Имате проблеми со вашиот iDevice? (iPhone, iPad, iPod....)

  • Креатор на темата Креатор на темата flopo
  • Време на започнување Време на започнување
Поздрав,
Сопругата се префрла за прв пат од андроид на иос и е потребно да отвори apple id. Има 2 мејла од кои едниот на Yahoo и е главен, додека вториот на gmail пошто ретко го користи планира со него да го отвори Apple ID.
Прашањето е дали откако ќе се отвори Apple ID со gmail ќе може на Ајфонот да се повлечат телефонските контакти кои и се сихронизирани на Gmail?
Благодарам
 
Последно уредено:
здраво, имам ајфон12 и пред еден месец престана да ми работи микрофон (претпоставувам дека е микрофон ама not sure). немам никаков звук при телефонски повици - ни јас слушам, ни они ме слушаат, ама бидејќи секако повеќе на слушалки зборам не брзав да го однесам на поправка да ми кажат шо е работата. Јас претпоставувам дека е нешто софтверски дека божем го чистев дома ама ништо не се подобри. На спикер исто така си работи како што треба. Што можам да направам или кај можам да го однесам во Скопје?
 
Поздрав,
Сопругата се префрла за прв пат од андроид на иос и е потребно да отвори apple id. Има 2 мејла од кои едниот на Yahoo и е главен, додека вториот на gmail пошто ретко го користи планира со него да го отвори Apple ID.
Прашањето е дали откако ќе се отвори Apple ID со gmail ќе може на Ајфонот да се повлечат телефонските контакти кои и се сихронизирани на Gmail?
Благодарам
Da, moze.
 
На другар на телефонот му се појавува ова:

IMG-04f21275ae13be342caa38a46c28fb0b-V.png

Некој да знае што е?
 
Ми стигна ваков емаил:
IMG_0119.jpeg
и кога одам да го верифицирам во наредниот чекор ми дава да внесам податоци од адреса на живеење што е ОК, но ми бара да внесам и податоци за кредитна картичка? Совет??
 
Ми стигна ваков емаил:
Прегледај го приврзокот 390054

Се зафркаваш... дали некогаш читате кој е испраќачот на маилот... не насловот туку маил адресата од каде ти е испратена оваа порака...

И после ми го хакираа акаунтот... не, вие им ги подарувате вашите податоци...
 
Ми стигна ваков емаил:
Прегледај го приврзокот 390054
и кога одам да го верифицирам во наредниот чекор ми дава да внесам податоци од адреса на живеење што е ОК, но ми бара да внесам и податоци за кредитна картичка? Совет??
SPAM и мене ми стигна ваков маил иако немам ајфон или нешто од јаболково..директ в канта ојде
 
Што е ова system data на Iphone 12? Зафаќа многу простор, а плус Ios софтверот има посебно зафатена меморија како посебно и апликациите

1717534457396.png
 
Toa se fajlovi koi IOS gi generira za podobra pobrza i pooptimalna funkcija kako i od aplikacii koi doagaat instalirani so IOS, kako Safari browser i slicno.
Многу се големи....32 гига од вкупно 64 на телефонот. Што би се случило ако се избришат(ајфоните не ги разбирам, од ќерката е телефонот, јас сум хардкор Самсунг)?
 
Не сум сигурен дека може така да се избришат, освен со хард ресет на телефонот при што ќе се изгубат сите податоци и апликации, или бришење на апликации при што ќе се избрише и нивната cache data. Не сум корисник на Iphone но и мене ми се чини дека тоа е премногу простор.
 
Многу се големи....32 гига од вкупно 64 на телефонот. Што би се случило ако се избришат(ајфоните не ги разбирам, од ќерката е телефонот, јас сум хардкор Самсунг)?

Тоа се системски фајлови, не можеш да ги избришаш поради тоа што се заштитени. Едниствено reset на телефонот и да инсталираш се од ново.
 
Здраво дечки, имам Ајфон 15 про точно 3 месеци, купен од ледиком нов. Моментално имам 60 battery cycles и батеријата ми е 97% што мислам дека не е нормално, се консултирав со деца што имаат исти телефон и некои имаат дури 90+ cycles а сеуште батеријата им е на 100%. Дали некој имал сличен проблем и би сакал да слушнам ваше мислење дали станува збор за сериска грешка или во ледиком „новите“ се впрочем стари.
Во последните 2 недели просечен скрин тајм ми е околу 3 саати дневно. Не играм игри на него ниту пак гледам серии, само социјални мрежи, камера и слично.
 
Здраво, прво да тргнеме неколку митови од постот, Apple неможеш да го излажеш од каде и да е купен телефонот податоците што ти ги пишува во settings се автентични и точни, ако телефонот е макар еднач оклучен ти пишува месец и година кога првпат телефонот е активиран. Провери си во settings ако ти пишужа дека прва активациjа ти е март,2024 (според тоа што имаш пишано дека ти е 3 месеци стар телефонот) тогаш телефонот ти е нов. Да се надоврзам и на тоа како го користиш телефонот нема врска со тоа како ти старее батериjaта односно како ти се намалува капацитетот. Ако го цедиш телефонот до 0% и после го полниш до 100% тогаш го трошиш животниот век на батериjата. Ако си толку многу исплашен имаш една опциjа каj battery health каде можеш да ставиш лимит од 80% до толку да се полни батериjата и не практикуваj да ти се полни телефонот во текот на вечерта. Стариот моj телефон iPhone 13 (активиран октомври 2021) 2ипол години го користев jaс сега го користи сопругата има battery health od 92%, играв игри, гледав серии на него кога патував и сл. Ништо страшно батериjaта е потрошен материjал ако незнаеш да ja пазиш ке треба да ja замениш и продолжуваш да си го користиш телефонот.
 
Здраво дечки, имам Ајфон 15 про точно 3 месеци, купен од ледиком нов. Моментално имам 60 battery cycles и батеријата ми е 97% што мислам дека не е нормално, се консултирав со деца што имаат исти телефон и некои имаат дури 90+ cycles а сеуште батеријата им е на 100%. Дали некој имал сличен проблем и би сакал да слушнам ваше мислење дали станува збор за сериска грешка или во ледиком „новите“ се впрочем стари.
Во последните 2 недели просечен скрин тајм ми е околу 3 саати дневно. Не играм игри на него ниту пак гледам серии, само социјални мрежи, камера и слично.
Не е нормално да падне 3% за 3 месеци, колку и да го користиш телефонот.

Најверојатно батеријата е refurbished и се манипулирани циклусите и battery health. Отвори 3utools и провери таму.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom