Катче за инспирација - мудри/поучни/мотивирачки текстови

Член од
4 август 2018
Мислења
1.600
Поени од реакции
3.401
Слободно стави Македонија наместо Србија и прочитај уште еднаш..


D3ZSMmfWwAAkxD9.jpg
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.424
Поени од реакции
4.795
"...колку е тажен кругот на нашето самодокажување,правиме потомство за да бидеме запаметени,водиме војни за да бидеме запаметени,градиме кариери за да бидеме запаметени...а сите сме свесни дека и тие што ќе не паметат еден ден ќе ги нема,и губитниците ќе бидат победници..."

Joshua_Tree
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
9.183
Поени од реакции
5.784
Не можам денес Господи,
ниедна молитва не ми доаѓа на ум...
Не тагувај земјо,
дека сум безимен...
Простете ми,
не го најдов патот до гробиштата...
Престани да плачеш невесто,
ми ја гасиш свеќата.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
763
Поени од реакции
2.213
,, Не заборавај дека Титаник го направија професионалци, а Ноевиот кораб аматери. "
Ова многу ми врши работа како мантра кога по 53868393 пат ќе ми зададат задача што нема врска со тековното работно место.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Култивирај ја вољата затоа што таа е последната линија на одбрана на твојот ум.

Едно од најважните работи во животот е да знаеш точно кога ќе ти дојде редот во долгата колона.

Немој никогаш да се плашиш да се откажеш од она што е добро за тебе, за да тргнеш по она што е одлично за тебе.

Тој кој сака да му се потчинети останатите, прво треба да научи како да командува.

Онаму каде што ти се стравовите, таму ти е и работата.

Жените се создадени за да бидат сакани, не за да бидат разбрани.

Потребна е поголема храброст да се прифати страдањето, отколку да се прифати да се умре.

Јас не сум резултатот на тоа што ми се случило, јас сум тоа што одбрав да станам.

Дај му на еден човек се што посакува, и во истиот тој момент тој ќе сфати дека тоа не е се.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.424
Поени од реакции
4.795
"...не постојат видови на љубов,не постои дефиниција за љубов.Она што го чиниме со нашите убедувања за чувствата е само утешение за апсурдната минливост на животот во целост
...ветерот е нашата душа,чувствата се нашите едра,а бродот е нашето тело.Котвилото го спуштаме само таму каде што има што да видиме,научиме и добиеме."

Joshua_Tree
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.183
Поени од реакции
38.297
...луѓето кои пијат лекови, а не треба, е само поради луѓето кои не пијат лекови, а треба! :cautious:
 

ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
535
Поени од реакции
367
3 pati Meri, ednas sestra i.. hehe

Smirenieto e najdobrata karakteristika sto moze da ja poseduva covek, se steknuva tesko i so trud, no plodovite se vecni
 

Kajgana Shop

На врв Bottom