останам 3 дена будна бидејќи имав многу за учење и тоа ми беше многу лошо искуство...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom