Бидејќи разменуваме различни искуства и гледишта, ќе го споделам и моето.
Го почнавме процесот во 2018 кога имав 35 г. и едно дете, а добивме 491 виза во 2022 г. на 39 г. и две деца. Решивме да не заминеме (имаме рок до септември, ама 0,01% се шансите за заминување).
Прво околу процесот:
1. Направив Skill Assessment за Marketing Specialist и ми го признаа факултетот (Економски во Скопје), и цело работно искуство. За среќа во сите 6 фирми кај што работев последните 10 г. бев пријавена како Маркетинг специјалист и ги добив потребните документи.
2. Полагав ИЕЛТС 4 пати и на сите добивав 6,5 на Writing со што немав шанса за 489 виза. Кога ја воведоа 491 визата, добив +10 поени и така стигнав до 70. Мојата професија беше на листата на Квинсленд и аплицирав, и за релативно брзо време добивме покана за виза (јануари 2020). Имавме рок до 29 март да ги поднесеме документите.
3. Првата сериозна пречка ни се случи при апликацијата за виза. Се случи проблемот со пасошите, а на децата планиравме да им вадиме пасоши на почеток не февруари, зашто второто беше новороденче од 1 месец. Тоа беше голем шок и страшни нервози, но за среќа стигнаа пасошите еден ден пред да ни истече рокот.
4. Потоа се случи короната, но мораше да направиме медицински прегледи. Во периодот кога имаше најстроги полициски часови, ги извршивме прегледите, притоа ни се случи опасен дефект со колата и чудо е како останавме живи сите четворица.
5. Си тераше короната, ние немаме никаков абер. Цел живот ни е on hold. Не ми се менува работа зашто треба да заминам. Не можеме да ја реновираме куќата, зашто планираме да заминеме. Но, сепак се случи еден голем пресврт во мојата кариера. Добив понуда која не се одбива, и сменив работа.
6. Во јули 2022 не контактираа за да направиме одново прегледи и ми бараа дополнителни документи за една работна позиција во фирма што не постои повеќе. Ајде со последните сили, направивме се' што побараа и после 2 месеци стигнаа визите. Кога го видов мејлот, прво што помислив беше: подобро да не одбиеја. Едно 2 недели бевме како муви без глава, не знаевме што да правиме, па си дадовме рок до јануари да одлучиме. Одлуката беше заедничка со сопругот и двајцата се сложивме дека е подобро да не заминеме.
И сега сигурно 90% од тие што ќе прочитаат ќе речат: па овие не се нормални, виза да добиеш за Австралија и да не заминеш. Не дека и ние не си го рековме тоа, праевме комбинации да заминеме колку да земеме пасоши, ама пак да малтретирам деца од еден во друг систем, не бива. Ако заминеме, нема враќање назад.
И сега да резимирам зошто не заминуваме:
1. Не се заминува во толку далечна земја на 40 г. со две мали деца. Трошоците за деца таму се огромни. Не е само градинката скапа. А што кога се на распуст? Треба да платите дневен престој. Треба да се организирате за земање и враќање. А што кога ќе се разболат? Тука имаме логистика и комплетно сме покриени со помош кога се децата во прашање.
2. Главен мотив ни беа финансиите, но короната го смени тоа во многу позитивна смисла кај мене лично и мојата кариера, и не сум спремна да почнувам од нула. Едноставно, пост ковид, трошоците се многу поголеми во Австралија, и некако математиката не излегува. А многу математики правевме.
3. Короната покажа дека Австралија е концентрационен логор. Повеќе си ја сакаме слободата овде. Иако живееме во хаос, знаеме како да се снаоѓаме во него. А кога ти е полн џебот, не ти смета толку.
4. Не сакам децата да се подложни на "новите пропаганди", и јас да немам никаков збор како родител околу тоа. За среќа, нашето конзервативно окружување не дозволува пробив, барем сеуште.
5. Како најголема причина можам да го наведам емотивниот момент, т.е. блискоста со потесното семејство. Не можам да замислам да ја видам мајка ми уште 2 пати во животот, или децата да ми растат одвоени од бабите, тетките, стриковците, вујковците, братучедите.
6. Можеби имавме премногу розова слика за Австралија, може е до нас, ама комплетно се разочаравме од оваа земја во текот на короната и после тоа. Не е нормално да се вакцинираат доброволно со петта доза Фајзер, кога цел свет одамна ги прекина, а да не зборуваме за сите информации што излегуваат сега за нивната неефикасност и штетност.
7. Најбитно е да се слушаш себеси и својата интуција. Ништо не МОРА да се прави во животот сосила. Ставете ги добро работите на кантар и мерете прецизно: што добивате, а што губите. И најбитно е да си ги знаете приоритетите.
