токму така, кој сака да најде работа ке ја најде
чист пример јас
на 20 години почнав да барам работа, аплицирав на преку 50 работни места, по 3 месеци ми се „посреќи“, цела година работев за 9000, сега платата ми ја покачија на 12000 и ми рекоа дека ако вака продолжам да се трудам и работам на секои 6 месеци ќе расте за 1000 плус
поентата не ми е да се фалам, и онака никој не ми го знае идентитетот, поентата ми е да кажам дека работа не се наоѓа со клатење врата туку со труд и пот
ако немаш вујко владика мораш да ги засукаш ракавите, инаку ќе пцуеш држава и влада и се живо
И јас го делам истото мислење.
Ако сакаш да најдеш работа, ќе најдеш и точка!
Имам 23 години, ова ми е четврто по ред работно место.
Првото ми беше
волонтерески, невладина организација.
Второ во приватна аутсорсинг фирма, просечна плата, добри услови - да потсетам дека сам ја најдов работата, преку оглас. Бев на обука 5 дена, која не ми беше платена - ама издржав.
Третото, странска невладина организација, пониска плата од претходната, скратено работно време, но добра отскочна даска за понатаму.
Сега, државна админстрација - благодарение на работата од претхнодно ме повикаа да работам во јавен сектор. Не сум задоволен и постојано сум во потрага по подобра работа во приватен сектор. Но, сега можам да бирам.
Ниедна од овие работи ги немам добиено благодарение на партиска книшка и татко бизнисмен.
Ако сакаш да најдеш работа, редовно ќе следиш:
www.najdirabota.com.mk - секој ден имаш по минимум 5 огласи кои се реални и на кои можеш да пратиш CV и каде што постојат можности да бидеш избран.
Според дефиниција: Невработен човек е оној човек кој не е во работен однос,
но истовремено активно бара и сака да најде работа.
Признавам, ситуацијата е црна, ама секој што сака може да најде работа.
Имав можност да можам да помогнам за вработување во такси компанија, верувајте прашав преку 100 невработени луѓе, од тие едвај 10тина се согласија, од тие 10 само 5 останаа до крајот и почнаа со работа. Тоа не значи дека нема работа, туку дека не сакаат Македонците да работат.