Кариес

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Начинoт на на нашата исхрана влиjае врз настанувањетo и врз текoт на кариесoт.
Исхраната за време на фoрмирањетo и развojoт на забите е мнoгу важна за изградување на заби пooтпoрни на кариес и сo пoсилен сoстав.
Пoдoцна, кoга забoт е изникнат, неправилната исхрана делува лoкалнo на негoвата пoвршина и е еден oд важните фактoри вo настанувањетo на кариесoт.





Правилна храна за развoj на забите е таа кojа вo себе сoдржи минерали: калциум, фoсфoр, железo, витамини А, Б, Ц, Д, какo и елементи вo трагoви - магнезуим и флуoр. Тие се наoѓаат вo прирoдните хранливи прoдукти, пoсебнo вo млекoтo (кoе децата треба да гo пиjат вo кoличина oд наjмалку пoлoвина литар дневнo), вo млечните прoизвoди (сирење, путер и joгурт), какo и вo oвoшjетo, зеленчукoт и житариците. Вo тие прoдукти се наoѓаат масти, витамини, минерали и белкoвини вo рамнoмерен oднoс кoj е наjдoбар за oрганизмoт вo развoj.
За време на фoрмирањетo и развojoт на забите мoра да се земаат и белкoвини oд живoтинскo пoтеклo : jаjца, риби и месo затoа штo вo oвие прoдукти наjмнoгу се наoѓаат пoтребните материи за правилен развoj. На oрганизмoт му се пoтребни и белкoвини oд мешункастите растениjа: грав, грашoк и други.
Храната не смее да биде еднoлична, вo неа мoра да бидат застапени различни прoизвoди.


Храната мoже да делува и штетнo на забите. Кашеста и разварена храна штети на забите бидеjки е пoлеплива. Дoлгoтo џвакање на тврда храна пoмага вo правилната исхрана бидеjки храната уште вo устата пoчнува да се разградува. Сo пoсилно џвакање се oтстрануваат oстатoците на храна oд забите, пoвoлнo се делува на развojoт на вилицата, се jакнат забите и нивните oкoлни ткива (непцата) и се предизвикува згoлеменo лачење на плувачка кojа ги испира oстатoците на храна oд забите.


Главен неприjател на забите е шеќерoт. Сепак тој не мoже и не треба сoсема да се oтстрани oд исхраната, затoа штo е пoтребен за растење и развoj на oрганизмoт. Негoвата упoтреба треба да се намали и да се кoнтрoлира.


Пoсле земање на слатка храна пoтребнo е веднаш да се исчеткаат забите. Тoгаш шеќерoт нема штетнo да делува на забите. Oсoбенo е штетна упoтребата на шеќер меѓу oбрoците. Слатка храна треба да се зема самo сo главнoтo jадење. Тoгаш дoаѓа дo пoгoлемo лачење на плунка кojа гo исплакнува шеќерoт. Гумите за џвакање без шеќер гo спречуваат кариесoт така штo гo пoттикнуваат лачењетo на плунката кojа ги "мие" забите oд oстатoците на храна. Истo така дoбрo е пoмеѓу oбрoците да се земе oвoшjе. Слатката храна кojа дoлгo се чува вo устата, какo штo се: бoнбoни, гуми за џвакање сo шеќер, чoкoлади, лижавчиња, карамели и сличнo, е штетна за забите.
И на крајот запомнете:
Пoсле секoе jадење, а пoсебнo на слатка храна задoлжителнo е четкање и дoбрo испирање на забите.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
За кариесот

Забниот кариес, познат и како расипување на забите, претставува хемиско-паразитарно заболување на тврдите ткива на забите кое доведува до нивно распаѓање и не може да се излечи со природните механизми на одбрана на организмот. Кариесот, заедно со грипот е најраспространета болест на човештвото -од неа боледуваат 95% од луѓето.
Кариесот е болест која скоро целосно може да се спречи. За да се постигне тоа, потребно е познавање на факторите кои влијаат на неговото почесто или поретко појавување:
Фактори кои влијаат на појавата на кариесот се:
Општи фактори

1. Наследност - Во некои фамилии кариесот е повеќе застапен од во други
2. Возраст - Кариесот се јавува помеѓу повеќе од 18-25 година после што стагнира и повторно се зачестува од 35-45 годишна возраст
3. Пол - Кариесот е позастапен кај женскиот пол, посебно во периодот на бременост и доење, како резултат на промените во усната празнина поради хормоналниот дисбаланс
4. Исхрана - Некои видови храна делуваат против настанувањeто на кариесот, а некои во негов прилог
5. Други болести - некои болести придонесуваат и до поголема појава на кариес ( рахитис, авитаминоза А )
Локални фактори
1. Обликот и поставеноста на забите - неправилно поставените заби се поподложни на кариес
2. Составот на плунката - при густа и леплива плунка, макар и обилна, кариесот е почест.
3. Хигиената на устата и забите - недоволното одржување на хигиена (четкање, користење на забен конец и сл.) го поттикнува кариесот.



Како настанува кариесот?


Бактериите од забниот плак ги разградуваат јаглехидратите (шеќерите) од храната и создаваат киселини кои го раствараат забниот емајл. Плитката пукнатина набрзо се продлабочува и кога процесот ќе стигне до дентинот, ширењето на кариесот е многу побрзо. Ако кариесот стигне до забната пулпа , каде што се сместени нервите и крвните садови на забот, забот се воспалува и може да се појави и апсцес - ограничена гнојна кеса на врвот од коренот (корените) на забот.


Кои се симптомите на кариесот?


Во почетокот забот е чувствителен на слатко или кисело, и на промена на температура - реагира на топло и повеќе на ладно. На површината се забележува бело-жолтеникава дамка која со тек на време се зголемува и/или станува потемна и се продлабочува. Кога ќе се воспали нервот се јавува силна, постојана болка а ако се формира апсцес може да се јави и оток и зголемена температура.


Како се лекува кариесот?


Ако кариесот е површен (ако не е зафатена и пулпата) лекувањето се состои во отстранување на размекнатите и инфицирани делови и исполнување на шуплината со пломба.
Ако забот е многу разорен, може да се јави потреба од изработка на коронка (навлака) за да се овозможи функцијата на забот.
Ако е зафатена и пулпата, најчесто е потребен ендодонтски третман - отстранување на пулпата, чистење и проширување на коренските канали и исполнување со трајно полнење по што се става пломба.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Калциумот ги чува забите

Кељот, зелката и другиот зеленчук се добри извори на оптимално искористлив калциум, неопходен за одржување квалитетни заби

Начинот на исхрана во голема мера придонесува за проблеми со забите. Кариесот, парадентозата, кавитациите (хронични инфекции на коските и вилицата) и бруксизмот (стегање и крцкање на забите најчесто во ноќните часови) се последица на лошата исхрана, во која недостасуваат неопходните хранливи, градивни и заштитни материи. Од рафинираната храна, особено од шеќерите, се отстранети битните компоненти (растителни влакна, заштитните материи - минерали и витамини како и повеќе хранливи и градивни материи), а другите се само т.н. "празни калории" - јаглените хидрати, кои се идеална храна за бактериите. Со континуирано консумирање големи количества шеќери се намалува отпорноста на организмот кон бактериите, така што тие непречено се размножуваат и го инфицираат не само непцето туку и целиот организам. Продолжениот стрес е уште една причина за болести на забите. Стресот влијае штетно на човековиот организам на неколку начини. Може да предизвика зголемено лачење на надбубрежните жлезди што овозможува зголемено влегување на калциум во крвта. Стресот негативно влијае на имуниот систем и ја намалува отпорноста од инфекции и разни заболувања. И други фактори придонесуваат за зголемено присуство на бактерии во устата - начинот на живот, неодржување на хигиената во устата и околната средина, пушењето, џвакање тутун, вдишување контаминиран воздух, консумирање прехранбени производи контаминирани со тешки метали (јагоди кои растат покрај автопат и сл.), грицкање усни или нокти, дишење преку уста, цицање на палецот, џвакање гуми, мостови што лошо налегнуваат и хемикалии како што се пестицидите и др. Забите може понекогаш да бидат пломбирани со несоодветни токсични метали и тогаш е неопходна консултација со стоматолог - специјалист за болести на устата.
 

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
Кариес е шуплина која се формира во забите и може да продолжи да расте додека тотално да ги уништи.


Симптоми:
се чувствува грубо чувство на забниот емајл (покривката на забот) кое подоцна се претвора во остра болка. Кога кариесот оди довоолно длабоко може да ги пробие дури и непцата и да создаде дупка која го остава нервот непокриен и на тој начин лесно се предизвикува болка. Може да постои крварење.


Причини:
шуплините се главно последица на недостаток на хигиена н азабите и консумирање на кристален шеќер кој го помага формирањето на бактерии и киселини. Се јавуваат и поради несоодветна диета.


Препорачан третман:
Како превентивна мерка се препорачува четкање на збите по секој оброк со забна паста Ова ќе ги елиминира бактериите кои предизвикуваат кариес. Во случај ова да не е можно, може да се приготви и забна паста со прополис која содри алое вера и малоо количество на сода бикарбона.
За да се елиминира забоболката се препорачува:
а) пијте малку млака вода и прочистувајте ја притоа устата, повторувајќи го ова често за да ја елиминирате заостаната храна која може да биде помеѓу забите или во забните шуплини. Ако со ова не се отстрани материјалот кој предизвикува болка, обидете се да го отстраните со мека четкичка за заби.
б) Проплакнете ја устата неколку пати со Алое вера екстракт. Тоа ќе го намали воспалението, елиминирајќи го крварењето и намалувајќи ја болката. Можете да нанесете и малку јодна тинктура која ќе го намали воспалението и болката.
ц) Ставете мало количество на алое вера гел или алое вера и прополис забна паста во шуплината на забот и оставете ја таму
д) Во случај на остра болка, ставајте од време на време по една капка каранфилово масло во шуплината; ако можрет, покријте ја со памук.
е) Тријте малку лед на непцата неколку минути онаму каде што е крварењето.
Периодонциски апсцес: ова е инфекција која пробива во непцето и ги уништува забите. Абсцесот расте предизвикувајќи отекување на непцето или мускулното ткиво, кое пак предизвикува воспаление и силна болка. Во некоислучаи, ќе биде неопходна хируршка операција за да се издренира гнојот. Во овој случај се препорачува земање на големи количетсва нха природни антибиотици како што е прополисот, заедно со проплакнување на устата секој час со алое вера екстракт. Ставете малку алое вера забна паста на непцето во текот на денот и ноќта или четкајте ги забите и со тоа ќе се намали воспалението.
Други алтернативи за намалување на воспалението е проплакнување на устата со вода и јод.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
се обидувам да го средам на време уште кога ќе се појави да се исчисти често посетувам заболекар секако не сакам на 30 години да ставам вилици иако јадам многу благо и пујам кафе , пушам цигари сепак гледам да ми бидат средени и нормални барем секако и еу неќе да влезем заради тие заби:pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom