Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
А демек си фрлил 48,000 за лап топ на кој му е слаба мрежната карта? Просто да не верувам.

па можно е..а ти дали веруваш или не веруваш тоа па ИЧ не ми е гајле...јас потражив совет а добив подбивки....ФАЛА
 
па можно е..а ти дали веруваш или не веруваш тоа па ИЧ не ми е гајле...јас потражив совет а добив подбивки....ФАЛА

Абре, значи мрежната/архитектурата/дизајнот на лаптопот не ти е најсјајна, затоа е тапа со фаќање на добар сигнал.
Исто како што iPhone 4G нема мрежа ако го држиш во лева рака, а чудото е преку 600 евра.

Пробај со друг рутер, земи од некој, види, па купи си рутер ако ти одговара, никој не ти рече да купиш нов лаптоп само затоа што овој не фаќа интернет од WC.
 
Дали некој има искуство со конфигурирање на Firewall? Ми треба литература конкретно како се конфигурира еден firewall, значи командите како се, зошто како шо сите работи и да има пример некое шемиче убо објаснато ко за глуп.

Ми треба за дипломска нешто, иначе најконкретно ми треба за Firewall во Industrial Control Systems само то реално многу тешко да се најди конкретна литература со подробни детали.

Значи голема услуга ќе ми напрај некој ако има нешто така да ми препорача за практично имплементирање и конфигурирање на фајрвол меѓу 2 мрежи.
 
Кога ќе го вклучам компјутерот десно долу ми излегува дека има ваерлес мрежа во околината и да притиснам на неа за да се поврзам или дополнителни информации...И кога ќе стиснам ми бара network key ....Иначе јас сум поврзан со кабли на интернет, немам ваерлес, дали може некако да земам од ваерлесов кој доаѓа од некаде, сигурно од комшиите :)
 
Заштитен му е со лозинката. Така да без лозинка не може да се конектираш.
 
Zamunda акаунт некој да нема на располагање, онака слободен ? :)
ми треба.

Благодарам однапред.
 
подолго време размислувам да направам нешто, па барам совет од вас дали е изводливо и како е најправилно да го направам !?
Користам Wi-Fi од комшија, незаштитен, но сигналот не е баш најјак а дома имам вишок модем и рутер, па размислувам да сторам нешто за сигналот од комшијата да го прибирам со некоја антена како би стигнал појак и почист до модемот, а потоа добиениот сигнал да го пренесам на рутерот кој го имам дома и на тој начин би го наширил низ целиот стан?
Дали тоа е најпаметното решение?
Доколку е (или не е) како најправилно да го изведам тоа ?
Однапред Благодарам
 
Најмногу зависи од тоа каков (какви) рутер(и) имаш. Дали може да работат во клиентски или рипитер мод. Грубо кажано, безжичниот рутер треба да го поставиш на точката во која имаш најјак мрежен (комшиски) сигнал и истиот да го конфигурираш како клиент на неговиот АП. Ако твојот рутер има и втор безжичен интерфејс тогаш тој треба да го конфигурираш да биде пристапна точка за твоите компјутери. Во основа ова го овозможуваат и двата мода на поврзување кои би ти одговарале (client и repeater) со таа разлика што во едниот (клиентски) твоите компјутери ќе бидат одвоени од неговата мрежа (ќе бидат во посебен сабнет), а ако е во рипитер мод ќе бидете во истиот сабнет. Првиот е дефинитивно подобар за да се заштитиш комшијата да неможе да пристапува директно до твоите машини, но со тоа ќе го стопираш и обратниот процес за кој знам дека е често интересен и забавен :)
 
Ме интересира дали некој купува преку Lockerz...дали е сигурен односно дали да поднесам лични податоци...и најважното дали навистина се испорачуваат купените производи ?
Фала однапред. :)
 
Ме интересира дали некој купува преку Lockerz...дали е сигурен односно дали да поднесам лични податоци...и најважното дали навистина се испорачуваат купените производи ?
Фала однапред. :)

Да скролаше малце подолу, ќе ја најдеше темата.

Имам порачано на Америчка адреса, сигурно е, 7-10 дена испорака.

За тука не знам како стојат работите, испорачуваат изгледа, само може да чекаш и до еден месец. :)
 
Фала за информациите...не ми текна да побарам, а и мислев дека нема таква тема.
 
Имам едно прашање (најверојатно тука му е местото :))
дали може да се поврзат со crossover кабел 2 компјутера ако имаат различни оперативни системи ?
 
Имам едно прашање (најверојатно тука му е местото :))
дали може да се поврзат со crossover кабел 2 компјутера ако имаат различни оперативни системи ?

Оперативните системи не играат никаква улога.
 
Ај една помош како да си го повратам мснот :P.До вчера се си беше ок,но денеска нешто ми пишит некој си ерор 800488fb,дека нешто мснот ми е блокиран и за да го одблокирам требит да го верифицирам акаунтот,но барат телефонски број а та работа не ја пишам па што сакат нека е.ДАли можит некако да го повратам на некој друг начин?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom