- Член од
- 27 декември 2011
- Мислења
- 164
- Поени од реакции
- 89
Бидејќи политика на форумов е забрането и не постои таков подфорум, а ова прашање може на некого да ми наликува на политичко (и е малку) да се обидеме да го оставиме чисто филозофско. Да се обидеме во мислењата да не мешаме државни политички уредувања, партии и идеологии на светски познати лидери. Да се задржиме на она филозофското, односно што би по одговарало на граѓанинот и неговата желба за улогата на државата во неговиот живот.
Денес имаме разни држави, во разни големини, разни културни, разни нивоа на развиток, но сите тие настанале на ист начин, а тоа е поради потребата од организација на луѓето. Таа организација им помогнала на луѓето да преживеат до денес, почнувајќи од нивното снабдување на основните ресурси за живот па се до нивната заштита од самите себе си.
Денес е модерно време, барем по современо од она поранешното односно времето кога државите се раѓале, така и ставовите и мислењата за природата на државите се менуваат.
Прашањето на темава се однесува на интервенцијата на државата во животите на граѓаните и неинтервенцијата.
Сметате ли дека е подобро државата да станува се повеќе неутрална во во економијата, културата, образованието, работните односи и.т.н? Мислите ли дека е подобро државата да остане еден обичен посредник помеѓу луѓето во решавањето на нивните спорови и еден обичен гарант дека човекот со неговите права и имот е безбеден од останатите луѓе? Сметате ли дека е потребна слободна економија, кредитирање, оставена на милост и немилост од граѓаните и нивната желба за да имаат се повеќе и повеќе, оставена на милост и немилост од човеково знаење или незнаење во раководењето на оваа област?
Или пак.
Сметате дека државата е потребна да ги заштити луѓето повеќе отколку што тие мислат дека е потребно да ги заштити? Дали сметате дека секој човек е способен и доволно разумен за да одлучува за неговата иднина (иако некогаш иднината му зависи од работи кои тој не ги познава). Сметате ли дека државата е потребна да ги заштити луѓето од бранкротирање, лоши инвестиции, банкрот на големи корпорации и отпуштање на голем број работници, да ги заштити од самовилието на големите компании кои понекогаш се појавуваат сопственици на стратешки институции на државата како електростопанство, телефонија, комбинати за откуп и.т.н.
Сметате ли дека државата е потребно да си ја задржи онаа првобитната улога во општеството, а тоа е заштитата на граѓаните и надзорот (надзор кој не ја уништува слободата и слободната волја)?
Со овие прашања се занимавале познати филозофи, теоретичари како, Сократ, Платон, Аристотел, Хегел, Жан Жак Русо, Ханс Келзен, Макс Вебер, Гербер, Томас Хобс, Карл Маркс, Енгелс и така натаму.
Ве молам, не вртете ја темата на политика.