Искачување на Водно

Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
одличен тајминг(y), треба и ја да почнам пак да искачувам, и многу е убаво сега есен на водно, планината со секакви нианси на бои на есента...

Нешто слушнав инфо демек ке се забрани со коли до средно водно? Се спроведува ова или само најавено?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Нешто слушнав инфо демек ке се забрани со коли до средно водно? Се спроведува ова или само најавено?
Тоа инфо кружи од поодамна а сеуште не е спроведено.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Некој за Водно утре од 8-9 часот сабајле?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Ги пресекле жбуновите бе

Колку поразлично изгледа. Ова е од зелената козја патека средно према врв, ондека десно се врти за првата шумичка од двете што се при крај.
Ми фалат тие зелени жбунови. Иако малку знаеа да напињаат, еднаш со дожд во лето ме разладија и многу убаво ми дојде.
+ вака е изгубена мистичноста некако... жбунови, се гураш се буткаш, не глеаш што има, кривинче мало ова она, сеа се се гледа, пфф
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
1.748
Поени од реакции
750

како бе??!?!? што е тоа? зошо?
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Ова само со одење или и потрчнуваше на моменти? И дали одеше по козјите или по таа патеката под жичарата (најстрмната) ? Топ ти е времево браво. Дур не се опоравам од повреда и не можам пак да трчам, планирам и јас вака да почнам со брзо одење до Водно чисто кондиција да не се изгуби
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Ова само со одење или и потрчнуваше на моменти? И дали одеше по козјите или по таа патеката под жичарата (најстрмната) ? Топ ти е времево браво. Дур не се опоравам од повреда и не можам пак да трчам, планирам и јас вака да почнам со брзо одење до Водно чисто кондиција да не се изгуби
Само 10с трчам понекогаш низ крајните 2 шумички. Иам кажано наназад мислам, одам по олимписката патека обележана со зелено на мапата. Не е таа под жичарата, никогаш не сум одел под таа.
Иначе сум го заборавил ова време, се мислев дека рекордот ми е 52 :D
Ама кратам неколку минути, прочитај наназад.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
После доооолго време, на водно по козјите патеки, како дете (15-16год) го качував по козјите за 50тина мин.
Сега :) саат ипол (https://www.strava.com/activities/1844507991)

Од полициската нагоре до средно, па после од Марково, мислев дека многу ќе ми биде да продолжам диркетно нагоре.

Целиме испод 1 час до врв.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
После доооолго време, на водно по козјите патеки, како дете (15-16год) го качував по козјите за 50тина мин.
Сега :) саат ипол (https://www.strava.com/activities/1844507991)

Од полициската нагоре до средно, па после од Марково, мислев дека многу ќе ми биде да продолжам диркетно нагоре.

Целиме испод 1 час до врв.
Бравос. Заеби марково, цепај хаце олимписка/далеководи.

Рекордон најгоре го бркав во саботата, ама ништо, 53 и кусур.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Еве едно искачување од пред некој месец, релација од полициска до врв на Водно. Трчкање беа само првите и последните 100 метра, другото се беше одење/брзо одење. Ако се пријавам следна година на она Прв до Врв, ќе направам 2-3 тренинга со трчање до Водно, па ќе видам колку е временска разлика од одење до трчање.

42201356_2299674776935378_4554952794687143936_n.png
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Еве едно искачување од пред некој месец, релација од полициска до врв на Водно. Трчкање беа само првите и последните 100 метра, другото се беше одење/брзо одење. Ако се пријавам следна година на она Прв до Врв, ќе направам 2-3 тренинга со трчање до Водно, па ќе видам колку е временска разлика од одење до трчање.

Прегледај го приврзокот 197007
Искина брату, браво.
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
Која е најкратка патека од кочо до врв? Најстрмната козја или под жичара таа шо иде(таму не сум бил)
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Која е најкратка патека од кочо до врв? Најстрмната козја или под жичара таа шо иде(таму не сум бил)
Ако најкратка = најбрзо време да стигнеш, тогаш најстрмната козја според мои качувања како репер. Последен пат кога бев под жичара таа, беше малку повеќе проодна од други пати кога сум бил, ама сепак најбрза би ти била најстрмната козја со сите кратења.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom