Картинг е топ работа, само кај нас нема и како што стојат работите,нема ни да има добар картинг. Во Скопје има неколку стази, Волково, Маџари, Парк итн.. ама за обични корисници, нема добри картинзи... канти
Поготово у парк, пешки можеш да ги претрчаш, и стазата се вози за 15 секунди
Пред 3-4 год коа бев у Будимпешта, на Ф1, Хунгароринг, имаше огромна стаза за картинг, покрај Ф1 патеката, малце солено беше, мислам дека платив 80 евра за 20 мин ама се исплатеше секое евренце што го дадов !!! Ти даваат картинг што иде 120, ако искочиш од кривина со малце појше од пола гас отиде у банкина
едно типче што беше со нас во аутобус, мислам беше од ПП, скрши рака
Одлично искуство, 20тина картинзи на стаза, покрај стазата кафе-бар со пијани германци, слушаш у позадина како грмат формули на тренинг.... Ако имате шанса, не ја пропуштајте!!!!