Како на вас делува полната месечина ?

Месечината е прекрасна кога е полна ама ми штети на расположението, напната сум, анксиозна, се нешто ми смета..Дали сум нормална ?


исто е и кај мене,валда е тоа природно кај некои
 
И јас имам слушнато за тоа дека полната месечина предизвикува промени во расположението на луѓето. Кај мене што знам, не делува нешто лошо. Од секогаш сум сакал да ја гледам Месечината навечер како свети, без разлика дали била полна или не. Тоа некако ме смирува, а и навечер кога ќе си легнам многу е убаво кога во целата темница преку прозор ја гледам само Месечината како свети.
:)
 
На мене делува страшно!Зашто сум ептен смирена , опуштена , флегматична личност што ретко знае да избувне , да се налути.Арно ама на последнава ем полна ем сина месечина кај мене се деси трансформација од доктор џекил у мистер хајд, леле мајко каква бев тој ден накострешена среќа што не заклав некој .Атоа со месечевите мени има врска со нивото на течности во нашиот организам .И како што месечината се зголемува/намалува , така и течноста и крвта во нашето тело варираат.Јас тие денови кога е полна од самото гледање во неа ми е лошо, имам срцебиење, гушење.А на колку време е полна , месецов по втропат е полна ?Пред 20 дена беше тој феномен сина полна месечина.
 
Делува кога е полна на сите верувајте... Кај некој повеке кај некој помалку, но делува. Али немојте да си стварате психичка опсесија дека, Аха чим е полна нешто ке ми се случи или мене стално многу лошо ми делува... Немојте затоа што не е добро секој страв е порта за нови проблеми... Има луѓе што опсесијата си ја имаат до таму дотерано што во тој период на полна месечина од дома не испаѓаат.

Имам една мала шала малку недолична али остер хумор е...

Да дае господ женати да има ПМС на полна месечина. :pos:
 
Проблеми со спиење што ги решаваме со трчање.
 
Сакам тогаш да го гризнам овој мојов маж за врат, ама очњациве несакаат да пораснат:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom