Каде на факултет и како одлучивте што ќе студирате?

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Па одлучив еден ден пред уписите.И така во тој период не ми беше битно шо ке се запишам,мислев дека парите од матура вечно ке ми траат:pos2:.Инаку на денот на уписите,една девојка ми кажа дека имало само две насоки на факултетов,така да требаше да одберам една од нив во рок од 15 секунди.Па затоа ја прашам неа каде е запишана и сега официјално сум студент на мегународна економија:vozbud:
 
Италијански Француски Англиски

Еци пеци пец, ти си мали зец, ја сам мала пеперуга, еци пеци пец.

И италијански испадна. :pos:
И да, не ме примија. zauska:

Ги пребацив документите на француски, превод и толкување. Мајка ми никогаш нема да ми прости што не и` ја исполнив желбата за на ПМФ:pos:
 
прво сакав пмф, ама се распитав, ова, она и се предомислив
после си викав англиски, ама си викам, кој к-р со завршен анг факултет
исто имам голема желба и дарба математика

и на крај после толку буричкања, го најдов најдоброто решение (подобро не можеше да биде) - Економски факултет .... Е-бизнис смер
:ojea:
..Lelele.....celosno ista sudbina..I jas posle mnogu razmisluvajna megu pmf-angliski na kraj resiv na E-biznis....pa ke vidime od godinava kako ke bidi...I ti si prva godina od oktomvri?
 
Па шо знам тоа што ми е најинтересно и во тоа пто сум најдобар, така се одлучив :) за Интернет програмирање, така интересно ми е занимливо со кеф да си учиш :)
 
Јас се имав одлучено што ке студира уште во 1 год. средно,тоа што најдобро го знам и што ми претставува најголемо задоволство - Програмско Инженерство на ПМФ-ИИ
 
Врска немам.

Упорно се мачам да одлучам,ако пред мене има уште 2 години.
Не дека ако одлучам во моментот едно,тоа значи дека ќе остани до утре одлуката, пошто уште сто пати ќе се премислувам, ама ме нервира што немам на што и на кое поле да се фокусирам. Затоа упорно се трудам да одлучам,ама не оди.
Моментално сум на Општествено-хуманистички смер во гимнација, ама не сум сигурна дека сакам да студирам право.
 
Врска немам.

Упорно се мачам да одлучам,ако пред мене има уште 2 години.
Не дека ако одлучам во моментот едно,тоа значи дека ќе остани до утре одлуката, пошто уште сто пати ќе се премислувам, ама ме нервира што немам на што и на кое поле да се фокусирам. Затоа упорно се трудам да одлучам,ама не оди.
Моментално сум на Општествено-хуманистички смер во гимнација, ама не сум сигурна дека сакам да студирам право.

Па добро, на некој начин, имаш еден почетен чекор. Значи, ако си се одлучила за Општествено-хуманистички науки, имач афинитет кон работата со луѓе, а не со материја, или, не си баш залетана по природните науки. Ама не му се секирај, за тие две години што ти претстојат, ќе се изградиш многу како личност, ќе се разбереш себе си до таму кај што е потребно, и ќе го аправиш чекорот. И факултетот не ти е некоја конечна одлука, и од него ти се отвараат после можности, комбинации и смеови во кои сметам ќе можеш да се пронајдеш.
 
Од кога појдов во средно, додека да се запишам на факултет, ги поминав сите можни факултети кои постојат и приватни и државни. Кога ќе ми текне дека едно време сакав и на медицински да се запишам :uvo:
Една од последните желби ми беше и Филолошки, што ми е и уште, но може за понатака нешто вонредно.
Се решив за Филозофски и тоа беше дефинитивно.
Како што од се` за брзо ми здосадува, се плашам да не се предомислам уште прва година :pos:
 
Многу пати се предомилсував на кој факултет да се запишам. Сакав на приватниот за туризам што е во Скопје, но не испадна тоа како што сакав, па така да се запишав на Економски - маркетинг, па ќе видиме како ќе иде.
 
