Конечно најдов малце слободно време да и се посветам пак на темава. Денес ќе ги постирам последниот туториал за HTML па ќе продолжиме со dreamweaver. Ќе се задржам на рамките и формите. Да се фатиме за работа.
Концептот на рамки се однесува на организирање и прикажување на информации во еден HTML документ. Предноста е во тоа што се избегнува повторно вчитување на делови од страна. Рамките овозможуваат прозорецот од пребарувачот да биде поделен на повеќе сегменти. Во секој сегмент (рамка) се вчитува посебна HTML страна. Постои интеракција меѓу рамките.
Најчеста употреба на рамки е кога се дели прозорецот на два или три дела со специфична содржина и тоа:
-рамка за мени со статички навигациони елементи
-рамка со променлива содржина зависна од рамката за навигација
-рамка со статична содржина, на пример заглавје
Бројот на потребни HTML документи за имплементација на n рамки е n+1.
n HTML документи со содржини за секоја рамка одделно
Еден HTML документ со дефиниција на распоредот на рамките – frameset содржина.
Последниот HTML често се нарекува frameset file
<FRAMESET></FRAMESET> - таг дефинира множество од рамки
Атрибути:
ROWS – дефинира редови во множеството
COLS – дефинира колони во множеството
BORDER – ја определува дебелината на границата меѓу рамките
Пример:
<FRAMESET COLS=”C1,C2,C3 …”>
или
<FRAMESET ROWS=”R1,R2,R3 …”>
каде
C1, C2, C3, …, R1, R2, R3, … претставуваат големини на рамките колони т.е. редици
Големините може да ги имаат следните типови вредности:
-x% - каде x претставува процент од расположивиот прозорец на пребарувачот
-x – каде x претставува фиксна вредност за големината на рамката
-* - го означува остатокот од големината на прозорецот
Илустрација:
<FRAMESET COLS=”20%,80%”> дефинира лева и десна рамка и тоа левата е 20% од широчината на прозорецот, а десната 80%
<FRAMESET ROWS=”200,*”> дефинира горна и долна рамка каде горната рамка е фиксна со 200 пиксели висина, а долната е со висина колку што е остатокот од прозорецот, без разлика на големината на прозорецот.
<FRAME></FRAME> - таг
Во секој FRAMESET дефинирачки таг, се наоѓа FRAME тагот кој ги дефинира параметрите на конкретната рамка.
Задолжителни атрибути:
SRC – HTML документ кој ќе се вчита во рамката
NAME – име на рамката, кое се користи за интеракција со другите рамки
SCROLLING – дефинира дали рамката има scrollbar или не. Вредности YES, NO, AUTO
NORESIZE – дефинира дали рамката може да се зголемува или не. Нема вредности, туку или се појавува или не се појавува. По претпоставена вредност, секоја рамка може да се зголемува или намалува.
<NOFRAMES></NOFRAMES> - таг
Содржината сместена во овој таг се појавува, ако пребарувачот не поддржува рамки.
Пример
HTML:
<HTML>
<HEAD>
<TITLE>Ramki</TITLE>
</HEAD>
<FRAMESET COLS=”200, *"> <FRAMESET ROWS="75%, 25%">
<FRAME SRC="meni.html" NAME="meniframe">
<FRAME SRC="logo.html" NAME="logoframe">
</FRAMESET>
<FRAMESET ROWS="*">
<FRAME SRC="main.html" NAME=”sodrzinaframe">
</FRAMESET>
</FRAMESET>
<NOFRAMES>Vasiot prebaruvac ne poddrzuva ramki.</NOFRAMES>
</HTML>
Следуваат форми....:zlo: