Добар ден,
Прочитав доста страни од дискусијава и супер што ве најдов, доста информации прочитав што тешко се наоѓаат по салониве.
Од напред ви се заблагодарувам за совет пред да инвестирам во клима.
Сакам да земам инвертер клима и за ладење и за греење,која ќе биде позиционирана во дневната соба насочена кон ходникот и сите спални соби ( број 1 на скицата ). Буџетот за клима ми е до 45000 денари.
Во станот веќе има ставено инсталација за поврзување на надворешната со внатрешната единица, дали може да се искористи истата доколу ставам инвертер клима или треба да се менува?
Бидејќи е поставена централно климата дали и која опција би задоволувала за целиот простор?
Веќе согледав дека подобра опција е 5.5ка со поголем компресор за поголем простор, но имам мал проблем ширината на столбот каде што треба да се постави внатрешната единица е 845mm така да неможам да ставам голема внатрешна единица (како што имаат повеќето 5.5ки). Има една клима:https://klimi.mk/product.php?id=159 која има внатрешна единица со ширина од 800mm барем како што гледам на линкот, дали имате некое искуство со истата и дали вреди да се инвестира во истата?
Доколку имате други соодветни решенија за мојава ситуација, уште еднаш однапред ви се заблагодарувам за укажаните решенија.
Поздрав