Каде е паричката?

  • Креатор на темата Креатор на темата LadyD
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 август 2007
Мислења
672
Поени од реакции
19
Значи како секоја година така и оваа вртиме погачка да видиме кај кого ќе се падне паричето. Велат: кај тој што ќе се падне паричето цела година ќе го седи благослов и среќа.
Каде се падна паричето лани? ве следеше ли среќа? А каде мислете/сакате да се падне оваа год?

кај мене лани се падна во куќата... не ни беше мн среќна годинава :)
сакам да се падне кај кучето :)
а инаку баба ми живее сама и погачката ја дели вака
едно аз господ
едно за мене
едно за куќата
едно за козата
едно за кокошките
едно за пчелата
едно за кучето и мачето
луда е еј :)


а како е кај вас?
 
Отиде паричката кај сестра ми ( јас и го дадов парчето, а требаше за мене да биде ), ама има уште 2 пити со паричка ( само ради мене :hehe: ), па ваљда ќе ми се падне една паричка барем. :)

Лани ми се падна на мене и годината ми беше катастрофа... барем добар дел од неа.
 
Отиде паричката кај сестра ми ( јас и го дадов парчето, а требаше за мене да биде ), ама има уште 2 пити со паричка ( само ради мене :hehe: ), па ваљда ќе ми се падне една паричка барем. :)

Лани ми се падна на мене и годината ми беше катастрофа... барем добар дел од неа.

а кај вас паричката во пита се става? кај нас во погачка денес на 6ти :) на божиќната вечер.. пошо знам дека некаде на 13ти се става во баничка :)
ти од тој предел си :)?
 
Ние па Прилепчани, не ја вртиме денес погачата... На Стара Нова година кај нас се врти! :toe:
 
Скопјани бе, денес вwтите паwичката?

Епа ај за убозаарно, среќна и бериќетна година за тој што ќе ја најде паричката.
 
а кај вас паричката во пита се става? кај нас во погачка денес на 6ти :) на божиќната вечер.. пошо знам дека некаде на 13ти се става во баничка :)
ти од тој предел си :)?

Од Скопје сум:)
Има една баничка за вечер, а пита секогаш кога сме се собирале правела или мајка ми или тетка ми... не знам зашто.:)
 
Ијааа, сите денес охриѓани на 13ти :)
АМа ако ние денес си праиме, ама навечер о.0
Знам порано ко ќе одев Радовиш, боцкав со чечкалица за да знам кај е паричката, па мене само ми се паѓаше:lizko:
 
Кај нас ВЕЛЕС денес се дели погача со париче. Последната година се падна кај мене паричето и не можам да се пожалам од среќата изминатата година, бериќетна ми беше...
Се почнува вака:
За Господ;
За куќата;
За имоти-мимоти, кој шо има;
И после се делат парчињата почнувајќи од најстариот член во семејството.
 
Никогаш кај мене не се е паднала уште :( :( Не ни очекувам да се падне.
 
И во Струмицa се крши лебчето денес a пaричкa сеуште не3нaм кaј кој ќе се пaдне,лaни беше кaј Сестрa ми
 
Кај кого падна паричката???

Бадник е православен празник,едно продолжување на традицијата.Сите ние ја чувствуваме новогодишната атмосфера..
Прославувањето на некој празник денес ,по многу нешта се разликува од прославувањето на истиот некогаш.Некои обичаи ,намерно или ненамерно,се занемаруваат,отстрануваат,не се посветува доволно внимание и тн., од бројни причини (брзото темпо на живот,незнаење,несакање,некој ги смета за излишни,смешни и тн.)
Обичаите се пренесуваат од генерација на генерација,значи за повејќето нема пишани правила,односно ние треба да ги пренесиме на идната генерација.А колку и ние сами ги познаваме,ги применуваме и почитуваме...?
Следуваат значајни празници скоро,па како од верски така и од национален аспект убаво е да се потсетиме,да научиме или да се запознаеме со нивното традиционално одбележување кај нас,во Македонија.Како некогаш се празнувале,колку денес се применуваат старите обичаи,колку и како времето влијаело на нивна измена,колку сме ние „расположени„ за нивно продолжување,пренесување....?
Значи,воопшто....традицијата и обичаите во прославување на празниците во Македонија. Тука не се изостава и фактот за разноликоста на обичите во различна област за еден ист празник и бидејќи не има речиси од сите области на Македонија би било интересно да ги споделиме познавањата...
Паричката е еден симбол на среќа и на кого и да му се падне таа е заедничка :)
 
Абе каква паричка...додека беше дедо жив му ја местеше на брат ми ама сеа не е и може да ми се фати:pos2:
 
Ниеднаш ми се нема паднато паричката,или одела во куќа или кај Господ,а порано кај брат ми кога беше помал зашто беше голем лигуш :icon_lol: но две години по ред се паѓа или кај татко ми или во сервисот...е годинава ќе видиме чекам уште,ако не скинам од глад додека дојде време зајадење :icon_lol:
Инаку ќе оди по ред делењето,за Господ,за куќата,за дуќанчињата,и после за сите членови од семејството посебно почнувајки од најстариот нели...за глувците у подрум не кршиме лепче зашто цело брашно го испоизеле и разнеле матер им нивна! :pos:
 
Ние Битолчани, на 13 вртиме паричка. Каков е тој адет шо денес вие вртите? Мислам дека по правило на 13 се врти, на Василица.
 
Ееееее се надевам дека ќе се падне кај мене вечер...Бидејќи лани беше кај мене па ај и оваа година да се порадувам...
Иначе порано јас и сестра ми копиљаци и ај сеа татко ми си држеше уште една парича у џеб и ако на пример и се паднеше на сестра ми одма ставаше и кај мене и двајцата сТреќни беФме :pos: :pos: :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom