Каде се наоѓаат родните куќи и вечните почивалишта на позначајните личности за мак. историја?

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.249
Ѓоко Лазаревски (1971 - 2001) од Лешок, кој заедно со тројца селани го бранеа селото а и неговиот нероден син (кој нигокаш не го виде) од терористите. Успеа да ги задржи терористите за да можат селаните да се евакуираат. Неговиот гроб сеуште не е во родното село, него во гробиштата во скопската населба Ѓорче Петров.






Влатко Петров (1977 - 2001) од Штип кој загина во Ваксинце, Кумановско. Неговиот гроб е сместен во родниот град Штип.



 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.063
На нашите војводи....гробовите се незнајни...
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.044


Гробот на мојот пра-пра дедо Мануш Георгиев Турновски во селото Долна Рибница [во пиринскиот дел на Македонија].

Иронијата е што сум бил на гробот на Јане Сандански во Бугарија а не сум бил на гробот на дедо ми. По кажувањата на татко ми, теренот бил непристапен.

Ама ќе биде и тоа еден ден.
.
 

Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
19.366
Поени од реакции
46.384
На 4 Август 1903 година на местото наречено Ѓурѓејца во село Кладник ( Кичевско ) по тешка битка со аскерот и башибозукот издвоена е една од ретките победи на македонските востаници врз османлиското царство за време на Илинденското Востание.

Во битката загинале 30 македонски востаници, а познато е дека во оваа борба напомош дошол и Јордан Пиперката со својата чета која броела околу 150 луѓе... тој внесол конфузија меѓу аскерот и башибозукот, и биле принудени со големи загуби да се повлечат кон Зајас.


Спомен плоча на местото наречено Ѓурѓејца, каде се одиграла битката во 1903 година.


Имињата на паднатите борци во оваа битка... закопани се во село Кладник, кај црковните гробишта.
48888967.jpg
 
Член од
12 април 2018
Мислења
13
Поени од реакции
3
Во Русиново. :)
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/0/0f/Гробот_на_Даме_во_Русионово.jpg
Датум: 21.09.2006, 15:42
Писма

ЗАПУШТЕНИОТ ГРОБ НА ДАМЕ ГРУЕВ
На 8 Септември - Денот на независноста, одлучивме да го посетиме гробот на еден од најголемите македонски револуционери Даме Груев, убиен на 26 декември 1906 г., на местото Петлец, Беровско. Гробот го најдовме во селските гробишта во с. Русиново. Местото каде што беше закопан го затекнавме обраснато со треви и со трње.

Плочата на која ги пишуваше имињата на Груев и на загинатите негови соборци едвај се гледаше. До новата плоча беше буквално фрлена старата, од која претходно беа извадени сликите на четворицата убиени. Едноставно, сликата што ја гледавме претставуваше вистинско понижување за починатите, а го отсликуваше и односот на државата кон сопствената историја. Зарем треба да потсетуваме дека во гробот пред кој се наоѓавме почива Даме Груев, човекот што целиот свој живот им го посвети на Македонија и македонските идеали. Запаливме свеќа и заминавме. Но, утредента уште изутрината се вративме назад, овој пат со српови во рацете, решени да промениме нешто. За нас, тој гроб беше свет и заслужуваше да изгледа како таков.

Додека се „боревме“ со „магарешките трње“ високи по еден метар, некои жители не' прашуваа за мотивите и причините што не' наведоа тоа неделно утро да го поминеме со срп во рака, чистејќи го гробот од земјата и тревата. Прашуваа кои сме, кој не' пратил, дали сме платени од некого и сл. Им објаснивме дека ние сме двајца студенти од Кочани, кои единствено сме водени од чувството на должност и почит кон револуционерите што се жртвувале за оваа земја. Само неколку часа ни беа потребни за да го расчистиме местото. Тоа беше најмалку што можевме да направиме за нив, но прашуваме дали е тоа најмногу што државата го прави за нив!

Сликање и полагање цвеќе пред бисти или училишни прослави навистина се обично лицемерство во однос на она како државата, па ако сакате и ние обичните граѓани, се однесуваме кон гробовите на нашите големи историски личности.

Јордан Милосиев и Петар Спасовски, Кочани
ИЗВОР: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=943F88AC952088489384D526EE64B879
[/QUOTEPosmrtnite ostanki na Dame Gruev 1950god se prefrleni vo Smilevo
 
На врв Bottom