TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
Постирам прекрасен текст на Mastermind
. Едноставно е a must read! Прочитајте го сите! Посебно младите...
Оној што не ја знае историјата осуден е да ја повтори. А во Македонија ваквите ги има колку да сакаш. Секогаш кога се отвараат политичките карти на Балканот, на балканците им се крева косата. Посебно кога некои однадвор ќе вмешаат прсти во сета работа.
Балканот е специфично подрачје. Во прво време како лулка на цивилизацијата и центар од кој се управувал пола свет, за денес да биде центар на нестабилност. Зачетокот на проблемите како да е отсекогаш, но корените на тие проблеми датираат уште во средновековието со создавањето на средновековните држави на балканот – Бугарија, Самуиловото Царство, Србија... Неколку века подоцна, со раѓањето на современите нации кои ќе се повикаат токму на овие држави, почнуваат и вистинските горливи проблеми. Културата и традицијата создавана со векови полека се губи од сцената на која стапуваат puppet политичари кои во име на своите тазе-нации се само пиони во големата игра на туѓи центри на моќ. Измешаните народи на Балканскиот полуостров се вистинско буре барут при ваква поставеност на работите. Тука нема политика чии интереси не се косат со друга, соседна политика. Предмет се териториите, на кои најпрво се повикуваат „завојуваните“ страни. И така лулката на цивилизацијата, стана лулка на најгрозните и најниските работи кои некогаш човештвото ги видело. И тоа благодарение на puppet политичарите.
Македонскиот народ, како последно осознаен и како цел на сите околни политики и после толку напади и завери опстојува, како така. За жал, сеуште не ја гледам потребната сила и зрелост во голем дел од него, за да се справи со сите премрежија кои следат. Едно што засекогаш сакам да се извади од македонскиот ментален склоп е мислата дека тој по правило е жртва.
НА ЕВРОПА НЕ ТРЕБА ДА И СЕ ВЕРУВА
Ова ако го каже јавно некој политичар, посебно од блокот на десните сили, веднаш ќе биде протолкувано како ерес, од т.н. левичари од другарската братија на СДСМ кои по правило и дефиниција се далеку познавачи и уште подалеку од читачи на историјата. Врз него се врши медиумска кампања и автоматски самиот станува боксерска вреќа на секој малоумник произведен во подрумите на Бихаќка. Значи она што најмалку треба да бидеме, ако сакаме да опстоиме и да одиграме добра партија шах во која треба да победиме, е да не се биде како гореспоменатите. Со таквите личности, довлечени до центар на моќ, иднина како слободен и просперитетен народ НЕМА! ЌЕ тргнам само од нивната кусогледост и натаму нема што да зборувам повеќе.
Зошто не треба да и се верува на Европа? Зашто ја води истата политика само во друга обланда од моментот кога официјално ги замешува своите прсти во балканските проблеми.
Ќе тргнам од 1878: Официјализирани се староновите балкански држави Србија, Бугарија, Грција (првпат како обединета држава), Црна Гора. Македонија и македонскиот народ не е спомнат и за малку врз негов грб е избегнато создавањето на т.н. Сан-Стефанска Бугарија која требало да се само руска продолжена рака на Балканот.
1912: Со протерувањето на Османлиските Турци од најголемиот дел на Балканот, како последица на Првата балканска војна во која огромен придонес даваат македонските вооружени сили на ВМРО, Македонија и македонскиот народ ја доживуваат со сигурност најголемата катастрофа во своето постоење и биваат поделени помеѓу своите соседи. Една година подоцна, со Втората балканска војна и Букурешкиот мировен договор (1913) поделбата е официјализирана и аминувана од тогашна Европа.
1919 година и Версајскиот мировен договор, после неуспешното средување сметки на „вишите раси од Европа“, за нас Македонците не носи ништо ново. Окупирани, поделени, асимилирани, убивани... Не сме ни споменати. Живата активност на црковните општини и дејците на ВМРО ја сочувува свеста за тоа кои сме.
1946-1949 и граѓанската војна во Грција во која Македонците се вклучуваат на страната на ДАГ (Демократска Армија на Грција). Се случува најголемиот егзодус на Македонците од срцето на Македонија, во која истите се масакрирани и бомбардирани со Британски напалм бомби. Колку само масовни гробници се распослани од Грамос до Одрин, иднината ќе покаже.
1993 и Лисабонската декларација со која „демократската Европа“ и наредува на мојата земја и народ да не се викаат Македонија и Македонци. Лично за секој Македонец како мене тоа би значело, „заборави како ти кажале што си и барај си друго име“. Постапките со кои Македонската официјална политика одговара на овие „препораки“ на Европа се рамни на национално предавство – прифаќање на погрдната преференца ФИРОМ и менување на знамето. За ова првото и ден денес истите кои го прифатија „на 3 месеци“ не убедуваа дека било ептен соломонско решение. Може за нивните малоумни мозоци и за нивните следбеници. За вистинскиот Македонец нема компромис кога се во прашање елементарните обележја на своето постоење. Истите тие политички структури кои работат против македонскиот интерес (Македонци по род, по душа, зависно колку ќе им се понуди) и ја ништат македонската економија која е столб на сите модерни држави од чија цврстина се бранат своите интереси. Ете затоа СДСМ е најприфатлив „партнер“ на политичките елити на нашите соседи.
2001 Од терористи до бунтовници, луѓе кои ги „придобија“ симпатиите на старата дама.
За да не бидам погрешно сфатен кога ги споменувам соседните политички елити, само да кажам дека немам ама баш ништо против кон нити еден соседен народ. Напротив си патиме од едни исти проблеми-тоа што имаме слаби политичари кои ќе не водат во просперитет. Ете затоа и ден денес мораме во секој муабет да почнуваме со истории од пред стотици години.
И после сево ова, камо причини да и верувам на Европа? Европа во целата приказна е превртлив центар на моќ кому Македонија во сите операции му ги расипува сметките. Несомнено европските политичари прават големи профити од вжештените балкански глави кои сонуваат за големи држави. Абе каде е користа од создавањето на ваквите „вилаети“? Џабе, истите немаат капацитет да проценат. Одговорот е крајно едноставен – во бездна. Постои една мудрост која вели дека земјата му припаѓа секому, ако е добар стопан и никому ако не е. Кога ќе ја сватиме оваа вистински соломонска поговорка сите ние тука, тогаш вистински ќе ни тргне. Дотогаш ќе ги слушаме празните фрази на puppet политичарите и цревата во нашите гладни стомаци, гледајќи го својот комшија попреку.
Значи после се, влијанието на европската политика, која има премногу елементи на фашизам пострашен и од хитлеровиот, спрема балканот и посебно спрема Македонија и Македонците, никогаш не донела добро за сите нас на Балканот.
ОТФРЛАЊЕ НА ТУЃИТЕ ТУТОРСТВА И УКЛУЧУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИОТ МОЗОК
Преплавени сме од бљувотините на политичките елити. Овде ќе зборувам само за Македонија, останатите нека се најдат во приказната. Македонија има проблем со политичка структура која тука е инсталирана после втората светска војна и чии наредби ги добива паралелно од повеќе центри, почнувајќи од Белград, завршувајќи со Брисел. За што конкретно мислам, ќе заклучите штом ќе се споменат палење на Америчката амбасада во 1999 и Референдум 2004. Се е јасно (оние кои им е нејасно имаат проблем). Истата таа структура има инсталирано свои луѓе во сите витални центри на Македонската држава, вклучувајќи ја администрацијата, медиумите, политичките противници и олигархијата која истата ја формираше за свои потреби. Оваа политичка елита, чие олицетворение е СДСМ игра на кратки патеки, во најголем дел против интересите на народот од кој произлегува. За доги патеки нема ни интерес ни капацитет. Најсилното оружје и е замајување на јавноста преку своите медиумски и квазиинтелектуални пајташи. Еве, денес не замајува со ЕУ и НАТО. Па како тие одработиле и сега „одработеното“ се става под знак прашалник. За оној кој не глуми лудило е јасно дека членството во овие организации подразбира: прво, исполнување на стандарди (економски, политички и воени) и второ, волја на самите членки на тие организации да не прифатат. Ако за „одработување“ го сметаа смешкањето пред камери и прифаќањето на секоја белосветска будала пратена оттаму како ептен битна личност и добронамерник (кој во дадени моменти ви навива часовник во фаца), одработувањето на сите барања без пардон кои ви се испорачуваат од тие центри, омаловажувањето на својот народ како недоволно зрел кој ќе го „европеизирате“ ако треба и со сила... Наспроти катастрофални резултати во ЕКОНОМИЈАТА, уништување и распродажба на културното наследство, корупција и криминал на кои СДСМ пружи секаква логистичка поддршка, сеење на семето на омразата помеѓу својот народ делејќи ги на „фили“. Е тоа може да биде „одработување“ само за комуњарските аршини. За македонските потреби ни под разно. Реалните работи за главешините на матрицата на чие чело е папата, гласат: Секоја неуспех на Македонија е успех за нас. Не би опстоиле тие и нивните црни бизниси во општество кое вистински фунционира. Нив им е потребен ваков темен жабарник и замаена јавност во кое најдобро пливаат. Не зна џабе со сите сили ги кочат реформите во економијата и образовението. Кај едуциран и доброситуиран народ нивните финти никогаш нема да поминат. А со тоа и нивниот опстанок како паразити е дефиниран. Во вакви услови, потребна им е само приказна која деноноќно ја верглаат и ствараат психоза. Арно ама наидоа на еден проблем: Јавноста почна да се буди!
СВЕТЛАТА ИДНИНА НА РЕГИОНОТ
Статусот на Косово е во ќор-сокак иако неговото решавање и тоа како ни е потребно и како на држава и уште повеќе како на регион. Секое негово одложување е лош сигнал. Расчистувањето со криминалните мрежи на Балканот кои функционираат како „братство и единство“ треба да продолжи силно и одлучно. Колку само политички глави ќе паднат од таквата акција ќе видиме во иднина. Читам во ФОКУС за шверцот на цигари во кои се споменуваат Милошевиќ (покоен), Шутурков Данчо (екс капо ди тути капи, сега покоен), Мило Ѓукановиќ (најблизок соработник на Милошевиќ кој врти за 180 степени на даден знак) и таму некаде е и нашиот „државник“ Бранко Црвенковски. Расчистувањето со овие крими-политички структури и нивните бизниси (Косово е во сите комбинации) е само почеток на рашавањето на проблемите на Балканот. Следен чекор на владеењето на сите власти кои ќе ја сузбиваат корупцијата и ќе носат странски капитал е воспоставувањето на силни соседски релации во прв ред на бизнис и инфраструктурен план. Со стабилен регион во кој бизнисот е приоритет можеме да зборуваме за било какво интегрирање, било каде. Гледајќи го „западниот Балкан“ разединет и надвор од било какви цврсти организации, регион кој е силно осетлив на туѓи туторства и на чии политичари „ептен“ им треба присуство на „маџународната“ на преговарачките маси не ми дава да останам мирен. Тука допрва нешто се крои, а на белосветските хиени ова им е шанса тука да си направат некое профитче. Како своевремено Лоренс Батлер, а денес Ерван Фуере. Отфрлањето на „услугите“ на ваквите исшутирани типци и расчистувањето со нивните почитувачи кај нас може да ни гарантира ПОЗИЦИЈА за игра на секој план. Тек тогаш Макеонија и остатокот од Балканот може да влезат во „толку посакуваната ЕУ“ но само како рамноправни партнери. Она што ми е најзначајно за мојата земја и народ е пред се економскиот и културниот просперитет, независно дали ќе сме и кога дел од било какво здружување, кое во секој случај е добра шанса за соработка и проток на луѓе, идеи, бизниси.
Балкан како регион во кој ќе паднат границите и единствените влијанија ќе бидат економските и културните, ете тоа ми е идејата. Во таков Балкан „големите етнички држави“ градени на туѓ грб ќе се минато и кич. Исто како и политичарите кои ги заговараат и кои ги спроведуваат таквите идеи. Било да се од „домашниот“ или „противничкиот“ табор.
:bravo: