Импресивно CV е најбитно за успех во кариерата

  • Креатор на темата Креатор на темата Tanus
  • Време на започнување Време на започнување
Министер за труд и социјална политика
Диме Спасов

Диме Спасов стапи на функцијата министер за труд и социјална политика во Владата на Република Македонија на 29.5.2013 година. Роден е на 7 мај 1985 година во Скопје.

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВОмај 2013
  • министер за труд и социјална политика
декември 2012 до мај 2013
  • помошник на директорот на Агенција за катастар на недвижности-Центар за катастар на недвижности Скопје
2011-2012
  • државен секретар во Министерство за правда на Република Македонија
2010-2011
  • директор на Агенција за млади и спорт
2009-2010
  • заменик директор на Јавно претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор на Република Македонија-подрачна единица Скопје
2006-2009
  • референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија
ОБРАЗОВАНИЕ
2009

  • дипломиран правник,Факултетот за правни студии "Јустинијан Први"-Скопј е,Универзитет “Св. Кирил и Методиј”-Скопје

:facepalm:

Абе ВУНДЕРКИНД! Од референт до министер за труд и социјала.
Што ќе рече на ова Пантелије Пантиќ? :icon_lol:
 
Веле самак има многу подобра биографија од овај првиов...

Катастрофа сме со кадри.
 
Ова ако е импресивно цв тогаш половина од Македонциве треба да конкурираме за Премиер на Македонија без размислување.
 
Јас се прашувам нешто друго.
Еве, не му спорам, човекот почнал сопствен бизнис, го развил и работи успешно. Доттука е јасно.

Туку, шо мајка бара во Министерство?
Зошто некој би сакал развојот на сопствениот бизнис да го замени со... што и да е?!
Нов предизвик?!
Партиска директива?!
Рекет?!
Да работел 20 години, би разбрал, му треба нов предизвик, има доволно искуство, има што да се очекува од него.
Наместо баланс на искуство и младост, државниве институции ни станаа.... којзнае што... не ни којзнае што, ами Агенција за (не)вработување!
 
А Зато нас ни барет искуство сегде по година или две. :гомце:

Ама па кој ни е крив шо не сакаме да работиме?З‘ш да не се пробаш како граѓевинар со Економски или Информатика?То е развивање мултитаскинг сенс и други јаки зборој.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Јас се прашувам нешто друго.
Еве, не му спорам, човекот почнал сопствен бизнис, го развил и работи успешно. Доттука е јасно.

Туку, шо мајка бара во Министерство?
Зошто некој би сакал развојот на сопствениот бизнис да го замени со... што и да е?!
Нов предизвик?!
Партиска директива?!
Рекет?!
Да работел 20 години, би разбрал, му треба нов предизвик, има доволно искуство, има што да се очекува од него.
Наместо баланс на искуство и младост, државниве институции ни станаа.... којзнае што... не ни којзнае што, ами Агенција за (не)вработување!

Еден памет човек овде еднаш ми кажа нај јака индустрија ти е политика, економии и финансии па се друго.
 
Јас се прашувам нешто друго.
Еве, не му спорам, човекот почнал сопствен бизнис, го развил и работи успешно. Доттука е јасно.

Туку, шо мајка бара во Министерство?
Зошто некој би сакал развојот на сопствениот бизнис да го замени со... што и да е?!
Нов предизвик?!
Партиска директива?!
Рекет?!
Да работел 20 години, би разбрал, му треба нов предизвик, има доволно искуство, има што да се очекува од него.
Наместо баланс на искуство и младост, државниве институции ни станаа.... којзнае што... не ни којзнае што, ами Агенција за (не)вработување!
Од приватно му течат пари, на државно му тече стаж
 
Илија Димовски

ilija-dimovski.jpg

Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 10.8.1980 година во Велес. Македонец. Апсолвент на Правен факултет. Пратеник од 2006 год.
Активности во Собранието:
  • Национален совет за евроинтеграции, член
  • Совет на Собранискиот канал, член
  • Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, претседател
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик-член
  • Законодавно-правна комисија, заменик-член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), шеф на делегација
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, претседател
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член
 
Не го спорам правото било кој да гради кариера во државна служба.
Секој си одлучува за себе, како и човекот со „импресивно CV".
Само не ми е јасен мотивот - да го паузираш својот сопствен, и според CVто, успешен бизнис, заради државна служба, во период од животот кога си најмотивиран и најспособен.

Тоа не ми е воопшто јасно.
 
Јас мислам ама не сум сигурна за апсолвет ,дека министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски беше апсолвент или тазе завршен факултет и тоа на приватниот во Солун кога беше поставенза директор а потоа веднаш стана и министер ,нема што експресно напредување во кариерата од апсолвент веднаш директор па министер
 
Сепак дипломирал во 2001 а министер станал во 2006 .

Дипломирал менаџмент и бизнис админстрација на Американски колеџ во Солун во 2001 година
 
:) Реков не бев сигурна дали уште како апсолвент или тазе дипломиран стана директор а потоа министер,али “импресивно“ CV за еден министер во секој случај
 
Посебно е интересно стратешкото партнерство... :)

А ова со останатите колеги и нивните исто така импресивни CV's е уште еден знак дека сме на одличен пат.

Аман бре
 
Абе добро, ама барем сега сме на НЕКАКОВ ПАТ, а да пред овие не бевме ни на пат, туку горе во шумата,без цивилизација
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom