ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
26 октомври 2021
Мислења
1
Поени од реакции
0
Барам пракса или junior позиција за Machine Learning и Data Science, но ми се чини дека има малку огласи за ова во Македонија. Претходно имам работено како софтвер девелопер (Java/Spring), но сакам да се насочам во оваа област бидејќи сметам дека повеќе ме интересира. Инаку сум студент пред дипломирање на ФИНКИ и имам слушано повеќе предмети од оваа тема и чепкано надвор од факс, но немам практично искуство. Затоа секоја сугестија, насока и предлог компанија за барање работа во оваа област е добредојдена.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
1.950
Поени од реакции
4.855

Ендава имаа оглас пред месец дена graduates за дата, следи ги, за некој месец можеби ќе има пак.
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
327
Поени од реакции
550
Барам пракса или junior позиција за Machine Learning и Data Science, но ми се чини дека има малку огласи за ова во Македонија. Претходно имам работено како софтвер девелопер (Java/Spring), но сакам да се насочам во оваа област бидејќи сметам дека повеќе ме интересира. Инаку сум студент пред дипломирање на ФИНКИ и имам слушано повеќе предмети од оваа тема и чепкано надвор од факс, но немам практично искуство. Затоа секоја сугестија, насока и предлог компанија за барање работа во оваа област е добредојдена.
Прати email до loka, имаат многу луѓе што работат data science.
 
Член од
9 септември 2020
Мислења
13
Поени од реакции
4
Има некој сознание колку отприлика е платата за graduate програмите во Ендава, или да сподели искуство? Го испуштив овој оглас, барем да се информирам за следен.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
13.997
Поени од реакции
21.835
Има некој сознание колку отприлика е платата за graduate програмите во Ендава, или да сподели искуство? Го испуштив овој оглас, барем да се информирам за следен.
Тебе колку би ти било доволно?
 
Член од
25 ноември 2012
Мислења
31
Поени од реакции
6
Има некој што бил на интервју за пракса во Netcetera, ме интересира што прашања поставуваат ?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
11.127
Поени од реакции
22.889
Барам пракса или junior позиција за Machine Learning и Data Science, но ми се чини дека има малку огласи за ова во Македонија. Претходно имам работено како софтвер девелопер (Java/Spring), но сакам да се насочам во оваа област бидејќи сметам дека повеќе ме интересира. Инаку сум студент пред дипломирање на ФИНКИ и имам слушано повеќе предмети од оваа тема и чепкано надвор од факс, но немам практично искуство. Затоа секоја сугестија, насока и предлог компанија за барање работа во оваа област е добредојдена.
И да имаш на еден проект/во една компанија, може да биде тотално нерелевантно за друг проект/компанија. Генерално уште нема ни јасна демаркација што се треба да знае/работи еден data science-tist. (ова е мое видување од досегашно искуство со два различни проекти и клиенти, не значи дека сум во право или дека не би го променил со тек на време).
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
14.644
Поени од реакции
17.448
Ај дечки да ми помогнете да ми кажете колкави се платите за Јуниор/Мид laravel-react.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.711
Поени од реакции
873
Знае некој нешто повеќе за TestDevLab компанијата?
Леџит се. Платите се солидни, средено е со договор - значи пријавени сте.

Јас лично немам искуство ама има луѓе што знам и се фалат.

Даваат и убава опрема за работа од дома.
 
Член од
28 декември 2021
Мислења
8
Поени од реакции
1
Почитувани колеги,
После 10 години работа како freelancer поради професионални причини барам full-time вработување како mid/senior backend или full-stack developer, па ако може да споделите колкава плата има некој како мене или колку би добил во вашата фирма.

Малку повеќе за мене:
Програмер со 13 години искуство (3 години во фирма во Скопје па 10 freelance).
Tech skills:
- PHP (expert)
- Java (intermediate)
- Javascript (intermediate)
- CSS (advanced)
- MySQL, SQLite (intermediate)

Последниве неколку години претежно работам backend во PHP (Symfony, Laravel и други), frontend (jQuery и CSS), desktop (Java Swing) и по нешто Android. Имам работено и апликации за SmartTV, сериска и bluetooth комуникација со уреди и разни други проекти. Имам искуство со повеќето PHP frameworks, нешто Spring Boot, и многу библиотеки (PHP, Java, Javascript).

Слабости: Unit Testing и модерен Javascript (ES6 па навака). Поради долгогодишното искуство последниве години добивав доста legacy проекти, а и бидејќи работам повеќе технологии, малку заостанав со Javascript, но почнав да учам за да надоместам.

Во однос на техничките работи имам доволно знаење, но недоволно искуство, па затоа за почеток би бил задоволен и со mid позиција. Како freelancer е невозможно (или многу тешко) да се напредува во однос на организациската структура (Team Lead па нагоре), а исто така нема доволно можности да го искористам знаењето и да стекнам повеќе искуство, што се главните причини поради која барам вработување.

Во оснос на услови за работа најважни ми се целосно remote и флексибилно работно време (не ми се оди физички на работа после 10 години remote :) ).
Би преферирал фирма со сопствен продукт или развој на продукти за клиенти, а не bodyshop/rentacoder агенција.
Не е битно македонски или странски фирми.

Благодарам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom