Каде да се обратам за парична помош!

Член од
7 ноември 2023
Мислења
11
Поени од реакции
1
Добар ден на сите членови на Кајгана, јас сум нова тука маката ме натера да Ви се приклучам на сите кои сте тука.
Со години се боревме да излекувам детенце кое после раѓање имаше проблем со левиот бубрег. Бидејќи нашето здраство го знаете за една година "лечење" ќерка ми се здоби со 2 опасни по живот бактерии, застој на левиот бубрег и не функционалност па секој ден со катетер ја прочистуваа, хорор неможам ни да ви објаснам. Земав кредит од 10.000 евра и ја однесав во Турција, после 3 месеци тамо се вративме со значително подобра состојба, но повторно нашиот распаднат здравствен систем ме натера да земам брзи кредити за да го лечам детето во Систина и Ремедика. Но тие болници се машина за пари и не ги интересира здравје, повторно се позајмив пари и конечно во Швајцарија ја оперираа и сега сме добро. Но долговите ми се на врат. Имам 15.000 евра долг кон банка и брзи кредити, пријателите кои ми позајмиа за операција се разбирливи за цела ситуација па не не брзаат, но другите се спремни на готовс со извршители. Секој што мисли дека може и сака да ни помогне ве молам контактирајте ме во порака, или ако имате некој совет од каде да позајмам пари да ги тргнеме од врат кредитите па месечно да враќам колку можам кажете. Сакав да отворам профил на gofundme ама наша Макдеонија не е поддржана за донации. Однапред благодарам на сите.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
124
Поени од реакции
88
Не знам што очекуваш да некој ти донира или да земеш на заем па да имаш кога ќе имаш па да вратиш 15.000 евра кога ќе имаш.
Сум бил во слична ситуација но не сум барал на заем од никого.
 
Член од
7 ноември 2023
Мислења
11
Поени од реакции
1
Не знам што очекуваш да некој ти донира или да земеш на заем па да имаш кога ќе имаш па да вратиш 15.000 евра кога ќе имаш.
Сум бил во слична ситуација но не сум барал на заем од никого.
Ти благодарам на одговорот, ако си била во слична ситуација како си успеала да излезеш? Секој вид на помош е добродојдена за мене дури и совет да е. Фала му на Господ што детето ми е здраво сега.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
124
Поени од реакции
88
Ти благодарам на одговорот, ако си била во слична ситуација како си успеала да излезеш? Секој вид на помош е добродојдена за мене дури и совет да е. Фала му на Господ што детето ми е здраво сега.
Не се ова женски муабети, напротив машко сум. Сум продал имот за да платам на доктори.
 
Член од
7 ноември 2023
Мислења
11
Поени од реакции
1
Не се ова женски муабети, напротив машко сум. Сум продал имот за да платам на доктори.
Извини за погрешната проценка, да имав имот без размислување ќе го продадев. И дали мислиш дека би постирала тука нешто без претходно да ги проверам сите опции? Посебно јас која цели 3 години сама се изборив да си го спасам детето? Ама сега немам други опции освен да се обратам за помош, совет!
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
124
Поени од реакции
88
Верувај ми џабе си го губиш времето по форуми и фејсбук. Кога се прашање пари и брат на брат ќе си извадат очи.
Не па некој да ти даде на заем и да те чека со години.
 
Член од
7 ноември 2023
Мислења
11
Поени од реакции
1
И да да се надоврзам на темата, луѓенца ако сака некој да донира за да ми помогне тоа е негова сопствена одлука, нека ме контактира во порака и ќе разговараме за сите детали. А ако не сака може некој пријателски совет или да ме посочи некаде за помош. На крај на денот сите сме луѓе со свои потреби и проблеми, ако можеме да се помогнеме тоа е еден плус. Ако не, доволно е совет за на некој да му дадеш надеж дека некаде има светла точка да си реши некој проблем!
Автоматски споено мислење:

Верувај ми џабе си го губиш времето по форуми и фејсбук. Кога се прашање пари и брат на брат ќе си извадат очи.
Не па некој да ти даде на заем и да те чека со години.
Го ценам твојот одговор. Благодарам и ти посакувам се најубаво!
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.966
Поени од реакции
3.681
Одлично е што детето е ок и радувај се на тоа. Не си ги ставај на душа долговите да не дојдеш во ситуација па тебе да ти треба лечење. Најпрво гледај колку можеш полека раздолжувај се кон луѓето кои ти позајмиле. Банките и оние лихварите од брзи кредити стави ги на игнор и нека чекаат подобри времиња, се што можат е да ги утужат кредитите и да те дадат на извршител кој ке ти стави забрана на 1/5 од платата (ако ја имаш). Бидејќи, како што кажа, немаш имот можат да сушат круши. Е, работата е во тоа што со оглед на висината на кредитите таа забрана од 1/5 на платата ке ја покрива само каматата и практично нема да ти се намалува долгот, но во некои подобри времиња кога ке бидеш во можност ке им ја платиш и главницата. Битно за долгови затвор не се оди и душа не земаат. Доколку поседуваш имот горното не ти е опција оти извршителот ке ти го продаде но во таков случај имаш опција да земеш поголем хипотекарен кредит со кој ке ги покриеш сите кредити и ке си плаќаш некоја месечна рата. Ова вака генерално и од тепка, сепак не ти ја знам целосната ситуација и деталите за да можам да ти дадам конкретен и точен правен совет што и како да направиш, па ако нешто те интересира пиши ми.
Инаку тоа со донации тешко дека ке има некој сериозен ефект за кредитите, но може моментално да ти помогне во некои тековни трошоци...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom