Жените стануваат рамноправни со мажите во речиси секој поглед.
Замислете порано речиси сите работи биле поделени на женски и машки, денеска речиси и да не може да се распределат кои се женски, а кои машки работи.Така денес има жени кои работат како молери, возачи на гратски автобуси и таксисти,пилоти и работат во градежништвото.Работи кои порано се сметале за типични машки работи(се зависи и од тоа во која земја се живее, пример слушнав дека работата како молер ја работат повеќе жените во Русија,отколку мажите ). Жените стануваат економски независни и мислам дека тоа е и најголемата причина за раводи.Не се повеќе домаќинки кои само седат дома и се грижат за семејството, туку личности кои одржуваат баланс помеѓу домот и работата која ја работат.Еконимски способни сами да се издржуваат и да не зависат од никого.
Одма по ова се доаѓа до заклучок дека и мажите добиваат поинакви улоги.Помош околу домашните обврски чистење, готвење, перење и воспитување на децата. Обврските околу домот стануваат поделени.
Жално е што некои жени се уште потиснати и немаат никави права, ниту можност на образование како во исламските земји, каде жената е гледана само како објект кој се грижи за домот и размножување.
Од друга страна на моменти и жените со еманципацијата забораваат на нивното достоинство и се пласираат како секс симболи и го продаваат голотија за да заработат пари се во име " уметноста" , кое повеќе наликува на порнографија отколу на уметност.