За крај, само ќе кажам дека добивањето виза за Австралија го сметам за огромен личен успех, а времето ќе покаже дали сме донесле вистинска одлука.
Само неколку работи, не ми е целта да ви давам совети или да ве убедувам, чисто нека остане за да може да си споредат и други членови.
Вашата ситуација е прилично уникатна, и реалноста е дека вие тешко да имате подобар живот тука во АУС (под вие подразбирам ти и сопругот, особено во првите 10 години). Oд друга страна децата откако ќе земат пасош тука се обезбедени со еден од најмоќните патни документи во светот. Дипломатскиот македонски пасош има помала моќ од Австралиски нормален пасош, јас ова го гледам како најголемиот бенефит, на страна од тоа што како држава ќе биде секогаш побогата од мкд, и можностите се неспоредливо поголеми, а дури и геополитички далеку побезбедна.
Идеално е доаѓање во АУС на што помали години, а деца раѓање откако ќе се земе перманент (не се однесува на вас, туку општо за тие што намислиле да се селат тука). Тогаш следуваат и додатни бенефиции од државата, од типот на покривање на пола цена за дневен смештај, додатоци ако си на ниски примања и тн.
Во поглед на финансиите, првите неколку години овде ќе бидат тешки, но можностите за заработка споредено со мкд се неспоредливи. На плата како и во мкд, така и тука, никогаш нема да имаш доволно за покомотен живот (под комотен подразбирам да исплатиш своја куќа, одмори, нови возила од салон не ѓубре возено 10+ години, пари за хоби, поквалитетна облека, квалитетна храна, можност да седнете неколку пати во ресторан и тн.). И во мкд ако не ти оставиле тие пред тебе, ќе исплаќаш кредити 30+ години и ќе штедиш на се (па дури и со добри плати). Овде со 2 приливи и едно дете може да живеете баш средна класа живот, особено ако сте со добри професии. Денот кога ќе исплатите кредит за куќа и со една просечна плата ќе живеете живот како во мкд со 1000+ евра месечно.
Разликата ќе ја видите на 60+ години, ако мкд заштедиш 50к евра, тука до иста возраст ќе заштедиш 500к долари, пари кои ако сакаш може да ги трошиш и во мкд.
Од поглед на бизнис овде има поголеми можности од таму, наместо да бидеш ти „црнецот што ќе го аутсорсираат“ со малку замарање може да фатиш работа и да ја дадеш на посиромашни земји да ја сработат за тебе. Обични фамилијарни бизниси прават обрт и по 1милион годишно, што со добра оптимизација на трошоците може да значи и од 200-500к чисти пари (особено во индустрии како маркетинг каде може да се автоматизираат еден куп работи).
Од друга страна Македонија ги живее најдобрите години во ИТ и во дигитални индустрии, дали ова ќе остане вака после напредокот на АИ-то ќе покаже времето (веќе станува скапа за аутсорсинг, и се што е левел 3 и левел 4 за многу брзо време ќе биде автоматизирано од AI,
дури и телефонирање и разговор со луѓе ќе биде од AI), затоа мислам дека е подобра опција на долг рок. Дури и ако ги земам во обзир муабетите за пензија од погоре, со тие пари во мкд како пензионери ќе имате прилично комотен живот.
Во поглед на слободата, ова е интересна тема. Во мкд имаш претстава дека имаш некаква слобода, рачунај дека државата и таму има на тапет се што заработуваш до денар, а со тоа и еден куп луѓе кои ја контролираат таа држава. Не случајно се рекетирањата на компании, на луѓе кои успеале да направат пари и тн. Ако дојде ред и таа држава да не може да ги сервисира долговите, преку ноќ може да ти соберат се што имаш (доколку е во банките).
Слободата е привидна работа, и не постои обичен смртник кој може да има целосна слобода, и тоа ниту луѓе кои тежат милиони. Овде го слушаш системот, ама и системот е тука за тебе, во болница имаш најнова технологија, а не како таму да одиш во друг град за една магнетна.
Новите пропаганди ќе бидат достапни во мкд исто колку и во АУС, во суштина таа претставува и простор за тестирање и експериментирање. Во регионална АУС каде што треба да живеете е поконзервативно за голем дел од темите (со исклучок на делови од Голд Коуст, али тој град има и таква намена, реплика на Мајами, забава, дрога, разврат, али ова е само неколку населби).
Во мое опкружување не гледам апсолутно никој да поддржува глупостите со воук (правам муабет за тукашни), така да во понормалните населби нема ни да дојдете во допир со тие глупости.
Емотивниот момент е тежок и нема збор за тоа, и нас како на возрасни ни е тешко да не сме блиску до роднините и пријателите, а не пак на деца, и за ова за жал нема решение.