- Член од
- 22 јули 2011
- Мислења
- 56
- Поени од реакции
- 42
Студент сте и сакате да работите во Германија во летниот период, но не знаете која е постапката? Или можеби не би сакале да им платите на разни посредници, агенции, (и се надевам не) на измамници. Доволно налутен и исфрустриран од самопрогласените посредници за студентска работа во Германија, кои знаат да наплатат и по неколку стотици евра, го започнувам овој текст, со конечна цел - да ве спасам од лавиринтите низ кои ние ги поминавме минатото лето. Ќе се обидам да ја објаснам постапката на барање на сезонска работа и сместување на едноставен начин. Исто така ги замолувам модераторите да ја остават оваа тема како посебна, за полесно наоѓање и поголема прегледност.
Започнувам со најпоставуваните прашања:
1. Кои се условите кои треба да ги исполнувам за да работам сезонска работа во Германија?
- Да сте редовен студент, да знаете да пребарувате на google, да пишување мејлови и да имате најмалку основно познавање од англиски јазик, секако, познавањето на германски јазик е предност, но не и пресудно. За ова се договарате подоцна со работодавецот.
2. Кои се потребните документи?
- CV (на германски)
- Копија од пасош
- Формулар за работна регистрација (симнете го од тука: www.tiny.cc/zav) Но внимавајте! Формуларот е подлежен на промени. За да сте во тек, посетете го официјалниот веб сајт на ZAV (arbeitsagengur.de)
Откако формуларот уредно го пополнивте, испечатете го и заверете го на вашиот факултет (потпис и печат). Овие два документи скенирани ги испраќате по e-email, ОТКАКО ќе се договорите со работодавецот за вашата работа. Како повратен одговор и гаранција дека сте вработени, треба да добиете друг документ од Германската Агенција за Вработување (ZAV), со кој ќе можете да ја поминете германската граница со престој од 90 работни дена.
3. Како да најдам работодавец?
- Зависно од тоа што сакате да го работите, се бара и работодавецот. Доколку сте заинтересирани за работа во хотел, се' што треба е да пребарате на вашиот омилен пребарувач (пр. google), "Hotels in XXXXXX". XXXXXX заменете го со градот во кој сакате да работите. При одбирањето на градови, би ви препорачал да одберете помал, доколку примарно одите за заработка, заради поевтиното сместување.
- Вториот чекор е да ги излистате сите хотели во тој град (View XXX Hotels). Оваа листа примарно е наменета за туристите кои сакаат да престојуваат во тој град. Опционално, излистајте ги хотелите според google оценка или број на ѕвезди.
- Третиот чекор и најобемниот, е да ги кликате хотелите еден по еден, да влегувате на нивните веб-сајтови (некои немаат) и да им го ископирате официјалниот e-mail на хотелот. Соберете ги зачувајте ја листата. НО! Соберете колку што можете повеќе. Под повеќе мислам над 1000. Соодносот на „успешни“ мејлови, според нашето искуство е 1:200. Што значи (со 1000 мејлови), би требало да се договарате со 5 работодавци. Но ова не е гаранција за успех.
- Четвртиот чекор е да напишете e-mail порака (на германски) и да ја испратите до сите (внимавајте мејловите да ги поставите во BCC делот, за да не се „гледаат“ меѓусебе потенцијалните работодавци). Мејлот треба да ги содржи вашите основни информации, како се викате, што студирате, а пред се' зошто ги контактирате. Секако вашето CV треба да се наоѓа во attachment.
- Доколку пак, сте заинтересирани за работа во McDonalds, посетете им го официјалниот веб-сајт (mcdonalds.de), на кој што има мапа на ресторани (https://karriere.mcdonalds.de/map.html?tld=Mitarbeiter im Restaurant m/w&pos=INT_REST_EMP). Напишете го градот во кој сакате да работите, изберете од понудените ресторани и испратете го вашето CV. Што повеќе испратени апликации, така вашиот процент на успех се зголемува.
4. Како да најдам сместување?
- Од нашето искуство, беше подеднакво тешко да се најде сместување колку и работа. Затоа, бидете претпазливи да имате сместување пред датумот за поаѓање. Кога барате сезонско сместување, на google впишете "Ferienwohnung XXXXXX". Повторно XXXXXX, заменете го со градот за во кој барате сместување. Нареден чекор е да соберете што е можно повеќе броеви и да се јавувате. За евтини разговори во Германија, ви го препорачувам Viber Out (неколку центи по минута). Добро е да зборувате германски или некој да зборува наместо вас. Совет: не се базирајте на иницијалните цени напишани за местата за престој. Има простор за договор на цената, затоа што останувате подолг период. Договорете се со сопственикот.
Се надевам дека го опфатив целиот процес како да ги избегнете сите проблеми и најлесно да успеете во барањето сезонска работа.
Доколку имате било какви прашања, повелете.
Среќно