Историјата во Бугарија и на Балканот треба да се ослободи од митовите

  • Креатор на темата oon
  • Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Во Бугарија немало турско ропство

Бугарската историографија, како и сите други на Балканот, е оптоварена со митови и предрасуди. За голем број историчари, историјата е како супермаркет од кој го земаат само она што во дадените околности им одговара.

Историчарот Крсто Манчев од Институтот за балканистика при Бугарската академија на науки, вели дека бугарската историографија, како и сите други на Балканот, е оптоварена со митови и предрасуди. Професорот долго време ги истражува настаните од 19. и 20. век во Бугарија и на таа тема има објавено повеќе книги и статии кои драстично се разликуваат од она што претставува некаква утврдена вистина во бугарската историографија.
Во Бугарија денеска се празнува најголемиот национален празник - Денот на ослободувањето, 3 март. На овој датум, во 1878 година, е потпишан Санстефанскиот мировен договор, со кој Бугарија тргнува на патот кон целосна сувереност по повеќевековното турско ропство. Самиот датум на одбележувањето на празникот е спорен за многумина, и во Бугарија и во соседните земји, но за некои бугарски историчари спорни се и податоците кои долго време кружат во тамошната историографија како неспорни факти.
Дали Бугарите денес се подготвени да ја слушнат вистината или им е полесно да се кријат зад митовите на национализмот?
„Се плашам дека не се подготвени да ја прифатат реалноста, таква, каква што навистина била“, вели Манчев и додава:
„За тоа да се промени треба да се појават научни трудови. Досега нашата историографија страдаше од разни пристрасности. На една страна беше идеолошката пристрасност, а на другата - националистичката. Од националистичка пристрасност страдаат и нашите соседи - секој се фали себеси и ги проколнува другите држави.“

Турското ропство е мит
Манчев, меѓу другото, спори со тезата дека Бугарија била под турско „ропство“, односно дека ропство како такво постоело во земјата која со векови била под владеење на османлиската Bildunterschrift: Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Софија империја. Веројатно истото може да се каже и за сите останати балкански држави кои во својот наратив го имаат прифатено овој термин.
„Ние сме ја прифатиле Османлиската империја таква каква што ни‘ ја претставиле нашите преродбеници, а потоа и официјалната историографија. Но тоа се митови, а вистината е поинаква. Точно е дека рајата била зависна, но зависност и ропство се две различни работи. Роб е оној кој нема сопственост, а нашите селани имале сопствени ниви, дворовите им биле полни со деца и со стока, поседувале имот и патувале низ целиот свет. Бугарите можеле да отвораат дуќани, да развиваат занаети, да тргуваат. Меѓу нив имало и некои многу богати. Можно ли е сето тоа во ропство?“, прашува Манчев.
Историјата на Балканот како супермаркет
По падот на комунизмот во Бугарија излезе на виделина дека многумина авторитетни историчари, всушност работеле за домашната тајна служба, па оттука и дилемата за Манчев, дали историчарите во земјата работат за утврдување на историската вистина или за историско-политичката конјуктура?
„Јас тврдам дека историјата никогаш не била објективна наука, ни кај нас, ниту на Балканот. Историјата тука е како развластен двор. Секој влегува во него и зема што му треба. А секогаш му треба нешто кое ќе го пофали него и ќе ги демонизира соседите.“
Манчев се надева дека историските страсти на Балканот ќе се смират со постепениот влез на земјите од регионот во ЕУ, но вели дека за историјата да стане објективна наука треба да постои максимална фактологија и минимум човечка интерпретација, без разлика дали тоа некому му одговара или не.

„Кај нас отсекогаш приоритет била надворешната политика, да се завладее со нешто по секоја цена. Но, не е голем оној кој има многу голема територија, туку оној кој си ја обработил нивата. А нашите ниви се запустени“, вели историчарот Крсто Манчев.

http://www.dw-world.de/dw/article/0,,14887361,00.html?maca=maz-TB_maz_TVA1-3119-html-cb
 
Член од
1 март 2011
Мислења
30
Поени од реакции
1

Бугарија е створена да создава митови така да не може ни да стане збор за некакво ослободување од митови.
 
ivana87

magic is everywhere
Член од
7 јуни 2007
Мислења
1.613
Поени од реакции
220
Балканот треба да се ослободи од Бугарија :helou:
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607

Kajgana Shop

На врв Bottom