Се вратив пред 2 дена...Местото беше преполно со туристи, малку побучно и понечисто од вообичаеното, но тоа не ме спречи да си поминам преубаво, по не знам кој пат таму...Најпрво за цените ќе напишам неколку примери- пакет флаширана вода е 1,10 евра, 0,60 центи лименки кока-кола, фанта...гиро 2,20 - 2,40 евра(истава цена важи и за хамбургери, суфлаки во фаст фуд ресторан во самиот центар, на плоштадот...), пиво мала кригла 1,60 евра, голема 2,40 евра, пица за двајца во елитна пицерија на плажата се движи од 7,5-10 евра, разни дневни понуди за ручек во традиционални грчки таверни и ресторани (пр. супа, салата, главно јадење и леб за 5 евра или мешана скара, со салата, компири и шише бело вино за двајца - 15 евра итн...), парче пита во пекара е 1,60 евра, 10 евра е килограм грчка баклава( класична, пистачио, со слива, со фил од ванила и морско оревче), во традиционална грчка слаткарница во центарот, а овошје и зеленчук се продава во мали камиончиња кои кружат низ градот по смешни цени (3 кила праски или грозје за 2 евра, 1 ананас за 1 евро, 2 кила патлиџани за 1 евро итн...), а пиво Амстел на пример во најелитниот кафич Калуа кошта 5 евра(идат претежно странци таму), крстарење еднодневно до вториот крак со посета на 2-3 места со водич кошта 15 евра...
Значи квалитетно јадење и пиење по разумни цени..Потенцирам - квалитетно и свежо...
...