- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.592
Пат позицијата продолжува. Никако да мрднат, ни ваму - ни таму.
Изборната комисија ќе решава за сценариото на гласови без преседан во Албанија
17/05/2011
ТИРАНА, Албанија -- Конечните резултати од локалните избори на 8-ми мај висат во воздух, при што Централната изборна комисија (ЦИК) и политичките партии се соочуваат со сценарио без преседан во врска со валидноста на гласовите. Прашањето е дали ЦИК треба да ги прифати или игнорира гласовите ставени во погрешни гласачки кутии. Ако ги прогласат за валидни, тогаш резултатите од градоначалничката трка во Тирана ќе заземат друг правец, со оглед на тоа што актуелниот градоначалник Еди Рама моментно води со само десет гласови.
Во понеделникот (16-ти мај) се водеа жестоки дебати за прашањето, со оглед на тоа што ова сценарио не беше разгледано за време на реформите во 2009 година на Изборниот законик. Опозициската Социјалистичка партија, која ја води Рама, инсистира на тоа дека ЦИК треба да ги потврди избирачките листи и да го прогласи победникот, додека владејачката Демократска партија се надева на поништување на резултатите во корист на својот градоначалнички кандидат, Љуљзим Баша. (Toп ченал, Балкан веб, Топ њус, ВоА - 16/05/11)
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/newssummary/default