Јас пак не се мислев ич кај да се запишам само од ко ке се запишам се премислувам :)
Лани се запишав на Технички Универзитет Софија насока Компјутерски системи и технологии а пак оваа година на копенхагенската техничка академија отсек мултимедиа дизајн и комуникации се надевам нема повеќе да се премислувам :)
 
Jас кога бев уште во 3-та година средно си одлучив дека ќе си се запишам на Правен факултет.Уште од тогаш ме привлекуваше тоа и плус имавме предмет,учиме право(мислам така се викаше:icon_lol:) и ми се виде многу интересен и решив.Никој не ми сугерираше околу тоа,зашто си го одбрала тој факултет,многу е тежок,или пак оди учи нешто друго,јас самата си се одлучив за тоа и се надевам дека не сум погрешила:pipi:Но за тоа ќе видиме сега од 1ви октомври:)
 
Ти завидувам :) си направила одличен избро ... ги обожавам правните науки ... ама јас се решив за нешто со поглеми можности.
 
Уште од мал многу го сакав англискиот јазик и сакав да одам на филолошки - преведување и толкување. Арно ама, сите ми викаа не е профитабилна професија, не му одговара на машко, што ќе бидеш со тоа - наставник ли, бла-бла... Па ајде ги послушав, се префрлив на другата трака и сакав да одам на правен - новинарство. Па после пак што ќе бидеш со тоа - новинар ли (тоа моите родители) иако многу деца ми викаа дека баш ќе ми одговара тоа... На крај краева, се решив за економски, бидејќи во 4-та средно имавме некои “економски предмети“ што ми се гледаа интересни, а и викам факултетов е перспективен, па ајде отидов таму и тоа беше една од поголемите грешки во мојов живот... Во секој случај, грешка што изгледа вреди да ја направиш :)
 
Јас оваа година завршувам средно, и токму поради моите афинитети кој природните науки, посебно биологијата планирам да се запишам стоматологија или медицина. Некако тешко ми оди определувањето, од една страна татко ми е стоматолог, тоа значи имам работно место обезбедено а и пациенти исто така. Од друга страна, не сакам да бидам стоматолог, уствари не сум сигурна дали сакам да бидам стоматолог, повеќе ме привлекува општа медицина, за после да можам да специјализирам нешто постручно, или максилофацијална хирургија или пак гинекологија. Моите дома никако не ме притискаат и оставаат јас да одлучам. Па, секако дека ќе почнам да учам од почетокот на наредната година за приемни, а изборот изгледа ќе го направам во последниот момент.
 
Па вака... Ко помал - 5-6 години се појавија првите знаци за јазици (тогаш почнав да владеам со германскиот јазик - Златен RTL :pos:) Се шалам. Одсекогаш лесно ги владеев јазиците (наследна ствар) но, не ми беа моја главна преокупација. Компјутерот ми беше се до некое време иако математика не ми беше најомилен меѓу предметите. Но во гимназија се деси чудо... Имавме предмет историја на уметност, почнавме да учиме за класичниот период во Грција па натаму (во основно учевме само битки и такви работи по историја - не беше лошо, еден од поомилените предмети беше, но сепак не беше тоа тоа. И така добив огромно интересирање кон уметноста (од праисторија до средниот век особено ми беше интересен). Пред запишување на факс, се појави и голем интерес за средниот век (bloody Age of kings). Но таман заврши матурскиот испит, се појавија прашањата What now??? Имаше повеќе опции: Етнологија, Археологија, Историја на уметност, Општа историја. Добив совет од еден другар, етнолог да идам таму - ептен лесно било. Лесно??? Па да имаше 9 двосеместрални предмети (ок што се 9 туку во нив дали само 4 беа поврзани со етнологијата). Пр.: имавме предмет Антропологија - ок си има сврха тоа учиш за човекот и неговата градба но.... што по ѓаволите ние учевме за космос и неговото настанување цел семестар!!! Имаше и други предмети - не наведувам понатаму. И така цело полугодие лебдев во некој меѓупростор со мислите дали да продолжам и се одлучив не... Потоа изгубив цела година барајќи се себеси дали да продолжам со студии или на работа. Во тоа време посетував доста курсеви... Еден ден дојде едно другарче од средно кај мене и муабет падна околу тоа кој. како, до каде...Типов студира историја на уметност и ми предложи “оди на археологија знам дека тоа тебе ќе те интересира’’. Отидов... И ич не зажалив. Ептен се пронајдов во порстор и време. Задоволството нема граници...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom