TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
Драги мои, чест ми е да ви објавам а и на ве поканам на годинашниов традиционален традиционалниот коњички марш по повод 104 години од Илинденското востание, што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 78“ во соработка со Манифестацијата „10 дена Крушевска Република“.
Триесетина храбри коњаници утре на 27.07.2007 година (петок) во 18:00 часот од црквата „Свети Петар и Павле“, пренесувајќи ја и негувајќи ја традицијата на славните илинденци, по 10 – ти пат ќе тргнат од Горно Лисиче кон Крушево.
Ве повикувам сите во Горно Лисиче(каде што живеам
) да присуствувате на ова случување и да си поминете убаво во атарот на црквата св. Петар и Павле, ќе има и настапи на естрадни уметници.
Инаку, во 2003та година кога се извршуваа 100 години од Илинденското востание, бев и јас тргнал на коњ до Крушево, тогаш се собравме 100 коњаници од цела Македонија, догодина ќе одам пак, ќе се врши и 30 годишен јубилеј.
Инаку, овој марш има традиција веќе 29 години почнувајќи прв пат во 1978 кога Борис Змејковски, Гоце Стефковски и Борче Стефковски тргнаа на коњи облечени во комитска облека во чест на Илинденците. Тогаш беа и уапсени од тогашната Југословенска полиција и без изложени на тортура и затворски казни...
Се гледаме таму.