Кои се попријателски настроени домаќини: Охриѓани или Грците?

Кои се подобри туристички домаќини?


  • Вкупно гласачи
    205
R

Rigel Kent

Гостин
http://ohrigani.mk/?p=2529

Здраво јас сум Бојана А. Имам 32 години и живам у Скопје. Со задоволство секогаш е читам вашата страница, и секогаш знаете да ме насмеете со вашите статии и слики.
Има многу статии на вашата страница околу цените у Охрид. Еве сега јас реално ќе ви кажам што мислам лично јас.
До пред една година секогаш идев у Охрид на одмор. Не идев у Грчка, не идев надвор од Македонија, у Охрид супер ми беше. Но лани се ,се смена, бевме у приватен смештај во близина на Охридската чаршија. Апартманчето беше топ, газдите пријатни луѓе, одморот беше перфект. Но цените беа динга кренати. 10 Евра на чоек за едно ноќевање, јас и мужми сме двајца што значи 20 евра за двајцата на ден. Бевме 10 дена у Охрид, значи вкупно 200 евра. Јадење и пиење посебно, секој ден јадевме у разни ресторанчиња и по разни плажи, па плативме вкупно 150 евра за хранате, ама рака на срце, супер храна беше. Патарина и нафта некаде 100 евра не фатија, значи за 10 дена Охрид плативме вкупно 450 евра! Алоооо Охрид, не сте на море да плаќам толку скапо.
Ова година мужми рече дека идеме у Грчка. Читал на интернет разни негативни коментари за Охрид и за цените па рече “идеме у Грчка, што мислат они во Охрид„
Па е спакувавме колата и тргнавне право за Катерини. На граница ни залепиле една лепенка, нешто као ФИРОМ, ама не ми е битно, лепенка е, можеме да го тргнеме. После границата имаше група мужи со црни мајци и златни зори, фрлаа јајца по нашата кола и ни пеа песни, мужми рече дека тоа го прават на секој странец при влез у Грчка, за добредојде и за среќа.
Стигнавне у Катерини, па си го наместивме шаторот у кампингот и одма си легнавме. Вкупно 10 дена бевме у Грчка. Супер одмор драги Охриѓани, морето одма тука до нас, солена вода, абе убајна! Храна и сокчиња за разтворење си зедовме од дома, секој ден пиперки и месо печев тука и никој ништо не ми рече! У Охрид одма би се закачиле зашто правам скара.
Многу драги љуѓе овие Грци, со песни не пречекале на граница, јајца фрлаа за среќа и све е дозволено у Грчка! Добро има мала забелешка, табличките ни ги украдија, на колата ни напишале “Gypsy” и ни ставиле шеќер у резервоарот. Му велам на мужми дека изгледа ни е згрешиле колата, не сме ние ѓупци, Скопјани сме. Комшите до нас биле од Струмица па мислам за нивната кола беше тој текстот, ама кутри Грци на нашата кола напишале.
Поминавме топ одморче на море, вкупно не фати 400 евра, хахаха гледате Охриѓани, 50 евра поефтино не фати у Грчка! Па дури и два пати одлучивме да купиме Гиро за вечера. Баш се осеќав као дома у Катерини. Секој ден пиперки, лебче, зденка, вегета, јајца, саламче абе убајна! За шлеп служба плативме уште 300 евра, ама не ги бројам тие пари, па у Охрид исто можеле да ни стаат шеќер у резервоарот! Купивме и нова кола од 3500 евра, ама секако старата не е сакав више.
Така е драги Охриѓани, јас не идам више у Охрид, одсега идеме само у Грчка. Поефтино е и наморе си, две во едно.
Во прилог ви пуштив некое сличе од одморот.
Поздрав од Скопје, Бојана.
Пречек на групата Грци на граница
Газдарицата на кампот
Поглед у дворот на нашиот шатор
Плажата
Колата



Хаххахахах , не се нормални :pos:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ај дека не можат фиатов на уште една статија да го стават. И што е најтрагично, текстов е пародија ама ботовиве се залетале да го опнат на сајт :icon_lol: Сајт за дегенерици.
 
R

Rigel Kent

Гостин
И одговор напишале забеганиве на сајтов :icon_lol:

http://ohrigani.mk/?p=2712

Пред некој ден ни стигна писмо од Бојана ( Писмо до Охриѓани од една Скопјанка…), кое имаше доста критики дали било вистинско или не
Еве денес ни пристигна и друго писно со реакција за горенаведеното !

Бојано мори златна Бојана. Пред 2 дена го прочитав твоето писмо на Охриѓани.мк и значит ептен ме изнервира со твојата глупост.
Од ко го исклучив компјутерот почнав да кршам дома тенџериња од што бев нервозен, излегов надвор и ојдов к`ј комшијана да се опијанам.
Да, решив да се напрам лајно, з`ш толку многу ме навреди и изнервира со текстот.
Со љубов секогаш си идела во Охрид и сега си ја сакала Грција, епа оди таму живи мори предавничке ниедна. Од вакви како тебе Македонија патит.
Море не јајца, камења да фрлаја на граница по тебе и тој мажти здрвен. Еве сега на цел глас пуштив Лав Радио, да знам дека имат патриоти во ова држава.
А за цените во Охрид не ми прај појќе муабет!
Прошлата недела бев во то Скопјето твое, ојдовме Шутка со женана. Абе што, сите фенси љуѓе од Скопје таму биле на купвење. И после ќе ни солите памет во Охрид дека вие во Скопје многу сви имале, лајна имате!
После шутка, ојдовме в`центар да касниме нешто. Седнавме во едно ресторанче, порачавме и чекавме 30 минути да ни го донесит. Тој келнерот еден здрвен што беше… Платив 1200 денари за 2 шарски и 3-4 пијачки, па такви цени ни во Вила Софија немат..
Женана викаше накафе да седниме, па ај седнавме… Платив 290 денари за 2 кафиња и 2 сокчиња… и после Охрид бил скап?!
Ех мори Бојанче, колку би сакал да те запознам и тебе и тој мажти твој. Не Шеќер, буковска во резервоарот ќе ти турев и пипер во та устата твоја што зборвит грди работи.
Бегај пак се изнервирав, дури и рацеве ми се тресет, одам к`ј комшијава да се начукам пак заради тебе!

Поздрав од Нолмче од Охрид до Бојанишчето од Скопје…



Ама ова е епик :pos:

"Море не јајца, камења да фрлаја на граница по тебе и тој мажти здрвен. Еве сега на цел глас пуштив Лав Радио, да знам дека имат патриоти во ова држава."
 
C

cige

Гостин
Во Грција конкретно да си сместен на остров Лефкада имаш тура со брод за 12 евра до најубавите плажи Порто Кацики и Егремни, остров Кефалонија, остров Итака, пештера Меганиси, остров Скорпиос.
Ќе ми кажеш дека е во ред цена од 10 евра за тура у Охрид од пристаниште до св. Наум :tapp: Или 30 евра за обиколка на Охридско езеро.
И при тоа да се молиш на бога да не потоне бродот од качување дупло повеќе патници од дозволеното само поради лакомост да се наполни џебот.
Го средија патот до Егремни?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom