...еве ќе ти посветам повеќе внимание, се надевам дека ќе ме разбереш и ќе се потрудиш тоа што напротив те плаши и загрижува не се труди да го сопреш, затоа што не можеш, не е под твоја контрола, потсвесно е тоа, но ти можеш да го насочиш во друг правец, да размислиш поинаку и да го гледаш тоа како позитивно, ете што не би бил ти нешто посебно за разлика од другите и да имаш ете некоја природна моќ, да можеш да исконтактираш и со другиот ,,паралелен свет,,.
...ти пишуваш за луѓе кои починале и ти доаѓаат на сон со различна цел во твојата глава, пушти нека ,,ти кажат,, постави се како слушател, ти имаш посебна моќ, зошто тоа да те плаши, напротив треба да те направи посилен, зошто ти си посебен и различен од другите кои не сонуваат.
...еве личен пример, ми доаѓа на сон една комшивка, почината баба подолго време, ниту ја имам спомнато, нит ништо ми вели ,,каде е ќерка ми?", на тоа јас на сон, свесна дека е почината и велам ,,оди види си сама на нејзина врата од станот, што ми доаѓаш кај мене", ами вели ,, не ми отвара, да те замолам да и пренесеш да ми ја даде шамијата ми студи на глава", а јас пак во продолжеток прецизирам ,, каква марама и од каде или било каква?", а починатата во мојот сон во продолжеток ми вели ,, не сакам било каква шамија, туку таа зелена со цветови која е во горниот дел од регалот од лева страна, таа ја сакам", на тоа јас и велам ,,добро, сега ај оди си од пред моја врата" ја затворив и тогаш се разбудив...аууу си помислив колку реалистички.
...помина извесно време, јас веднаш не и кажав на комшивката ми беше глупо, ама еднаш по скалите ја сретнав и као, како си, што си, ја болело глава врзана на чело, се сетив на сонот и и' реков сето тоа, она као чекај малку, влезе внатре и излезе со една зелена со цветчиња шамија и ми вика ,,оваа ли" ? аууу, језива работа, ја најде точно на местото каде и го кажав сонот, јас на шала, а ова испадна сериозно необјасливо, па таа ја даде потоа на некоја друга жена шамијата за душа на мајка и', со тоа таа баба одамна почината не ми дојде веќе на сон.
...зборот ми беше, остави така, не се плаши, само пренасочувај ги работите во позитивна смисла, инаку тоа што е писание и судбина никој не може да промени сонил или несонил.