Дали во карактерот на еден адвокат би требало да има нота безчувствителност и манипулативна настроеност за да се искачи погоре кон успехот? ИЛИ?
Линијата помеѓу полтронот и манипулантот е толку тенка што не се сеќава како се преминува од едната во другата категорија.Грубо е и крајно лаички да се зборува генерално за карактеристиките на еден добар правник/адвокат и тој заклучок да биде извлечен од филмови во стилот на Devil's advocate.
За секоја професија е потребно ниво на сочувствителност и толеранција, кај правниците е малку изместено тоа, затоа што едната скала е доле, а другата многу горе, но самиот факт дека ги има и двете е доволен за да не напаѓа со теорија дека сите се манипулативни коплиња, како докторите и физичарите да се исклучени од таа карактерна особина, малку е смешно, не?
Успехот доаѓа со познанствата, знаењето и голема доза на издржливост, не само со манипулативност и бескрупулозност, иако, нели во почетокот на секоја професија сите мораат да бидат професори по танцување.