- Член од
- 15 април 2012
- Мислења
- 1.341
- Поени од реакции
- 2.211
Ситуацијата со визите не е баш сјајна во моментов, има голем застој и беклог поради короната.
Претходно процесот течеше повеќе од 1 година во најдобар случај (ако имаш ИЕЛТС можеби ќе скратиш кратко време).
Со 7.5 малку потешко на 189ка, за да добиеш 20че од јазик ќе ти треба над 8 (што барем јас кога полагав беше екстра тешко, сега било на компјутер и слушам полесно особено пишувањето).
За 189ката од тоа што следам конкуренцијата е поголема, подобро ти е да разгледаш опција за регионална (побрзо ја процесираат и со помалку бодови има шанса да поминеш побрзо).
Околу постапката: ти треба миграционен агент (2ца има во мкд, Дејан од Скопје и Билјана од Битола или можеш римоут да си ангажираш од АУС), професијата да е на листата на барани професија во тој момент (се менува секоја година), цената на агентот за целата постапка ти е 3500-5000 долари, скилс асесмент завииси од институцијата може да поминеш и со 500 долари а може и со 2000 долари (мојот беше 750 долари + уште толку за агентот и морав да го реобновувам поради коронава уште 500 долари), преводи на се можно од документи (согласно визата и институцијата), за визата имаш околу 6500 долари ако сте двајца, ако си сам мислам беше за носителот 4к (види на https://www.homeaffairs.gov.au/).
Благодарам.